Контакт

Европа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во Берлин го пречекуваше украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Меркел стоеше веднаш до Зеленски изложена на сонце додека воениот оркестар ги свиреше химните на Германија и Украина кога одеднаш почна да се тресе.

Сепак, според АП, по интонирањето на химната, Меркел изгледала подобро, а потоа бргу минала по црвениот килим со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Пред влезот таа застанала да се поздрави со воениот оркестар.

Канцеларката подоцна на прес-конференција рече дека се чувствува добро.

„Оттогаш се напив најмалку три чаши вода, кои очигледно ми требаа, а сега сум многу подобро“, рече Меркел.

Таа еден час по состанокот со Зеленски, на заедничката прес-конференција изјави дека разговарале за билатералните прашања и мировниот процес во Минск.

Европа

Партијата на Санчез победи во Шпанија, но без мнозинство за формирање влада

Објавено пред

Резултатите од речиси 99 отсто преброени гласови на вонредните парламентарни избори во Шпанија, покажуваат победа за социјалистите, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Врз основа на досега преброените гласови, социјалистите на премиерот Педро Санчез освоиле околу 122 места во Долниот дом на Парламентот, додека конзервативната опозициска Народна партија 87 пратенички мандати.

Десничарската партија „Вокс“ го зазеде третото место со освоени 52 места, што е за 23 повеќе отколку на изборите одржани на 28 април.

Резултатите јасно покажуваат дека ниту една партија нема доволно пратеници за формирање владејачко мнозинство, што значи дека ќе дојде до преговарачки процес меѓу партиите за формирање влада.

По победата на изборите лидерот на социјалистите и актуелен премиер, Педро Санчез, изјави дека уште од денеска ќе почне да се сретнува со лидерите на останатите партии.

Прикажи повеќе...

Европа

Jоанис победи во првиот круг на претседателските избори во Романија

Објавено пред

Актуелниот романски претседател Клаус Јоанис освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори, а во вториот круг негов противник ќе биде лидерот на опозициската Социјалдемократска партија Виорика Данчила, покажаа прелиминарните резултати.
        
Јоанис освоил 28,7 проценти од гласовите, Данчила 22 отсто, додека лидерот на Сојузот за спас на Романија, Дан Барна освои 16,1% од гласовите.Според објавените податоци, излезноста е 48 проценти, со рекордно гласање на дијаспората.
        
Резултатите од изборната комисија се очекуваат денеска.Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 ноември.

Прикажи повеќе...

Европа

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Објавено пред

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на живот во 2018 година во Хрватска е 6,3 , а во Бугарија е 5,4.

Квалитетот на живот се оценува на скала од 0, која означува целосно незадоволство, до 10 што е оцена за целосно задоволство.

Просечната оцена на квалитетот на животот на граѓаните во ЕУ во 2018 година изнесува 7,3.

Додека задоволството од квалитетот на живот во Бугарија лани пораснал во однос на 2013 година кога бил оценет со 4,8, задоволството од животот во Хрватска во истиот период стагнирал. Главната причина за незадоволството на Хрватите, според извештајот, се финансиите.

Словенците спаѓаат меѓу позадоволните граѓани на ЕУ. Просечната оцена на квалитетот на живот е 7,3 што е на ниво на просекот во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес....

Свет1 час

(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот,...

Македонија1 час

Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум,...

Европа12 часа

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на...

Свет13 часа

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа. „Поднесувам оставка на местото...

Економија15 часа

Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ. По ограничувањето на бројот на крузери во...

Македонија17 часа

Изречени 34 казни за палење стрништа

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информира дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони...

Македонија18 часа

Мицкоски: За Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ

За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на...

Македонија20 часа

Заев: Балканот се менува кон подобро место за живеење

На заедничката пресконференција од Охрид, премиерот Зоран Заев истакна дека му е чест што на гости ги има лидерите на...

Регион20 часа

Рама: Нема оправдување зошто Косово не учествуваше во оваа иницијатива

Албанскиот премиер Еди Рама од самитот во Охрид порача дека Косово згрешило што не учевствува во иницијативата за регионална соработка...

Регион21 час

Вучиќ: Тука не правиме Југославија, туку поквалитетен живот за нашите граѓани

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Охрид изјави дека договорот што го постигнале со Заев и Рама, ќе им овозможи на...

Топ22 часа

Скопјанец повреден од куршум за време на грабеж на Бит Пазар

Скопјанец е тешко повреден, откако синоќа на Бит Пазар за време на грабеж на возило бил испукан куршум, кој завршил...

Свет22 часа

Лула да Силва: Трамп не е светски лидер, нека си ја гледа својата работа

Поранешниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да си ја гледа...

Свет23 часа

Иран пронајде ново нафтено поле

Иран откри ново нафтено поле на југот од земјата, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани. Како што изјави, нафтеното поле е...

Македонија24 часа

Економска соработка и „мал шенген“ главни теми на самитот во Охрид

Инцијативата за воспоставување поинтензивна економска соработка на државите од Западен Балкан и најавуваниот договор т.н. „мал шенген“ се очекува да...

Регион24 часа

Тачи објасни зошто не дошол на самитот во Охрид

Косовскиот претседател Хашим Тачи на Фејсбук објави дека одбил да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака...

Свет2 дена

Двајца скијачи загинаа во лавина на Алпите

Властите на југот од Австрија соопштија дека двајца скијачи загинале во лавина на Алпите. Австрискиот сервис ОРФ објави дека тие...

Свет2 дена

На илјадници Американци им стигнаа честитки од починати пријатели и партнери

Повеќе од 60.000 луѓе во САД поради грешка во системот минатата недела добија смс-честитки испратени за Денот на вљубените –...

Свет2 дена

Северна Кореја се соочува со лоша жетва во моменти на сериозен недостиг на храна

Овогодинешната жетва на Северна Кореја се предвидува да биде полоша од вообичаеното, да ги влоши ионака сериозните недостатоци на храна...

Свет2 дена

Асад: Европа треба да се плаши од џихадистите со кои е во сојуз, а не од бегалците

„Лицемерен“ е стравот на европските народи дека Турција ќе им испрати бегалци, изјави сирискиот претседател, Башар ал Асад, во интервју...

Досие