Контакт

Свет

(Видео) На авион му експлодираа гумите при слетување, повредени неколку патници

Објавено пред

Неколку патници се повредени кога на авионот „Јунајтед ерлајнс“ му експлодирале гумите при слетувањето на аеродромот во Њујорк, во американската сојузна држава Њу Џерси.

Авионот на летот 627 од Денвер со 166 патници, по експлозијата на гумите се излизга на пистата додека не застана, пренесе агенцијата AP.

Во тек е истрага за причината на инцидентот.

Свет

Министерот за надворешни работи на Иран понуди нуклеарна спогодба, САД скептични

Објавено пред

Иран во четвртокот понуди да го ратификува документот што пропишува поинтензивни инспекции на нивната нуклеарна програма ако САД ги укинат економските санкции, предлог кој беше примен со скептичност од страна на Америка.

Иран би можел да го ратификува „Дополнителниот протокол“ кој им дава на инспекторите на ОН повеќе алатки за веднаш да потврдат дека иранската нуклеарна програма е од невоена природа, ако Вашингтон ги укине санкциите за Иран, министерот за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави за новинарите во Њујорк.

„Ако [американскиот претседател Доналд] Трамп сака повеќе, можеме да го ратификуваме Дополнителниот протокол, а тој може да ги укине санкциите што ги постави“, рече Зариф.

Сепак, Иран веќе го имплементира протоколот, па понудата на Зариф не беше прифатена како вистинска концесија.

Американски официјален претставник реагираше скептично, велејќи дека Иран се обидува да добие олеснување на санкциите без да понуди многу за возврат.

„Нивната цел е да се обидат да добијат какви било олеснувања од санкциите, задржувајќи ја способноста да развијат нуклеарно оружје во иднина“, изјави американскиот официјален претставник.

Прикажи повеќе...

Свет

Вишински: Не сум предмет за некој да ме разменува

Објавено пред

Главниот и одговорен уредник на „РИА Новости Украина“ Кирил Вишински, кој е затворен во Украина, изјави на суд дека се противи на каква било размена која ја предложила киевската власт, пренесува „Спутник“.

„Немам намера нигде да бегам. Сакамправду. Слушнав дека сакаат да ме разменат, но јас не сум предмет за некој да ме разменува“,вели Вишински.

Според него, ако суд одлучи да го ослободи, тој планира и понатаму да се занимава со новинарство.

Вишински побара од судот да го ослободат од притвор, додека обвинителството бара продолжување на притворот за уште два ,есеца.

Укрјинскиот претседател Владимир Зеленски претхпдно изјаву дека Киев е спремен да го размени Вишински за Олег Сенцов, кој е осуден во Русија за подготовка на терористички напад.

Сенцов во Русија е осуден на 20 години затвор за организирање терористички напади на Крим. Него го уапсија припадниците на ФСБ меѓу припадниците на диверзантската група „Десен сектор“ (екстремистичко движење забрането во Русија), кои подготвувале терористички напади на Јалта, во Симферопол и во Севастопол.

Прикажи повеќе...

Свет

Меркел го осуди Трамп за расистичките коментари

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел остро го критикуваше претседателот на САД Доналд Трамп поради расистичките коментари упатени кон четири жени од Конгресот.

На прес-конференција во Берлин Меркел нагласи дека токму имигрантите се оние кои имаат најголем придонес кон САД и се оние кои ја чинат Америка силна земја.

„Овие коментари, го рушат се она кое ја прави Америка силна“, вели Меркел.

На прашањето дали таа сочувствува со жените кои припаѓаат на малцинствата, Меркел без колебање рече „да“.

„Најсилно се оградувам од овие изјави и солидаризирам со овие жени“, вели Меркел.

Трамп го започна скандалот со расистички коментари за време на собир во Северна Каролина и рече дека овие четири жени од конгресот треба да се вратат назад во земјите преполни со криминал од каде потекнуваат.

Тој најпрвин не посочи конкретно на кого се однесуваат овие коментари, но подоцна откри дека се работи за Александрија Окасио-Кортез, Илхан Омар, Рашида Тлаиб и Ајана Пресли.

Сите од нив се родени во САД, освен Илхан Омар, која е родена во Сомалија, но е натурализирана Американка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

За премиерот Заев не постојат Кики и Фрики

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија45 минути

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија59 минути

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија4 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија4 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија5 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија6 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет7 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт7 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија18 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет19 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет21 час

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ23 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Досие