Свет
(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена Имперо“.
Овој танкер од петокот се наоѓа под авторитет на Иранската револуционерна гарда.
Во петокот околу 16 часот, било забележано дека танкерот ја менува насоката, а Гардата набрзо објави дека ја презела контролата врз бродот.
Сложените меѓународни односи оттогаш дополнително се влошија, а Велика Британија тврди дека станува збор за непријателски чин, додека Иран уверува дека морнарите се безбедни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Масовни апсења по насилните демонстрации во Атина

Серија вандалски напади насочени кон продавници, филијали на банки и згради на државни служби се случија синоќа низ Атина.Од полицијата соопштија дека утрово се пријавени штети во 13 продавници и на пет банкомати, како и на влезови во три згради од кои во една е општинската даночна канцеларија и една служба за урбанизам, како и во канцелариите на Водовод, објави весникот „Катимерини“.
Полицијата, исто така, соопшти дека за време на вчерашните демонстрации на 11-годишнината од смртта на едно момче за време на полициски напад, немало неочекувани проблеми, бидејќи полицијата била подготвена и веднаш се спротивставила на групите кои се обиделе да извршат незаконски дејствија, гаѓајки ги полицајците со „молотови коктели“ и други предмети.
Во Атина се уапсени 50 лица, а еден полицаец е повреден.Во пристанишниот и универзитетскиот град Патра, на Пелопонез, се уапсени 19 лица, а двајца полицајци се повредени.
Осум лица се уапсени во Солун.
Свет
Белата куќа: Подготовката на обвинение против Трамп е лакрдија

Белата куќа потврди дека нема да учествува во работата на Претставничкиот дом во постапката за подготовка на формално обвинение против американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја „лакрдија“.
„Како што знаете, вашата истрага за подготовка на обвинение е целосно правно неиздржлива“, напиша адвокатот на Белата куќа, Пет Чиполоне во писмо до демократскиот пратеник Џери Надлер, претседател на Одборот за правда во Претставничкиот дом.
Белата куќа, до синоќа требаше да донесе одлука дали ќе учествува преку адвокат во подготовката на обвинението од страна на Одборот за правда. Демократите во четвртокот објавија дека Претставничкиот дом, во кој тие имаат мнозинство, ќе почнат со подготовка на обвинение против американскиот претседател. Меѓу точките во обвинението би можело да биде и опструирање на Конгресот. Потоа, ќе се одржи импичмент, прво во Одборот за правда, а потоа и на пленарна седница.
Свет
Лавров идната недела на средба со Помпео

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров идната недела ќе го посети Вашингтон за да се сретне со државниот секретар Мајк Помпео, соопштија американски официјални претставници.Помпео ќе биде домаќин на Лавров во вторник.
Како што наведуваат медиумите, Помпео и Лавров ќе разговараат за контролата на оружјето, ситуацијата во Украина и Сирија и други прашања околу тензичните односи меѓу САД и Русија.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци