Контакт

Свет

(Видео) Каков ефект имаат маските против коронавирусот?

Објавено пред

Германски физичари направија видео за да покажат каков е ефектот од носењето заштитни маски во време на пандемија на коронавирусот.

Борбата против коронавирусот е глобална. Но, упатствата за тоа дали треба да носите маска за лице како дел од таа борба сосема се разликуваат од држава во држава.

Еве за што речиси секој експерт се согласува – ако имате Ковид-19 и ја напуштите куќата, треба да носите маска. Маските помагаат да спречат болните луѓе да шират бактерии. Поголемиот дел од неизвесноста за употребата на маска е поврзано со едно прашање: дали здравите луѓе исто така треба да носат маски за да се заштитат од инфекција.

Вистината е дека ниту една маска не може да гарантира дека нема да се разболите.

Експертите велат дека една од најопасните претпоставки за маските за лице е дека тие ве прават непобедливи.

Маските треба да се користат правилно за да понудат заштита и тие се најефикасни доколку се користат заедно со други превентивни мерки, како миење на рацете и социјално растојание.

Една од најопасните карактеристики на Ковид-19 е следната – поради долгиот период на инкубација на болеста и големиот број заразени луѓе, кои не чувствуваат симптоми, речиси е невозможно да бидете потполно сигурни дека го немате вирусот.

И тоа значи дека најбезбедно е на крајот сите да се однесуваат како болна личност, со други зборови – да се носи маска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Ди велт“: Вашингтон најмногу ќе изгуби од напуштањето на договорот за отворено небо

Објавено пред

САД ќе изгубат најмногу од излегувањето од договорот за отворено небо, а за Русија речиси ништо нема да се промени во случај Вашингтон да го истера до крај овој потег, смета „Ди велт“.

Договорот за отворено небо, кој овозможува извидувачки летови на речиси 34 земји учеснички, е единствена можност за соработка помеѓу американските и руските вооружени сили преку транспарентност и меѓусебна доверба.

Заканата за постоењето на договорот би била катастрофална за безбедноста во Европа, пишува весникот, истакнувајќи дека самите Американци би го изгубиле пристапот до воените објекти и инфраструктурата. Весникот се повикува на најавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, од 21 мај дека Вашингтон ќе се повлече од договорот за шест месеци ако Русија не се врати на целосна усогласеност.

Весникот пишува дека спорот за договорот за отворено небо се појавил и претходно меѓу Москва и Вашингтон кога САД воведоа ограничувања за руските мисии над Алјаска, каде што се позиционирани пресретнувачи кои претставуваат дел од американскиот ракетен штит, и над Хаваите, кои се база на американската Пацифичка флота.

Русија во 2010 година забрани набљудувачки летови во рамките на зоната од 10 км по должината на границите на Абхазија и Јужна Осетија, два отцепени региона од Грузија признати како независни земји од Москва, но не и од Вашингтон, а во 2014 година и над Калининград. Покрај тоа, американските власти се пожалија на рускиот извидувачки авион „ту-214OН“, поточно на новиот систем за дигитална камера инсталиран на нив.

На 12.9.2018 година руската влада објави дека САД одбиле да ги одобрат двата „ту-214OН“ за летови во рамките на договорот за отворено небо.

Според „Ди велт“, одлуката на Трамп била донесена под притисок на критичарите, кои сметаат дека е можно да се спроведе потребниот надзор со помош на сателитите, истовремено осудувајќи го недостигот на дигитални фотоапарати на модифицираниот „боинг WC-135B“, користен за мисиите од Пентагон.

Весникот наведува два значајни неповолни аспекта за САД по повлекувањето од договорот: војската ќе ја изгуби можноста да лета над руска територија и нема да може да ги објавува и да ги дискутира преку дипломатските канали сателитските податоци добиени од вакви мисии.

Во меѓувреме, американските сојузници во НАТО, без напредните сателити што им се на располагање, ќе може, како и досега, да добијат слики од руската воена инфраструктура за време на летовите. Покрај тоа, овие летови може да се користат како политички гестови.

Според „Ди велт“, излегувањето на Вашингтон од пактот тешко дека ќе влијае на Москва на кој било начин бидејќи Русија прави 90 отсто од своите летови според договорот во европскиот воздушен простор. Во случај на реципрочен одговор од Москва, договорот за отворено небо ќе стане минато.

Русија ќе биде водена од сопствените интереси додека темелно ја анализира ситуацијата за договорот за отворено небо, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Ние нема да навлегуваме во хистерии. Темелно ќе ја анализираме оваа состојба и, пред сè, ќе бидеме водени од интересите на нашите граѓани и од интересите на нашите сојузници, вклучително и Белорусија“,  рече тој.

Лавров додаде дека земјите потписнички треба да свикаат вонредна конференција за најавата на Трамп, но не подоцна од два месеца по објавувањето на намерата од страна на Вашингтон.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, во саботата ги отфрли тврдењата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, дека Москва го користела договорот за отворено небо за да ја таргетира критичната инфраструктура во САД и Европа како налудничави.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп се закани: Ќе ги згаснеме сите социјални мрежи

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе ги згасне сите социјални мрежи доколку платформите продолжат да ги цензурираат објавите на конзервативецот.

Трамп се огласи на „Твитер“ кога оваа мрежа обележа негова објава и нагласи дека треба да ги проверуваат информациите што ги објавуваат.

Ова е првпат „Твитер“ да ги повика своите корисници да ги проверуваат податоците во твитовите што ги објавува американскиот претседател.

Трамп потоа оцени дека „Твитер“ се меша во американските претседателски избори и ја задушува слободата на говор.

Мрежата „Твитер“ претходно трпеше и притисоци затоа што не обрнува внимание и не ги проверува објавите на Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Богатите Руси сè повеќе летаат со приватни авиони поради коронавирусот

Објавено пред

Некои приватни авиокомпании бележат зголемување на побарувачката за летови бидејќи богатите Руси решија да патуваат на Запад поради здравствената криза, во која властите воведоа строги мерки и ги прекинаа комерцијалните летови.

Патниците одат во земји како Велика Британија и Кипар, каде што имаат свои недвижности и право на престој, главно поради двојното државјанство или роднините кои се таму, велат извори од авиоиндустријата.

Приватните летови чинат помеѓу 16.000 и 25.000 евра, што може да ги покрие билетите на 13 патници на комерцијален лет, додаваат изворите.

„Луѓето се уморни од тоа што живеат во изолација и бараат начини да излезат“, рече Александар Озит, сопственик на брокерската компанија JETVIP, која во изминатите два месеца бележи зголемена побарувачка на приватни летови за Европа.

Приватните летови во време кога повеќето авиокомпании се затворени не е противзаконско и не е специфично само за Русите. Кинезите исто така летаат со приватни авиони од Соединетите Американски Држави, а Американците одат во елитни домашни одморалишта.

Во март беа регистрирани 250 приватни летови на релацијата Москва – Европа, покажуваат податоците за следење 80 авиони регистрирани во руски и европски приватни авиокомпании.

Летовите продолжија и во април, но ги имаше помалку – 61, иако Русија ги прекина редовните комерцијални летови и воведе карантин во Москва, центарот на епидемијата во таа земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион2 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија2 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија3 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија3 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија4 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија4 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија6 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет6 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет6 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија7 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија8 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија8 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава10 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија20 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија20 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија21 час

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија21 час

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија21 час

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион1 ден

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Досие