Контакт

Европа

(Видео) Италијанците повторно во редици пред маркетите, по прогласувањето на карантин во цела земја

Објавено пред

Откако италијанскиот премиер Џузепе Конте вчера ја прогласи цела Италија за „црвена зона“, ограничувајќи го движењето на населението и воведувајќи забрана за собири, луѓето доцна во ноќта се упатиле кон продавниците што работат во градовите, но и во помалите места.

Меѓу населението постои обновен страв дека залихите на храна може да исчезнат. Снимките што пристигнуваат од Рим прикажуваат огромни редови граѓани со колички за пазарење кои чекаат да влезат во супермаркет.

„Потпишувам одредба која едноставно може да се сведе на зборовите ‘oстанете дома’. Цела Италија ќе стане заштитена зона“, рече Конте при најавата на мерката.

Италијанците од вторник може да патуваат само на работа, или поради медицински и некои други итни причини, бидејќи мерките преземени пред два дена веќе не се доволни, рече премиерот во вчерашното обраќање.

„Нема повеќе време за трошење. Податоците ни кажуваат дека има значајно зголемување на бројот на заразени, хоспитализирани и, за жал, починати лица. Мора да ги промениме навиките во овој момент“, предупреди тој.

 

Европа

Отворањето на училиштата во Данска не го зголеми бројот на заразени

Објавено пред

Данска е една од првите земји што ги отворија своите општества на 15 април по еден месец карантин дозволувајќи им на учениците до петто одделение да се вратат на училиште.

„Не можете да видите негативни ефекти од повторното отворање на училиштата“, рече Питер Андерсен осврнувајќи се на ажурираните податоци.

Најновите податоци не покажуваат значително зголемување на инфекцијата кај деца на возраст од 1 до 19 години во периодот по делумното повторно отворање на училиштата. „Врз основа на првичните искуства што ги имавме, планот за повторно отворање е храбар“, додаде Андерсен.

Прикажи повеќе...

Европа

Русокоса жена се преправала дека тој е нејзината голема љубов, тој ѝ подарил 250.000 евра

Објавено пред

Полицијата во Хаген, Германија, бара русокоса жена, која летото 2019 година измамила маж што верувал во голема љубов.

Тој на интернет се запознал со жена што се претставила како лекарка од САД и дека е во Ирак. Таа се преправала дека тој на крајот станал нејзина голема љубов.

Поради таа љубов, мажот во неколку наврати ѝ префрлил вкупно 250.000 евра, а подоцна таа само исчезнала.

Меѓу другото, таа тврдела дека го наследила авионот од татка си. За да може да го продаде, таа морало да плати разни такси однапред, а мажот ѝ поверувал.

Полицијата на Хаген ја истражува измамата и бара сведоци кои може да дадат информации за осомничената.

Прикажи повеќе...

Европа

Коронавирусот може да стане вирусна настинка

Објавено пред

Нела Сршен, хирург во универзитетската болница „Азиенда Оспедалиера“ во италијанскиот град Падова, утрово во емисијата „Добро утро, Хрватска“ коментира за сè уште актуелниот коронавирус и за состојбата во нејзината земја.

„Сите очекувавме дека по олабавувањето на мерките, ќе има висока стапка на заразени пациенти од коронавирус. Напротив, од ден на ден гледаме дека бројот на заразени се намалува“, рекла Сршен.

Таа додала дека е позитивно тоа што заразените на кои им е потребна хоспитализација не завршуваат на респиратори и не се многу критични. Објаснила дека тоа може да значи дека вирусот ја изгубил вирулентноста и на некој начин ослабел.

Во покраината Венето, каде што дневно заболувале по 1.000 луѓе, а по 500 умирале, вчера имало многу малку позитивни случаи. Тоа се многу охрабрувачки вести, нагласила докторката од Падова.

Таа зборувала за новата нормалност во Падова и открила дека болниците полека се враќаат на секојдневието.

„По два месеца, независно од циркулацијата на луѓе, заразата се намалува, се намалува бројот на тешки клинички пациенти, што е многу позитивен индикатор“, рекла таа.

Појаснила дека вирусот би можел да стане, како и некои други претходно, дел од нас и нашите животи – обичен респираторен вирус, кој предизвикува настинка.

„Овој вирус, за да преживее, мора на некој начин да се приспособи, тоа значи да не го убива човекот, туку да се приспособи да биде помалку вирулентен и да се појавува сезонски како и сите други коронавируси“, рекла Сршен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион6 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ7 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија8 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија8 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија10 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија11 час

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија11 час

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија11 час

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија11 час

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија13 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија13 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија15 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија15 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија15 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион15 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија1 ден

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа1 ден

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион1 ден

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Досие