Свет
(Видео) Напад во Минстер: Возачот се самоуби, шестмина од повредените во критична состојба
Шест лица се во критична состојба по нападот во германскиот град Минстер, каде камион влета во толпа луѓе. Возачот си го зеде својот живот по нападот, во кој загинаа најмалку три лица загинаа, а 30 се повредени. Нападот се случил пред популарната гостилница Киепенкер каде имало многу луѓе.
Шпигел пишува дека полицијата се сомнева оти станува збор за терористички напад.
Возилото, кое медиумите го опишуваат како мал камион, удрило во толпа луѓе што седеле околу статуата на Киепенкер во стариот дел на Минстер. На местото на инцидентот има возила на Брза помош, а полициски хеликоптер го надлетува средновековниот град, кој се наоѓа на запад од главниот град Берлин. Голем дел од градот е затворен и локалните жители се замолени да ја избегнат областа.
Портпаролката на германската канцеларка Ангела Меркел изјави : „Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства”.
Првите фотографии од местото на инцидентот покажуваат насобрани граѓани, голем број превртени столици и маси на плоштадот каде се случи нападот. Станува збор за дел од градот кој е омилен за туристите, а во времето кога се случил нападот тука имало голема фрекфенција на посетители кои уживале во убавото време.
Портпаролот на противпожарната бригада соопшти дека бројот на настрадани лица изнесува околу 50.
Ерих Ретингхаус, претседател на германското полициско здружение изјави : „Најпрво жалиме за жртвите и повредените луѓе. Наше сочувство до сите повредени лица и семејствата на починатите и повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување. Сега треба да ги испитаме и да ги уапсиме одговорните за да избегнеме понатамошни напади”.
Нападот со камион се случи на првата годишнина од нападот во Стокхолм, каде што камион се заби во продавница во пешачката зона во центарот на главниот град Стокхолм. Камионот бил украден претходно во текот на утрото. Притоа пет лица загинаа, а 14 други беа сериозно повредени.
Инцидентот, исто така, потсетува на нападите со камион во декември во 2016 година во Берлин, во кои загинаа 12 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.