Контакт

Свет

(Видео) Италија им забрани на спасувачите да даваат вештачко дишење

Објавено пред

Во период кога полека излегува од целосниот карантин поради пандемијата предизвикана од коронавирус, Италија усвои серија детаљни регулативи за спасувачите на плажа, вклучително и забрана за давање вештачко дишење за да се спречи зараза со коронавирус, пренесува „Мастер икс“.

И покрај безбројните регулативи донесени од италијанската влада за секој аспект на човековата активност, изготвен е цел пакет правила специјално за спасувачите во Италија додека нацијата се подготвува внимателно да ги отвори своите плажи.

За да се утврди дали жртвата сè уште дише, во прописите се вели дека спасувачот ќе мора да го процени дишењето само со прегледување на градите на жртвата во потрага по нормална респираторна активност, но без фронтално приближување до лицето на жртвата.

Ако е потребно, спасувачите треба да им дадат вештачко дишење на жртвите, но ќе смеат да користат само компресии на градите, без придружна вентилација. Тие ќе мора да ја проценат состојбата на свесност на давеникот со повикување, тресење и стимулирање.

Новите правила предвидуваат и дека спасувачот треба да отплива за да му помогне на пливачот во неволја само како последно решение откако првин ги исцрпил другите методи, како што се гуми за спасување и другите помагала.

Ако бидат принудени на физички контакт со пливачот, спасувачите треба да го изведат на брегот со помош на држач што не ги изложува на лицето на пливачот.

Италијанските медиуми ги поздравија новите ограничувања со благо исмејување истакнувајќи дека со оглед на самонаметните тешкотии при спасувањето на море, владата треба да оди до крај и да го забрани давењето.

И спасувачите ги пречекаа со критики новите норми.

„Сметам дека ова е апсурдно“, вели Марко Мајели, претседател на кооперативата „Лајфгард Коста Овест“, која ги координира активностите за спасување на брегот на Марина ди Кастањето Кардучи.

„Првата причина за давење е задушувањето. Без расчистување на дишните патишта, бескорисно е да се рестартира срцето: првите минути се пресудни“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп планира да потпише извршна наредба што ги таргетира социјалните мрежи

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира денеска да потпише извршна наредба што ги таргетира социјалните мрежи, пренесува „Њујорк пост“.

Секретарот за печат во Белата куќа, Кајли Мекенани, пред новинарите во средата навечер изјави дека наредбата се однесува на социјалните мрежи, но не се дадени дополнителни детали.

Трамп претходно во средата вети голема акција против компаниите зад социјалните мрежи за кои верува дека ги цензурираат републиканците и се закани дека ќе ги затвори ако продолжат со тоа.

Мерката доаѓа во екот на одлуката на Твитер во вторникот да додаде фусноти за проверка на фактите на дното на двата твита на Трамп за гласањето по пошта.

Одлуката на Твитер го налути Трамп, кој во средата ја нападна компанијата, но и технолошката индустрија пошироко.

„Големите технолоѓки компании прават сé што е во нивна моќ да ЦЕНЗУРИРААТ пред изборите во 2020 година. Ако се случи тоа, ние веќе немаме своја слобода. Никогаш нема да дозволам да се случи тоа! Тие максимално се трудеа во 2016 година и загубија. Сега апсолутно полуделе. Бидете во тек !!!“, твитна Трамп во средата вечерта.

Прикажи повеќе...

Свет

Маж кој бил жена е бремен со манекенка која била маж

Објавено пред

Колумбиската трансродова манекенка Дана Султана, која е родена како маж и се идентификува како жена, сподели фотографија на социјалните мрежи со својот сопруг Естебан Ландрау, кој е роден како жена и е во осмиот месец од бременоста.

„Љубовта е љубов“, ја започна Дана својата исповед на „Инстаграм“, каде што ја следат 219.000 луѓе.

View this post on Instagram

#LoveIsLove #transpregnancy

A post shared by Ðanna Sultana (@dannasultana) on

Тие го зачнале бебето природно затоа што двајцата ги задржале органите со кои се родени, јавуваат локалните медиуми.

Естебан неодамна мислел дека има породилни болки и ќе роди бебе порано од планираното, но во болница го убедиле дека неговите симптоми се сосема нормални.

Тие исто така објавија дека ќе станат родители на момче кое ќе го наречат Ариел.

„Ова е прекрасно, им давате надеж на илјадници трансродови луѓе“, им напишал еден од нивните многубројни обожаватели.

Прикажи повеќе...

Регион

Повторното тестирање покажа дека жената од Хрватска, која оздраве од коронавирусот, не е позитивна

Објавено пред

Пациентката, која беше тестирана на коронавирус и чиј тест беше позитивен, при повторното тестирање доби негативен резултат, јавија од задарскиот стожер и доставија извештај од раководителот на службата за епидемиологија на Заводот за јавно здравје на округот Задар, д-р Алан Медиќ.

„Една 71-годишна пациентка разви симптоми на Ковид-19 и првиот резултат на тестот беше позитивен на 4 април 2020 година. Беа извршени контролни тестови на 24 и 26 април 2020 година и резултатите од тестот беа негативни.

На 27.5.2002 година пациентката се пријавил во Општата болница „Задар“ за супфебрилитет. Бидејќи секој пациент со фебрилна состојба се тестира на Ковид-19 во Општата болница, пациентката била тестирана и резултатот од тестот бил позитивен.

Денес, 28.5.2002 година, тестот се повторува и резултатот е негативен. Друг примерок на пациентката е испратен до Хрватскиот институт за јавно здравје на Одделот за директна виролошка дијагностика за понатамошно следење на епидемиолошки и дијагностички мерки и активности. Пациентката е во добра здравствена состојба. Беа преземени сите антиепидемиски мерки за блиските контакти на пациентката, кои како претпазливост беа ставени под медицински надзор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Потврдени 38 нови случаи на ковид 19 од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска се потврдени 38 нови случаи на ковид 19 со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2077 лица, oздравени се...

Македонија49 минути

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија58 минути

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија2 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија3 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија4 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија4 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија4 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион5 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија19 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа20 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа23 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион23 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија24 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија1 ден

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија1 ден

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија1 ден

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија1 ден

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 ден

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Досие