Свет
(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека национализмот секогаш води кон пораз.
„Не дозволувајте нашата историја да доживее крах. Нашите деца тоа го гледаат“, порача Макрон пред светските лидери, во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите Нации.
Макрон укажа и на порастот на скептицизмот кон ОН, ЕУ и другите меѓународни организации, како и на заморот од мултилатерализам, но истовремено предупреди на опасноста од самодоволност и изолација.
Стравственото залагање на францускиот претседател за глобална соработка, откако американскиот претседател, Доналд Трамп пред учесниците порача дека ќе ја брани политиката во стилот „Америка на прво место“, беше пропатено со ракоплескање во салата.
Истовремено, Макрон повика на иранската криза со дијалог и мултилатерализам, за разлика од намерата на Трамп да го изолира Техеран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Москва подготвена за соработка со Британија само под еден услов

Русија е подготвена да соработува со Велика Британија ако Лондон ја корегира својата непријателска политика кон Москва, објави руското Министерство за надворешни работи.
Министерството укажува дека заменик-шефот на руската дипломатија, Владимир Титов, на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретнал со британскиот државен министер за Европа и Америка, Алан Данкан, пренесува „Спутник“.
„Соговорниците разговараа за руско-британските односи и за можностите за решавање на акумулираните проблеми. Руската страна истакна дека нормализацијата на соработката преку дијалог, заснован на меѓусебно почитување и еднаквост, нема алтернатива. Изразена е подготвеност за заедничка соработка доколку британското раководство ги корегира непријателските политики кон Русија“, се вели во соопштението.
Европа
Пенс во дебата со Меркел: Европа повторно го поткопува партнерството со САД

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Минхенската конференција за безбедност цврсто ја бранеше одлуката на европските земји да го поддржат нуклеарниот договор со Иран, додека американскиот потпретседател Мајк Пенс ја обвини Европа дека повторно ги поткопува САД.
Пенс во Минхен инсистираше на тоа Европејците да се повлечат од нуклеарниот договор, нарекувајќи го Иран водечки државен спонзор на тероризмот во светот.
„Време е нашите европски партнери да престанат да ги загрозуваат американските санкции против овој убиствен режим. Време е нашите европски партнери да застанат со нас и со иранскиот народ, како и нашите сојузници и пријатели во тој регион. Време е нашите европски партнери да се повлечат од нуклеарниот договор на Иран“, рече Пенс.
Тој ова го истакна откако Меркел рече дека ја споделува загриженоста поради многуте обиди на Иран да ја зголеми својата моќ во регионот.
„Гледам програма за балистички проектили, го гледам Иран во Јемен и пред сé го гледам Иран во Сирија. Единственото прашање кое стои меѓу нас во овој проблем е дали ја поддржуваме нашата заедничка цел – нашата заедничка цел да се спречи штетата или тежок развој на Иран, со повлекување од еден од преостанатите договори“, запраша германската канцеларка.
Таа, исто така, праша дали е добро за САД брзо да ги повлечат војниците од Сирија и дали тоа не е можност за Иран и Русија да извршат притисок во оваа земја.
Покрај ова недоразбирање, Пенс повтори дека САД се спротивставуваат и на германско-рускиот проект за гасоводот Северен тек 2 и како што рече, Вашингтон е загрижен дека тоа ќе ја направи Европа премногу зависна од рускиот гас.
Тој, во име на САД, ги пофали сите европски партнери кои зазедоа цврст став против гасоводот и ги повикаа другите да го сторат тоа.
Европа
Илјадници каталонски сепаратисти на улиците на Барселона

Повеќе илјади каталонски сепаратисти се собраа денес на протестен марш во Барселона, барајќи 12 нивни лидери на кои им се суди за нивната улога во неуспешниот обид за отцепување во 2017 година, да бидат ослободени од обвиненијата.
Демонстрантите во првиот ред на маршот, носеа голем транспарент со натпис „самоопределувањето не е криминал“, а имало и многу луѓе кои носеле сепаратистички знамиња, објави агенцијата АП.
Судењето на 12-те каталонски лидери започна неделава во Врховниот суд на Шпанија во Мадрид.
Тие се обвинети дека ја игнорирале судската забрана за одржување на референдумот за отцепување и прогласиле независност во октомври 2017 година.
Деветмина од 12-те осомничени каталонски лидери се во затвор, додека тројца, на кои им се заканува помала казна, се пуштени да се бранат од слобода.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал