Контакт

Европа

(Видео) Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата на мостот во Џенова

Објавено пред

Џенова, несреќа, Италија

Најмалку 10 луѓе загинаа во несреќата што се случи на автопат кај Џенова, Италија, кога се урна мост. Министерот за сообраќај и инфраструктура, Данило Тонинели, изјавил дека се работи за огромна трагедија.

Агенцијата „Анса“ пренесува дека надлежните се сомневаат оти причината за уривањето е недоволната стабилност на конструкцијата. Мостот се наоѓа на автопат и е изграден во 60-тите години, а бил реконструиран во 2016 година.

Европа

Скандал во Германија: Реномиран неделник го припишa ослободувањето на Аушвиц на американската војска

Објавено пред

Германскиот весник „Шпигел“ погрешно објави на социјалните мрежи дека американската војска го ослободила концентрацискиот логор „Аушвиц“.

Во постот што го објавил „Шпигел“, Аушвиц бил најголемиот нацистички логор на смртта кој пред 75 години бил ослободен од американската војска.

Корисниците на мрежата први укажале на објавата.

Потоа, неделникот се извинил за непријатната грешка, истакнувајќи дека критиката на своја адреса ја смета за правична казна.

„Шпигел“ ја поправил својата објава, укажувајќи дека логорот бил ослободен од Црвената армија.

Прикажи повеќе...

Европа

На регионалниот водач на Каталонија му го одзедоа местото во парламентот

Објавено пред

Регионалниот парламент на Каталонија го лиши претседателот на регионот, Квим Тору, од пратеничкото место бидејќи тој ги занемарил строгите правила на Шпанија за изборната пропаганда.

Овој потег, најверојатно, ќе предизвика гнев кај тврдокорните поддржувачи на независноста на Каталонија, кои сметаат дека тоа е уште една неправедна одлука, пренесе АП.

На Тори му е дозволено да остане шеф на регионалната влада на Каталонија.

Тој се закани дека ќе распише нови регионални избори.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Премиерот Џонсон: За врвни научници ќе издаваме визи по забрзана постапка

Објавено пред

Велика Британија ќе почне со издавање визи по забрзана постапка за водечките научници и истражувачи следниот месец кога ќе ја напушти Европската Унија, рече премиерот Борис Џонсон.

Велика Британија ја напушта Европската Унија на 31 јануари.

„Додека ја напуштаме ЕУ, сакам да испратам порака дека Велика Британија е отворена за најталентираните умови во светот и е подготвена да ги поддржи за да ги претворат нивните идеи во реалност“, стои во соопштението на Борис Џонсон.

Од 20 февруари ќе се забрза постапката на добивање виза за научници и истражувачи, ако добијат препорака од британските институции. Нема ограничување на бројот на визи што може да се издадат за „глобални таленти“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет2 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет2 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет2 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија15 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ18 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија18 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија19 часа

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија20 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија21 час

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија21 час

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија21 час

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија22 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет22 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија23 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија24 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет1 ден

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет1 ден

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет1 ден

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет1 ден

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Досие