Контакт

Свет

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Објавено пред

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни протести за убиството на Афроамериканката Бреона Тејлор.

Полицајците беа застрелани околу 20:30 часот додека демонстрантите беа на улиците по одлуката на поротата, која за убиството не ги осуди полицајците, соопшти полицијата Луивила. Неидентификуван осомничен е уапсен на лице место.

Двајцата полицајци претрпеле повреди кои не се опасни по живот, рече Роберт Шредер, привремен началник на полицијата.

„Многу сум загрижен за безбедноста на нашите полицајци. Двајца полицајци беа застрелани вечерва, и тоа е многу застрашувачка и опасна ситуација“, додаде тој.

Еден од полицајците бил застрелан во стомакот, под панцирот и однесен на операција, додека другиот бил погоден во бутот, пренесува „Њујорк пост“.

Се појави и видео кое го покажува моментот на пукање. Се слушнаа неколку истрели, кои ја принудија полицијата да се повлече.

„Испукани куршуми! Испукани куршуми! Таму, да. Полицаецот е на земја“, се слушаше на снимката.

Пукањето се случи 30 минути пред почетокот на полицискиот час во овој град.

По повод овој настан се огласи и претседателот Доналд Трамп, кој рече дека Владата стои зад полицијата и дека е подготвена да помогне.

„Разговарав со гувернерот Енди Бехар и подготвени сме да работиме заедно“, напиша Трамп.

Полициските службеници пред шест месеци ја застрелаа Бреона Тејлор (26), здравствен работник, откако упаднаа во нејзиниот стан додека спроведувале налог за претрес, како дел од истрагата за наркотици.

Смртта на Бриона Тејлор, како и смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвикаа протести низ САД, за време на кои учесниците побараа расна правда и полицијата да престане да користи прекумерна сила.

 

Регион

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се 9.531 лица.

Според податоците на српското Министерство за здравство, во моментов се хоспитализирани 1.122 лица, од кои 51 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во Србија заразени се вкупно 46.954 лица, од кои 820 починале.

Досега се тестирани вкупно 1.338.631 лице.

Директорката на Институтот „Батут“, Верица Јовановиќ, за РТС вели дека оваа недела се регистрирани трипати повеќе новоинфицирани лица од минатата недела и дека се пополнуваат болничките капацитети.

Прикажи повеќе...

Регион

Во БиХ рекордни 1.912 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 1.912 нови случаи на коронавирус, а 22 лица починаа, објави Институтот за јавно здравје.

Биле тестирани 3.850 лица, а вирусот е потврден кај 1.070 лица од Федерацијата БиХ и 842 од Република Српска.

Болниците во Федерацијата објавија 15 смртни случаи за кои претходно беше потврдено дека се заразени со вирусот САРС-КоВ-2, додека седум лица починаа во РС.

Бања Лука е градот со најголем број новозаболени лица во рок од 24 часа односно потврден е 231 случај, додека во Сараево 217.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Мајка и нејзините три деца извлечени од урнатините 18 часа по земјотресот во Измир

Објавено пред

Мајка и нејзините три деца биле извлечени од урнатините на една зграда во Измир под која биле заробени скоро 18 часа по силниот земјотрес во регионот на Егејското Море во кој загинаа најмалку 27 лица.

Во тек се напори за спасување на четвртото дете, пренесе „Ројтерс“.

Земјотресот уништи најмалку 20 згради во егејскиот пристанишен град Измир, каде сè уште трае операција за спасување.

Министерот за животна средина, Мурат Курум, рече дека досега биле извлечени околу стотина луѓе од урнатините.

Властите од Измир соопштија дека во земјотресот загинале 25 лица крај бреговите на западна Турција, додека две деца, момче и девојче, загинале на грчкиот остров Самос откако се срушил ѕид врз нив.

Повеќе од 800 лица се повредени во Турција.

По силниот земјотрес од 7 степени биле регистрирани околу 250 потреси.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија3 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија4 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет4 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион5 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија5 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија5 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија5 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион5 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет7 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет21 час

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија21 час

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет21 час

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет23 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија23 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион23 часа

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија1 ден

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија1 ден

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија1 ден

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија1 ден

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Досие