Контакт

Вести

(Видео) Лекар во Охајо обвинет за убиство на 25 пациенти

Објавено пред

Лекарот Вилијам Хасел, кој работел во одделот за интензивна нега во болница во Колумбус, во американската држава Охајо, е обвинет за убиство на 25 пациенти, така што им давал прекумерна доза аналгетици.

Ова е еден од најголемите случаи на масовни убиства во американскиот здравствен систем. Судијата нареди кауција од еден милион долари.

Хасел бил отпуштен од болницата „Маунт Кармел“ и му била одземена лекарската лиценца во декември минатата година кога се појавиле обвиненијата против него. Потоа и внатрешната контрола покажала дека во текот на изминатите пет години на пациентите им давал потенцијално опасни за живот дози аналгетици.

Некои од пациентите што починале биле сериозно болни, но лекарската комисија заклучила дека со соодветна терапија нивата здравствена состојба би се подобрила.

Државниот обвинител Рон О’Брајан рече дека во моментот не планира да поведе обвиненија против други вработени во болницата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија6 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ6 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија6 часа

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет9 часа

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ12 часа

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион13 часа

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ13 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет13 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет13 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет13 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија14 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион1 ден

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија1 ден

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ1 ден

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион1 ден

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија1 ден

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион1 ден

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија2 дена

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Досие