Контакт

Свет

(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Објавено пред

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство.

Четири лица се сериозно повредени, додека огромното мнозинство се полесно повредени, вклучувајќи повеќе од 70 лица во болницата Сорока во јужниот град Бершеба. Чад се издигаше од болничкиот комплекс додека службите за итни случаи ги евакуираа пациентите.

Двајца лекари изјавија за АП дека ракетата ја погодила болницата речиси веднаш откако се огласиле сирените, предизвикувајќи силна експлозија што ја слушнале од безбедносната соба. Лекарите зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат со медиумите.

Болницата Сорока претрпе голема штета. Директорката Шломи Кодеш претходно изјави дека неколку одделенија се целосно уништени, а десетици луѓе – пациенти и медицински персонал – се повредени во болницата, главно од скршено стакло и урнати тавани.

Паралелно со овој напад, ракета погоди и облакодер во Рамат Ган, недалеку од центарот на Тел Авив, каде што, според сведоците, експлозијата уништи локална пицерија и ги искрши прозорците на десетици околни згради.

Нападите предизвикаа негодување кај израелската јавност, а израелскиот министер за здравство Уриел Бусо изјави дека нападот врз болницата е „гнасно воено злосторство“ и дека Иран „преминал црвена линија“.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол...

Спорт5 часа

Митревски го режираше пресвртот во Битола – Пелистер го победи Гумерсбах

Пелистер го победи Гумерсбах со 29:28 (9:14), во четвртото коло во Европската лига. Со првата европска победа оваа сезона, Пелистер...

Свет6 часа

Објавена е листата на најстресни градови во светот

Њујорк го освои првото место на листата на најстресни градови во светот, со оценка од 7,56 од максимални 10, според...

Свет6 часа

Херцог: „Ја штитиме Европа од џихадистичкиот бран“

Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер...

Свет6 часа

Руски дрон над главниот град на Молдавија; Претседателката: Закана за цела Европа

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руски дрон летал над главниот град Кишињев и најави дека ќе побара дополнителни...

Свет6 часа

Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како...

Свет6 часа

Захарова: Странските војници во Украина би биле легитимна цел на руската армија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека евентуалното распоредување на француски војници во Украина би...

Свет7 часа

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин

Финскиот претседател Александар Стаб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакуларен меч на Кипар – Олимпијакос го победи Макаби

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Макаби со 97:95 во 12-то коло од Евролигата, по спектакуларни 45 минути кошарка. Олимпијакос повторно...