Свет
(Видео) Најмалку 32 деца загинаа во стампедо во Нигерија

Најмалку 32 деца загинаа за време на стампедо на карневал во југозападната нигериска држава Ојо, соопштија официјални лица, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случи вчера во исламското средно училиште „Башорун“ во главниот град на државата Ибадан.
Xmas giveaway turns tragic in Ibadan due to stampede. Not less than 5 children hss been confirmed dead and several injured.
May the soul of the departed rest in peace and may God give the family the fortitude to bear the loss. pic.twitter.com/qurQtxEG7g
— 𝐌𝐚𝐧𝐱 𝐂𝐥𝐨𝐭𝐡𝐢𝐧𝐠 | 𝐃𝐚𝐭𝐚𝐂𝐢𝐭𝐲 (@mfclothingceo) December 18, 2024
Портпаролот Дотун Ојелиса им потврди на новинарите дека загинале 32 лица додавајќи дека бројот може да се промени по целосниот полициски извештај.
Портпаролот на полицијата на државата Ојо, Адевал Осифесо, рече дека истрагата е во тек за да се утврди точниот број на жртви.
„Анадолија“ дознава дека карневалот го организирала невладината организација „Жени“, на кои им треба водство и поддршка, а полицијата ја испрашува основачката на организацијата, Наоми Силекунола.
Омолева Азиз, која била на местото на настанот со својот седумгодишен син, изјавила за „Анадолија“ дека пристигнала во 6 часот наутро додека толпата се обидувала да влезе во просториите на карневалот. Според неа, немало доволно луѓе за обезбедување.
„Многумина паднаа и беа прегазени, а други се онесвестија“, рече таа.
Организаторите најавија храна и подароци за 5.000 деца, но ре 8.000 се појавија во средата во 5 часот наутро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мајка и очув во Србија малтретирале 7-годишно девојче, гаселе цигари од неа

Маж и жена се уапсени во белградското предградие Палилула под сомнение дека извршиле насилство врз седумгодишно девојче.
„Нова.рс“ јавува дека надлежното обвинителство наредило С. Д. (24) и К. А. (36) да се задржат во притвор поради сомнение дека заедно извршиле семејно насилство. Набргу ќе бидат слушнати, а српските медиуми утринава објавија дека тие се мајка и очув на малтретираното девојче.
Насилството го пријавила мајката, а кога полицијата пристигнала во нивната куќа, го затекнала девојчето во многу лоша психичка и физичка состојба. Таа имала повреди на целото тело, од кои некои наводно биле предизвикани од гасење цигари на кожата.
Родителите се уапсени на самото место, а детето е пренесено на Ургентниот центар во Белград, каде што му биле констатирани тешки физички повреди, по што е пренесено во Заводот за мајка и дете. Истрагата е во тек.
Регион
Ученичка во хрватско училиште се заканувала со масакр, направила список: „Ќе добиеш куршум во челото“

Во Славонија се појави видео на кое се гледа како ученичка од осмо одделение се заканува дека ќе ги убие своите соученици и составува список на ученици, кои биле цел, дознава „24 седам“.
Здравствениот инспекторат на Министерството сѐ уште го разгледува досието на напаѓачот во загрепското училиште.
Ученичката се фотографирала со пиштол, се заканувала на социјалните мрежи, децата ги нарекувала „Непалци“ и се заканувала со крвопролевање. Наводно било иритирана што тој ден некои луѓе ја задевале во автобусот на пат кон училиште.
Училиштето ги известило надлежните, а полицијата обезбедила патрола. Ученичката е привремено суспендирана од настава на седум дена.
Неофицијално, девојчето потекнува од семејство под надзор на Центарот за социјална работа. Училиштето и полицијата сѐ уште немаат официјално соопштение, а во тек е итен состанок на надлежните одделенија.
Свет
Во несреќа за време на фестивал на огнот во Иран загинаa најмалку 21 лице, повредени над 6.000 луѓе

Најмалку 21 лице загина, а 6.419 се повредени за време на прославата на иранскиот огнен фестивал „Чахаршанбе Сури“.
Фестивалските прослави почнаа синоќа со огнови, пиротехнички средства, па дури и рачно изработени експлозивни направи. И покрај предупредувањата на полицијата дека ќе користат беспилотни летала за следење на употребата на пиротехника, во инцидентите се забележани неколку смртни случаи.
Иранската итна медицинска помош објави дека 21 смртен случај се регистрирани во Иран, а 6.419 повредени лица побарале лекарска помош. Меѓу повредените, 18 лица се во тешка состојба, а најмногу инциденти се регистрирани во Техеран, источен и западен Азербејџан.
„Чахаршанбе Сури“ се слави во последната среда вечерта пред Новруз, персиската Нова година, што го означува доаѓањето на пролетта.
Популарен меѓу децата и младите, настанот вклучува прескокнување оган, огномети и рачно изработени експлозиви, кои често предизвикуваат сериозни несреќи. Секоја година прославите и подготовките резултираат со десетици смртни случаи и илјадници повредени во Иран.