Свет
(Видео) Макрон прв го посети Нотр Дам по пожарот
По осумчасовна борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаја да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам) во 3 часот по полноќ. Францускиот претседател, Емануел Макрон, пробдеа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство. Според првичниот впечаток, огнот не ги уништил катедралните сводови, светиот крст и бројните вредни фигури и книги.
Во пожарот целосно се уништени куполата и високиот столб кој се издигаше над катедралата, а големата камбана е спасена.
Според прелиминарната истрага, зад пожарот не стои кривично дело и најверојатно избил случајно. Си-ен-ен пренесува дека причината за појава на огнот може да биде поврзана со реновирањето на Нотр Дам.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го откажа обраќањето до нацијата и преку Твитер порача дека е тажен од глетката што ја опиша со израз „како да гори дел од нас“.
Notre-Dame de Paris en proie aux flammes. Émotion de toute une nation. Pensée pour tous les catholiques et pour tous les Français. Comme tous nos compatriotes, je suis triste ce soir de voir brûler cette part de nous.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) April 15, 2019
„Нотр Дам во Париз е во пламен. Сочувство со целата нација. Моите мисли се насочени до сите католици и Французи. Како сите наши сонародници, ноќва сум тажен додека гледам како гори дел од нас. Но, свечено може да кажам дека со заеднички сили повторно ќе ја изградиме катедралата. Тоа е наша судбина и наш проект за наредните години. Французите го очекуваат тоа од нас, историјата го бара тоа од нас, тоа е наша судбина“, напиша Макрон.
Пожарот избувна вчера попладне. Француското обвинителство отвори истрага за причините за пожарот во Нотр Дам во Париз. Во гасненењето на пожарот на катедралата Нотр Дам во Париз беа вклучени повеќе од 400 пожарникари и возила.
„Од безбедносни причини не може да се користат авионите за гасење пожари ‘канадер’ оти еден авион исфрла 6 тони вода при голема брзина, што може да повреди луѓе и да ја оштети структурата на катедралата и таа може да се урне”, информираа од противпожарната служба во Париз.
Пожарот избувна во 18:30 часот и по кратко време целосно ја проголта високата купола. Нотр Дам во Параз е споменик на културата што датира од 12 век. Го посетуваат од 30 до 50.000 луѓе на ден. Светските лидери Меркел, Трамп и меѓународната заедница искажаа загриженост и сочувство за големата загуба. Пожарот се случува во деновите на пост пред најголемиот христијански празник Велигден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Свет
Во Таџикистан се уапсени девет лица поврзани со масакрот во Москва
Таџикистан уапси девет лица осомничени дека се поврзани со масовното пукање во руската концертна сала минатиот петок, како и милитантна исламистичка група која ја презеде одговорноста за нападот, изјави таџикистански безбедносен извор за Ројтерс. Четворицата осомничени напаѓачи зад најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години се државјани на Таџикистан. Тие беа уапсени со уште седум други осомничени, од кои некои исто така потекнуваат од поранешната советска централноазиска земја.
Одборот за државна безбедност на Таџикистан приведе девет лица во градот Вахдат. Осомничените сега се во главниот град Душанбе, рече изворот, но не даде детали. Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.
Таџикистан, член на безбедносниот блок предводен од Русија и дом на руската воена база, ги собра семејствата на осомничените напаѓачи за да можат да бидат испрашани од руските истражители во Душанбе, изјавија извори за Ројтерс.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот огранок на мрежата, Исламската држава Хорасан (ИСИС-К).
Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази дека напаѓачите се поврзани со „украински националисти“. САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негираше каква било вмешаност во нападот на концертната сала.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.