Контакт

Свет

(Видео) Илјадници Шпанци протестираа против абортусот

Објавено пред

Неколку илјади луѓе протестираа во центарот на Мадрид против абортусот, кој во Шпанија е одобрен во првите 14 недели од бременоста. Извикувајќи слогани – „Да за животот“ и „Обединета младина во борбата за живот“, демонстрантите прошетаа по улицата „Серано“ и во воздух пуштија стотина зелени балони во знак сеќавање на неродените.

„Абортусот треба да се забрани. Уште од зачетокот постои живот кој е независен одмајката и кој ги има сите права“ рекла Алехандра Антон, 32-годишна медицинска сестра која дошла на протестот со сопругот и со двете мали деца.

Собирот кој пројде во свечано издание, со транспаренти како
„ Право на живот е за сите без исклучок“, организиран е на повик на здружението ДА за животот.

Свет

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Објавено пред

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Ако градовите и државите не успеат да ги контролираат протестите и да ги заштитат своите граѓани, тој се закани дека ќе ја испрати војската и многу брзо ќе го реши проблемот наместо нив.

Кандидатот за претседател, Џо Бајден го критикуваше Трамп за неговото однесување кон демонстрантите.

„Нема да дозволиме ниту еден претседател да не замолкне“ порача Бајден, повикувајќи се на уставот на САД, кој гарантира слобода на собирање на демонстрантите.

Во меѓувреме, во САД врие. Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата се забележани во повеќе градови. Исто така, како што пренесуваат светските медиуми, поради хаосот на улиците, протестите се претворија во кражби и насилства.

Шерифот во Лас Вегас изјави дека офицер загинал во пукање, откако полицијата се обидела да растера толпа.

Десетици луѓе се повредени додека властите употребиле солзавец и сила да ги растераат протестите кои зафатија повеќе од 75 градови.

Во меѓувреме четворица офицери беа застрелани и повредени за време на немирите во Сент Луис, Мисури.

Прикажи повеќе...

Свет

Куомо: Правете разлика меѓу демонстрантите и крадците

Објавено пред

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, ги повика граѓаните да го разликуваат бесот на демонстрантите предизвикан поради смртта на Џорџ Флојд од однесувањето на крадците.

„Демонстрантите се поинакви од крадците“, рекол Куомо и додал дека полицискиот час е воведен за полициските сили да се пресметаат со крадците.

Куомо истакнал дека моментно се актуелни три проблеми – пандемијата на коронавирусот, протестите и кражбите и дека секој треба посебно да се решава. Тој додал дека ги поддржува демонстрантите бидејќи тие, како што рекол, сакаат подобра Америка.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор на напад што би вклучувал само конвенционално оружје.

Русија може да преземе таква акција ако почетниот напад претставува потенцијална закана на опстанокот на државата, според уредбата објавена на интернет-страницата на Кремљ.

Својот нуклеарен арсенал Русија може да го употреби и како одговор на напад на сојузник ако таков напад вклучува оружје за масовно уништување, стои во уредбата.

Путин, според извршната уредба, го задржува правото како претседател да донесе конечна одлука за употребата на нуклеарно оружје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Македонија1 час

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија3 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија5 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија5 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија6 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион8 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија9 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион9 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет11 час

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт11 час

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа11 час

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет12 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет23 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет23 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија24 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Досие