Контакт

Свет

(Видео) Масовна тепачка меѓу турските пратеници поради контроверзните измени на Законот за избори

Објавено пред

Турскиот парламент денеска ги усвои измените на Законот за избори поддржувајќи ги предлозите за кои опозицијата тврди дека можат да отворат пат за изборни измами и да ја загрозат регуларноста на изборите кои се одржуваат следната година, а потоа изби тепачка меѓу пратениците. Измените на законот ѝ овозможуваат на изборната комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла гласачки кутии во други окрузи.

Според новите промени, припадниците на безбедносните сили ќе можат да влезат на гласачко место на повик на гласач, со што владата сака да спречи наводно заплашување од страна на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на курдскиот југоисток на земјата. Инаку, турската владата ја обвинува прокурдската партија ХДП дека е продолжена рака на ПКК и дека профитира од заплашувањето на гласачите.

Опозициските партии, пак, предупредуваат дека овие мерки ќе го направат пребројувањето на гласовите помалку транспарентно и ќе ѝ овозможат на владата префрлање кутии од опозициските упоришта.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Најмалку осум жртви во поплавена клисура во Калабрија

Објавено пред

Од

Најмалку осум лица загинаа во јужната италијанска област Калабрија во поплава што ја зафатила клисурата Полино, која е популарна туристичка дестинација, пренесоа локалните власти.

Според информациите, четворица од загинатите се мажи, а четири жени. Спасувачките екипи извлекле 12 лица што биле заробени од поплавата, меѓу кои и 10-годишно дете.

Сепак, спасувачите и натаму трагаат по неколку групи планинари што биле во клисурата во моментот кога реката ненадејно надошла накај популарната пешачка патека и предизвикала поплава.

„Сè уште не знаеме уште колку точно луѓе се заробени од надојдената река. Се работи за тежок терен и длабока клисура“, изјавил шефот за цивилна заштита во Калабрија, Карло Танси.

Според него, на спасувачите ќе им бидат потребни повеќе часови да ја пребараат клисурата.

Прикажи повеќе...

Европа

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Објавено пред

Од

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц.

Притоа тој рече дека со гестот покажува оти сеќавањето на неверојатните злосторства што ги направила неговата нација пред седумдесет години ќе живее засекогаш.

Мас во книгата за гости напиша дека логорот Аушвиц бил пекол на земјата и додаде дека исполнет со тага и срам се поклонува пред милиони жени, мажи и деца убиени од нацистите на тоа и на други места.

Поради овие жртви, Германија има заложба да се бори за достоинство и хуманост на секое место во светот и таа одговорност никогаш нема да заврши, додал тој.

Покрај посетата на кампот лоциран на југот на Полска, Мас имаше середба и со својот полски колега, Јацек Чапутович, со цел зајакнување на билатералните односи, јави АП.

Овие две соседни земји се сојузници и важни трговски партнери. Нивните односи, додава новинската агенција, бараа дополнителни напори бидејќи Полска бараше од Германија 850 милијарди долари за надомест на штетите предизвикани во Втората светска војна.

Прикажи повеќе...

Регион

Побуна на мигранти поради лоша храна и слаб интернет во хостел во Солун

Објавено пред

Од

Полицијата во Солун уапсила деветмина тинејџери кога во сместувалиште за мигранти избиле немири, наводно поради лошата храна и слабиот интернет.

Полицијата соопшти дека реагирала бидејќи лицата во сместувалиштето палеле душеци и предизвикале значителна материјална штета.

Во хостелот во источниот дел на Солун сместени се 30 малолетни мигранти. Како што објави агенцијата АП, уапсените тинејџери се по потекло од Пакистан.

Се проценува дека во Грција има 2.500 мигранти, кои патуваат без придружба.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија13 часа

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија14 часа

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија16 часа

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион16 часа

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија16 часа

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија17 часа

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија18 часа

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија18 часа

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион19 часа

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет20 часа

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Свет1 ден

Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин. Портпаролот на рускиот...

Свет1 ден

(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а...

Регион1 ден

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет2 дена

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Регион2 дена

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај...

Економија2 дена

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет2 дена

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет2 дена

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Досие