Контакт

Европа

(Видео) Лавица шета во Берлин: граѓаните предупредени за потенцијална опасност, потрагата е во тек

Објавено пред

Берлинската полиција денеска ги предупреди граѓаните дека се верува оти лавица е на слобода во југозападните предградија на германската престолнина.

Жителите беа предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат домашните миленици во затворени простории, објави „Ројтерс“.

Јавниот сервис РББ јави дека во тек е полициска потрага по лавицата, во која учествуваат хеликоптер и противпожарни бригади.

Животното, за кое постои сомневање дека е побегната лавица, наводно било забележано денеска во регионот Потсдам во предградието на главниот град на Германија, соопшти полицијата, пренесе „Дојче веле“ (ДВ).

Полицијата соопшти дека во акцијата за пронаоѓање на животното учествуваат и ветеринари и ловџии.

Полицијата соопшти дека информации за присуството на животното добила од сведоци што го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Фото) Зеленски: 205 Украинци се дома

Објавено пред

Денес, војници на вооружените сили на Украина, Националната гарда и Државната гранична служба се враќаат од руско заробеништво. Ова е првата фаза од размената 1.000 за 1.000, објави на социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Меѓу ослободените има војници, наредници и офицери. Повеќето од нив се во руско заробеништво од 2022 година. Тие ја бранеа Украина во Мариупол и Азовстаљ, во насоките Донецк, Луганск, Харков, Херсон, Запорожје, Суми, Киев и нуклеарната централа Чернобил.

Благодарност до сите што работат на враќање на нашите луѓе дома, пред сè на нашите војници кои го надополнуваат фондот за размена за Украина и на нашиот тим. Благодарност до сите партнери што помагаат во ослободувањето на Украинците од заробеништво. Да продолжиме да се бориме за секој што е сè уште во заробеништво“, додаде Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Руски дрон се заби во хуманитарно возило на ОН, снимката стана вирална

Објавено пред

Руските сили извршија напад со беспилотни летала врз возила на хуманитарната мисија на Обединетите нации во Херсон. Автомобилите на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања беа оштетени, а информациите за можни жртви сè уште се проверуваат. Нападот беше објавен на Телеграм од Олександр Прокудин, началник на Регионалната воена администрација на Херсон, пренесе Укринформ.

Напад врз хуманитарна мисија
„Кршејќи ги сите норми на меѓународното право, Русите нападнаа возила на хуманитарна мисија во округот Корабелни во Херсон со беспилотни летала“, се вели во објавата на Прокудин.

Видео од нападот е споделено на социјалните мрежи.

Властите нагласија дека нападите продолжуваат дури и врз оние што им даваат помош на другите.

Чести напади врз градот
Воената администрација на градот Херсон, исто така, објави за напад со беспилотни летала во Централниот округ на градот. Автомобил на една од градските комунални претпријатија беше погоден, но никој не беше повреден во нападот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Русите убија 24 лица во ужасен напад врз Киев: Кличко прогласи ден на жалост

Објавено пред

Украинските власти објавија дека бројот на жртви од нападот со руски беспилотни летала врз Киев што се случи во текот на ноќта од среда кон четврток се искачи на 24, вклучувајќи три деца.

„Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица.

Прогласен ден на жалост
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле употребени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

„Њујорк пост“: Американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на Трамп

Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да...

Свет4 часа

СЗО: Лицето од САД негативно на хантавирус, бројот на случаи во светот е намален на десет

Директорката на Одделот за подготвеност и превенција на епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денес...

Свет4 часа

Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец....

Свет4 часа

Стармер: Ќе го спречиме секој што се обидува да шири омраза и поделби во Британија

Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека...

Свет4 часа

Трамп: Само САД и Кина можат да пристапат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по враќањето од Пекинг дека само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум...

Свет5 часа

Израел го нападна водачот на Хамас, Иза ал-Дин ал-Хадад

И покрај кревкото примирје во Газа, постигнато со посредство на САД, Израел изврши напад насочен кон врвниот воен лидер на...

Свет5 часа

Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници

Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во...

Македонија5 часа

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките...

Свет6 часа

Премиерот на Полска: Откажувањето на пристигнувањето на американските војници нема да влијае на нашата безбедност

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае...