Свет
(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои во моментот се во болница, има полицаец што не бил на должност.
Напаѓачот е уапсен и идентификуван како 37-годишен Данец, кој живеел во Конгсберг. Полицијата соопшти дека ќе спроведе истрага за да утврди дали нападот има некаква врска со тероризам.
#BREAKING: A man shot at people with a bow and arrow outside shops and on the streets in central #Kongsberg, #Norway. Several killed, suspect arrested. pic.twitter.com/UFXTRYuaCB
— Subodh Kumar (@kumarsubodh_) October 13, 2021
По нападот, полициската управа им нареди на полицајците во целата земја да носат огнено оружје. Норвешката полиција е, генерално, невооружена, но полицајците имаат пристап до оружје кога е потребно.
Полициската управа соопшти дека станува збор за мерка на претпазливост и „засега нема индикации дека националното ниво на опасност ќе се промени“.
Several died and were injured after an suspected terror attack in #Norway. A police operation incl bomb squad is underway in #Kongsberg center in connection with a person who has been observed with a bow and arrow. The alleged perpetrator has been taken into custody https://t.co/r8tT8CJGSH pic.twitter.com/KGSWusCjGJ
— ??????? ???????? ☀️ (@MArizanti) October 13, 2021
Овој напад се случува десет години по терористичкиот напад во Норвешка кога беа убиени 77 луѓе од ултрадесничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик. Тој првин активира автомобил бомба во Осло, каде што уби осум луѓе, по што на островот Утоја отвори оган врз присутните на годишниот летен камп што го организира младинската организација на Лабуристичката партија, при што загинаа 69 луѓе, главно тинејџери и млади луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Проблеми при слетувањето на хеликоптер што се користи за превоз на Путин

Во близина на Москва се урна хеликоптер наменет за транспорт на високи руски функционери, вклучително и Владимир Путин. Ова го пренесуваат „Њусвик“ и „Украинска правда“ а се повикуваат на руската новинска агенција „Интерфакс“.
Се работи за хеликоптер Мил Ми-8 за кој се вели дека паднал на земја со опашката и сечилата на роторот при слетување на меѓународниот аеродром Внуково (околу 25 километри од центарот на Москва). Според последните извештаи, инцидентот се случил во петокот.
На руска страница на „Телеграм“ објавена е фотографија која би требало да ги покаже последиците од несреќата.
„Според нашите информации, станува збор за Mi-8MTV-1, произведен во 2013 година и дизајниран за 22 патници“, се вели во објавата на Телеграм.
Се претпоставува дека причина за несреќата е грешка на пилотот.
„Кога хеликоптерот слета, пропелерот се фати на земја и го оштети делот од опашката“, изјавил за агенцијата извор од аеродромот.
Како што јави „Аеротајм“ , хеликоптерот припаѓал на одделот за специјални летови „Росија“, кој управува со авиони за транспорт на руски владини претставници. Не е јасно кој бил во хеликоптерот и дали некој е повреден во инцидентот. Од Русија пристигнаа контрадикторни информации . Истрагите на московскиот аеродром Внукова засега остануваат без одговор.
„Аеротајм“ понатаму известува дека хеликоптерите на владината флота се опремени со специјални одбранбени системи и други модификации за безбедно транспортирање на нивните ВИП патници.
Украинската новинска агенција „Украинска правда“ јавува дека се работи за грешка на пилотот. Според Интерфакс, тешкото слетување можело да биде предизвикано од лоши временски услови или дефект на опремата.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.
Свет
Шведскиот министер: Процесот за наш прием во НАТО е запрен, Турција е лута

Процесот на прием на Шведска во НАТО е запрен, изјави шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром.
Тој во изјава за „Експресен“ рече дека тоа се случило поради лутата реакција на Турција поради фактот што десничарскиот екстремист Расмус Палудан го запалил Куранот и поради демонстрациите во кои се критикува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Билстром изрази надеж дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во јули во Литванија ќе биде постигнат договор со Турција.
Ултрадесничарскиот политичар Расмус Палудан го запали Куранот на 21 јануари пред турската амбасада во Стокхолм, а вчера пред турската амбасада во Копенхаген. Тој додаде дека ќе продолжи со ваквите акции се додека Турција не го одобри членството на Шведска во НАТО.
Потегот на Палудан доведе до демонстрации во Турција, како и во голем број други муслимански земји.
Односите меѓу Шведска и Турција се влошија, а турскиот претседател Таип Ердоган рече дека Шведска не треба да смета на турската поддршка за членство во НАТО.
Шведска денеска ги предупреди своите граѓани во Турција да избегнуваат гужви и собири, поради протестите.
„Од Швеѓаните во Турција се бара да го следат развојот на настаните и да избегнуваат големи собири и демонстрации“, објави шведското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница во упатствата за своите граѓани во странство.
Најавено е и дека „во наредните денови може да се очекува продолжување на демонстрациите пред амбасадата во Анкара и пред генералниот конзулат во Истанбул“.