Европа
(Видео) Морнарица, елитни трупи, воздухопловни сили: Ирците запленија најмногу дрога досега

Елитна единица на ирската армија претресла товарен брод под панамско знаме во близина на југоисточниот брег на Ирска и пронашла 2.253 килограми кокаин, кој на пазарот вреди околу 136 милиони фунти. Според ирската полиција, тоа е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата.
„Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата“, изјави портпаролот на ирската полиција на брифинг со новинарите.
“This Joint & multiagency Op demonstrates the interoperability of Óglaigh na hÉireann, underlining the unique capability that we bring to the defence of the State. The significant intel led planning by the JTF enabled the coordination & execution of this complex multiagency Op. pic.twitter.com/2bcsZkyxdg
— Óglaigh na hÉireann (@defenceforces) September 26, 2023
Уапсени се три лица, а истрагата сè уште е во тек.
Се верува дека не целата дрога била наменета за ирскиот пазар, туку требало да биде истоварена во Ирска и потоа да се пренесе понатаму. Инспекторите веруваат дека станува збор за кокаин, кој потекнува од јужноамерикански картел.
A Joint Task Force comprising members of the @naval_service, @IrishAirCorps, Army Ranger Wing, Revenue Customs Service & @gardainfo have implemented a co-ordinated operation at sea. pic.twitter.com/yPcrjiCOGe
— Óglaigh na hÉireann (@defenceforces) September 26, 2023
„Тоа беше исклучително сложена операција во која беа вклучени морнарицата, воздухопловните сили, елитна единица, сите надгледувани од Штабот на одбранбените сили. Времето беше исклучително лошо, операцијата беше многу тешка“, изјави првиот човек на ирската морнарица.
Како што пишува „Скај њуз“, ирските специјалци со хеликоптер се спуштиле на бродот, а потоа почнала акцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Политико“: Орбан посеа паника во ЕУ

Една недела пред состанокот на Европскиот совет на кој ќе се разговара за иднината на Украина, ЕУ е во паника поради односот на Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер се противи на одлуката за приклучување на Украина во ЕУ и обезбедување финансиска помош од 50 милијарди евра. Во две писма до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Орбан јасно стави до знаење дека наместо тоа, сака да одржи стратешка дебата за поддршка на Киев.
Иако ова не е првпат Орбан да се заканува дека ќе го искористи правото на вето, тројца високи дипломати признаа дека овој пат е поинаков, пишува „Политико“.
Сега влогот е поголем, роковите се пократки, а на Унгарија и требаат повеќе пари од општиот буџет, кој не и е достапен поради непочитување на владеењето на правото, анализира медиумот. Унгарскиот државен секретар за јавна дипломатија и односи Золтан Ковач неделава ги демантираше овие шпекулации и посочи дека ставот на неговата влада за потребата од ревидирање на долгорочниот буџет на ЕУ не е поврзан со блокираните средства.
Мислењата на дипломатите за Унгарија се поделени: едни сметаат дека Орбан е решен да ја повлече европската помош од Украина, други веруваат дека тој едноставно се обидува да го уценува Брисел.
Меѓу нив е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој за време на вечерата ќе се обиде да најде компромис со унгарскиот лидер. Дипломати од други земји најмногу ја поддржаа ваквата иницијатива, но некои критичари потсетија дека претходните преговори на Макрон со Трамп и Путин биле неуспешни.
Според написите, и Шарл Мишел веќе се обиде да постигне договор со Обран во Будимпешта и поради тоа ќе го прекине патувањето во Пекинг за да ги продолжи преговорите.
Медиумот пренесува дека песимистичките чувства се повеќе се шират во ЕУ. Белгискиот претставник Вилем ван де Ворд изјави дека исходот од самитот е непредвидлив. Друг дипломат смета дека без разлика дали на Орбан му требаат пари или тоа го прави од принцип, „факт е дека и помага на Русија“, а Европа не треба да го фаворизира туку да му се спротивстави.
Во коридорите на моќта се разговара за алтернативни планови, како што е испраќање помош за Киев заобиколувајќи го унгарското вето. Дополнително, се предлага да се организира уште еден самит во јануари и да се обиде повторно да го покрене ова прашање, пишува „Политико“.
Европа
Тис: Доколку избие војна во Европа, ќе се браниме со камења

Очајот во европските метрополи кога станува збор за воено индустриското производство само расте, анализираат медиумите во регионот.
Според написите, европските резерви на оружје во голема мера се на рекордно ниско ниво, а брзото започнување на воената индустрија која би почнала да произведува доволно количество оружје и опрема за краток временски период не е возможно по толку многу децении запоставување.
Потврда за тоа колку е мрачна ситуацијата во овој поглед доаѓа од Белгија. Имено, на белгиската армија и недостигаат оружје и пари, поради што војниците „би требало да фрлаат камења“ набргу по почетокот на каков било конфликт, изјавил поранешен висок припадник на белгиската армија, генерал Марк Тис, пренесува „Политико“.
Тис, кој неодамна се пензионираше со чин генерал-полковник, во вторникот на јавниот сервис „ВРТ“ вели дека обезбедувањето на залиха оружје за одбрана од напад кој би траел до два месеци ќе бара инвестиција од 5 до 7 милијарди евра, што е многу повеќе отколку што моментално издвојува локалната власт.
„Доколку избие војна овде, ќе мораме да фрламе камења по само неколку часа поради недостаток на оружје“, рече Тис.
„Политико“ оценува дека недостигот на оружје ја остава Белгија со војска од каменото доба.
Откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари минатата година, западните влади го снабдуваат Киев со оружје за да му помогнат да ги одврати нападите на Москва и да ја зајакне нејзината одбрана.
Сепак, производителите на оружје во европскиот блок се борат да го зголемат капацитетот за да го обноват производството и да ги задржат залихите кои се исцрпуваат бидејќи оружјето се испорачува на исток, особено кога станува збор за муниција од 155 милиметри. Ова значи дека Европската унија речиси сигурно ќе пропадне кога станува збор за исполнување на целта што си ја наметна во однос на испораките за Украина, се забележува во написите.
Иако нападот врз Белгија е малку веројатен, недостигот на оружје ја става во фокус одржливоста да се продолжи со снабдување со оружје за Украина доколку залихите на земјата се исцрпат до максимум.
Во ноември, кратко по пензионирањето на Тис, белгиската влада потпиша дводецениски договор со локалниот производител на оружје „FN Herstal“, вклучувајќи и муниција, но испораката на договорените количини ќе потрае.
Европа
Претседателски избори во Русија на 17 март, за прв пат ќе гласаат и жителите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон

Горниот дом на рускиот парламент изгласа претседателските избори во Русија да бидат на 17 март 2024 година. Одлуката беше донесена едногласно со 162 гласа во Советот на Федерацијата.
„Со оваа одлука всушност ја започнуваме изборната кампања“, изјави Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата.
Таа додаде дека за прв пат на изборите ќе гласаат жителите на делови од украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа припоени од Русија.
„Со заеднички избор на претседател на земјата, целосно ја споделуваме одговорноста и судбината на нашата татковина“, рече Матвиенко.
Претседателот Владимир Путин се уште официјално не ја објавил својата намера да се кандидира за нов шестгодишен претседателски мандат.
Право на глас во Русија имаат околу 110 милиони луѓе, но обично 70-80 милиони излегуваат на гласање.