Контакт

Свет

(Видео) Камерите ги снимија последните моменти од суперјахтата во која беа милијардерите: набргу потона на дното

Објавено пред

Безбедносните камери ги снимија последните моменти на суперјахта што потона поради силните ветрови крај Сицилија во понеделникот. Меѓу другото, на јахтата бил и милијардерот Мајк Линч.

Очевидци тврдат дека суперјахтата потонала за не повеќе од 60 секунди.

„Јасно можеше да се види што се случува. За тој брод немаше излез, исчезна за многу кратко време“, изјавиле очевидци за агенцијата „Анса“.

На луксузната јахта Bayesian, долга 56 метри и вредна милиони евра, во моментот на потонувањето имало 10 члена на екипажот и 12 гости, од кои 15 биле спасени.

Италијанската крајбрежна стража вчера соопшти дека телото на готвачот Рекалдо Томас е извлечено од водата.

Сѐ уште се трага по шест лица, а меѓу нив е и сопственикот на јахтата, британскиот тајкун Мајк Линч и ќерка му Хана (18). Сопругата на Личн, Анѓела Бакареш, беше спасена.

Потрагата продолжува по Џонатан Блумер, претседателот на Morgan Stanley International, Крис Морвило, адвокат во големата фирма „Клифорд Ченс“, и нивните сопруги – Џуди Блумер и Нед Морвило.

Спасувачките тимови непрекинато трагаат веќе два дена, а во потрагата се вклучени и припадници на крајбрежната стража, пожарникари, специјални нуркачи, како и пилоти што летаат со хеликоптери над областа.

Ник Слоун, инженерот што ја водеше операцијата за спасување на потонатиот брод „Коста конкордија“ во 2013 година, вчера изјави дека нуркачите што трагаат по преживеани влегле во критичните 24 часа и дека доколку некој останал жив во воздушните џебови внатре во бродот, има сѐ помалку време за негово извлекување.

Најново

Регион4 часа

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија5 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава5 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија6 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион6 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ6 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет7 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион7 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион7 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...