Свет
(Видео) Историска прва вселенска прошетка за кинеска астронаутка

Кинеската астронаутка Ванг Јапинг во неделата влезе во историјата со тоа што стана првата Кинезинка што направи вселенска прошетка, соопшти Националната вселенска агенција.
Ванг и нејзиниот колега, астронаутот Жаи Жиганг, двајца од тричлениот тим што моментно е стациониран во новата кинеска вселенска станица „Тјангонг“, успешно ја завршија 6,5-часовната вселенска прошетка во раните утрински часови, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA). Третиот член на екипажот Шенжу-13, Је Гуангфу, останал во вселенската станица за да ја следи прошетката од основниот модул, пишува Си-ен-ен.
За време на вселенската прошетка, астронаутите вградиле уред за суспензија и приклучоци за пренос на роботската рака на станицата. Тие, исто така, ја тестирале безбедноста на помошната опрема, вклучително и кинескиот вселенски костум. Ова е првпат екипажот да ја напушти станицата по пристигнувањето на 16 октомври.
Набргу по излегувањето од вселенската станица во неделата, Ванг ја поздрави публиката на Земјата и рече дека се чувствува одлично.
Видеото го објави контролниот центар и набрзо се прошири на кинеските социјални мрежи. Ванг е втората Кинезинка во вселената. Во историјата се запиша Лиу Јанг, која во 2012 година беше член на екипажот на вселенското летало Шенжу-9.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Детали за крвавиот напад со нож: Франција претходно го одбила барањето за азил на Сириецот

На почетокот на овој месец, француските власти го одбиле барањето за азил на човекот кој денеска рани четири деца и едно возрасно лице во напад со нож во близина на езерото Анеси, во истоимениот град, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дармани.
Тој изјави за TF1 дека сирискиот бегалец носел „одредени христијански симболи“ за време на нападот. Тој додаде дека Сириецот добил азил во Шведска пред 10 години, а тоа го побарал и во Швајцарија и Италија.
Француската полиција претходно соопшти дека две деца и еден возрасен се во критична состојба, додека две деца не се тешко повредени.
Според извори на весникот Фигаро, напаѓачот, роден 1991 година, е барател на азил од Сирија без полициско досие.
Неколку очевидци изјавија дека нападот се случил во паркот, кој се смета за мирно место популарно кај туристите поради прекрасниот поглед на езерото Анеси и планините.
Свет
Трамп бара ново судење за случајот со сексуална злоупотреба на писателката

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуален напад и клевета и беше наредено да и плати отштета од пет милиони долари.
Адвокатите на Трамп рекоа пред федералниот суд на Менхетен дека делот од отштетата од 2 милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е претеран, бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква ментална повреда, пренесува „Асошиејтед прес“.
Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е заснована на чиста шпекулација.
Во тужбата поднесена од писателката во 2022 година, се наведува дека Трамп ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ во Њујорк во средината на 1990-тите.
Трамп, од друга страна, ги отфрли нејзините наводи како лажни.
Свет
„Специјалните сили Ахмат можат да ги освојат Полска, Франција и Германија“ се пофали Кадиров

Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на Твитер објави клип од чеченскиот весник „Грозни Информ“ во кој чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека е подготвена голема војска која може да ги освои Полска, Франција и да стигне до Германија.
„Специјалните сили Ахмат, составени од три дивизии, се голема сила способна да ги окупира Полска, Франција и да стигне до Германија. А тоа ќе се случи во блиска иднина доколку противниците не ја сменат тактиката“ – изјави шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.
Translation of the screenshot:
" 'Akhmat Special Forces' " is a large force that is able to reach Germany"
"Akhmat Special Forces, comprising of three divisions is a large force that is able to capture Poland, France and reach Germany. And this will happen in the nearest future… pic.twitter.com/tyBXRbHxXc
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 8, 2023
Во коментарите некои веднаш го забележаа лежерниот однос на Кадиров кон географијата.
„Може да ги „окупира“ Полска и Франција, но само до Германија ќе „стигне“? По кој пат планираат да одат? – праша еден корисник на Твитер.