Контакт

Свет

(Видео) Кит забележан во реката Темза кај Лондон

Објавено пред

Грбав кит, долг најмалку пет метри, бил забележан денеска во реката Темза кај Лондон, речиси една година кога во близина на британската престолнина беше забележана белуга – бел кит.

„99,99 проценти сме сигурни дека се рабори за грбав кит. Многу луѓе го видоа“, рече портпаролот на лондонската служба, која ја надгледува реката.

Белугата, што се појави во Темза пред една година, го доби името Бени, а покрај бреговите на Лондон живееше речиси три месеци, потсетува „Ројтерс“.

„Ова сега не е Бени бидејќи не е белуга“, појасни портпаролот.

Грбавите китови, кои некогаш масовно биле ловени за нивната високо ценета маст, може да достигнат тежина до 40 тони и да пораснат до 18 метри.

Овој вид кит мигрира преку десетици илјади километри годишно меѓу областите на Арктикот богати со храна и местата погодни за размножување во тропските води.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Петиција за отповикување на њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио во екот на протестите

Објавено пред

Критичарите на њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио реактивираа една стара петиција во која се бара негово отповикување во услови на гнев среде немирите и грабежите во градот, за време на протестите поради смртта на Џорџ Флојд, пренесува „Њујорк пост“.

Петицијата на интернет-страницата Change.org – „Отповикајте го Де Бласио“ – собра повеќе од 60.000 потписи и нивниот број расте. Организаторите бараат 75.000 поддржувачи.

Петицијата беше иницирана лани, но илјадници луѓе ја потпишаа истата во вторникот, среде контроверзите околу жестоките протести што го зафатија градот и предизвикаа судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Сепак, критичарите само се ослободуваат од својата фрустрација. Де Бласио нема да биде отповикан. Тој е со ограничен мандат кој му завршува на крајот на 2021 година, пренесуваат дел од американските медиуми.

„Градоначалникот Бил де Бласио го уништува Њујорк. Не можеме да му дозволиме да продолжи како градоначалник наредните две години. Граѓаните на Њујорк сакаат промена и сега е време да се дејствува пред да се влоши состојбата. Ова не е прашање на зазаемање партиска страна, туку поради радикалната политика која му штети на градот и ги запоставува њујорчаните“, се вели во петицијата.

„Стапката на криминал е ниска? ХА! Можеби се чини така затоа што полицијата не може да си ја заврши работата. Тој ѝ стави крај на практиката ‘запри и претреси’ “, се вели понатаму во петицијата.

Портпаролот на Де Бласио, Фреди Голдстајн, ги коментираше овие случувања:

„Градоначалникот е фокусиран на тоа да ги зачува њујорчаните безбедни и на повторно отворање на градот,  не на оваа глупост што не ги претставува вредностите на овој град“.

Но се чини дека чувствата од петицијата се пресликани и на улиците. Стотици демонстранти се најдоа заглавени на мостот во Менхетен откако полицијата одби да им дозволи да заминат од која било страна, поради што побараа итна оставка од градоначалникот.

Толпа луѓе го исполнија мостот што го поврзува Бруклин со Менхетен во вторникот вечерта, многу подоцна откако стапи на сила полицискиот час наметнат од Де Бласио. Мирните протести против полициската бруталност во градот се засенети од масовните грабежи и непослушните демонстранти кои предизвикаа масовно полициско присуство.

Додека блокадата на мостот траеше повеќе од еден час, Де Бласио додаде масло на огнот со тоа што се јави на Твитер за да ја пофали својата одлука за воведување на полицискиот час, навидум несвесен за напнатата ситуација на мостот.

„Сега сум во центарот Баркли. Многу мирна ситуација. Досега полицискиот час секако помага, врз основа на сè што видов во Бруклин и Менхетен во последните три часа “, рече тој во твитот, разбеснувајќи ги демонстрантите.

Прикажи повеќе...

Регион

Косово доби нова влада, за премиер избран Авдулах Хоти

Објавено пред

Новата косовска влада предводена од Авдулах Хоти беше изгласана во Приштина. За новата влада гласале 61 член на косовското собрание.

Мандатарот за состав на новата влада во своето експозе изјави дека нема да ги промовира своите политички цели, туку ќе се обиде да ги зачува пријателствата без кои Косово не може да напредува кон ЕУ-интеграциите, пренесува порталот „Косово онлајн“.

„Ние сме нација на која ѝ треба влада која ќе биде во служба на народот, а не да експериментира“, рече Хоти.

Тој додаде дека популистичка влада би била штетна за косовското општество.

„Верувам дека можеме да изградиме демократско општество и држава. Ние сакаме да ја зајакнеме соработката помеѓу различни делови на нашето општество. Нашата влада ќе се заснова на тие принципи“, изјави Хоти во своето обраќање пред гласањето за избор на новата влада.

Прикажи повеќе...

Свет

Повеќе од 9.000 луѓе приведени во САД за време на протестите

Објавено пред

Најмалку 9.300 демонстранти беа уапсени од американската полиција од почетокот на протестите, објави денеска „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на свои пресметки.

Најголем број демонстранти беа приведени во Лос Анџелес – околу 2.700 луѓе – по што следи Њујорк, каде што беа приведени околу 1.500 луѓе. Неколку стотици демонстранти беа приведени во Далас и Хјустон во Тексас, како и во Филаделфија (Пенсилванија).

Овој број најверојатно ќе порасне во наредните денови бидејќи протестите и масовните немири продолжуваат. Само во вторникот вечерта во Њујорк беа приведени околу 200 луѓе.

Судири со полицијата почнаа и во Портланд (Орегон). За да ги запре немирите, полицијата употреби солзавец и шок-бомби.

Масовните немири зафатија многу американски држави по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, кој  почина откако полицаец го притисна со колено на вратот и го задуши при апсењето.

На 26 мај, сите полицајци вклучени во смртоносното апсење беа отпуштени. Подоцна, еден од засегнатите полицајци, Дерек Човин, беше уапсен и обвинет за убиство од трет степен и убиство од втор степен.

За да се спротивстави на немирите, локалната полиција честопати е поддржана од Националната гарда на САД. Досега, 40 града, вклучително и Њујорк, воведоа полициски час.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет4 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа4 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет4 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет5 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа6 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион17 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет18 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет19 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија19 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија21 час

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија22 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија23 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија24 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион1 ден

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија1 ден

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион1 ден

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 ден

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Досие