Свет
(Видео) Маж несоодветно ја допрe претседателката на Мексико среде улица
Додека претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, разговараше со граѓани во Мексико Сити, еден маж ненадејно помина зад неа, се обиде да ја бакне во образот и накратко ја допре.
Обезбедувањето веднаш реагира и го тргна човекот.
На снимката се слуша како Шејнбаум мирно вели „Не грижете се“ додека го одбива напаѓачот и продолжува да се насмевнува.
Шејнбаум често влегува меѓу народот, се ракува и се фотографира со граѓани исто како и нејзиниот претходник Андрес Мануел Лопез Обрадор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
