Свет
(Видео) Напад врз куќата на авганистански министер, загинаа најмалку четири лица
Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени кога милитантите ја бомбардираа куќата на авганистанскиот министер за одбрана, Бизмилах Кан Мохамади.
Авганистанскиот министер не бил дома кога бил активиран автомобил бомба и било пукано во близина на неговата резиденција во утврдената зелена зона во Кабул, неговото семејство било безбедно евакуирано, а четворица напаѓачи биле убиени, пренесува Би-би-си.
Video from downtown Kabul where a car bomb attack occurred around 8pm (local time) near the defense minister’s residence. pic.twitter.com/81HJj80C6M
— TOLOnews (@TOLOnews) August 3, 2021
Безбедносните службеници потврдија дека во нападот загинале четири лица, а 11 се ранети и префрлени во болниците во Кабул.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но следуваше откога талибанските бунтовници напредуваа во офанзива врз градовите во провинциите на југот и западниот дел на земјата.
Американскиот Стејт департмент го осуди нападот, а портпаролот Нед Прајс рече дека иако сѐ уште не може официјално да го потврди, овој инцидент ги има сите белези на акциите извршени од талибанците во последните недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.