Контакт

Вести

(Видео) Неверојатна глетка во Русија – земјата окована во мраз

Објавено пред

Жителите на градот Саратов, на југот на Русија, се во трка кој ќе ја објави најдобрата фотографија од реката Волга, но и самиот град кој е окован во мраз, пишуваат руските медиуми.

Како што пренесоа тамошните медиуми, Саратов оваа недела бил погоден од рекордни снежни врнежи кои не биле забележани во изминатите три децении.

Градските служби, пишува „Раша тудеј”, биле неподготвени и сега велат дека ќе им требаат најмалку две недели да го исчистат снегот и мразот од покривите и улиците.

За тоа време жителите на Саратов на социјалните мрежи постојано објавуваат фотографии, и го користат тагот #IcecleBattle.

Вести

Пентагон има нов шеф, стариот се повлекол за да поминува повеќе време со семејството

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека вршителот на должност министер за одбрана, Патрик Шенахан, ја повлекол кандидатурата за прв човек на американската војска. Трамп рекол дека Шенахан сака да поминува повеќе време со семејството.

Нов вршител на должност шеф на Пнетагон ќе биде актуелниот државен секретар задолжен за војската, Марк Еспер.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Пронајдено телото на магионичарот кој скокна во река врзан со синџири

Објавено пред

Индиската полиција го пронајде телото на магионичарот кој врзан со синџири беше спуштен во река обидувајќи се да го изведе познатиот трик на Худини. Чанчал Лахири (42) исчезнал во неделата попладне.

Поентата на целата точка била магионичарот да се ослободи од синџирите и да отплива на сигурно. Меѓутоа, тој не испливал од реката.

Набљудувачите на настанот ја известиле полицијата за исчезнувањето на магионичарот, која веднаш почнала потрага.

„Гардијан“ објави дека тој пред насобраната публика рекол:

„Ако можам да се ослободам – тоа ќе биде магија. А ако не успеам – тоа ќе биде трагедија“.

Сè уште врзано со челични синџири, неговото тело испливало на брегот на реката на еден километар оддалеченост од местото каде што почнал да го изведува трикот.

Ова не е првпат Лахири да се обиде да изведе трик под вода. Пред 20 години тој се спуштил во река врзан во стаклена кутија. Тогаш трикот го направил успешно.

Прикажи повеќе...

Вести

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на нафта, САД не сакаат војна со Техеран.

„Претседателот Трамп направи сè за да избегне војна. Ние не сакаме војна“, изјави Помпео во интервју за телевизијата „Фокс“.

Тензиите меѓу САД и Иран го достигнаа врвот откако администрацијата на Доналд Трамп го обвини Техеран дека во четвртокот изврши напад врз два танкери за нафта во Оманскиот залив. Иран отфрла одговорност за нападот.

Помпео додаде дека не сака да зборува за идните потези на Вашингтон.

Запрашан дали САД ќе испратат повеќе војници и оружје во регионот, тој рече дека Иран има за цел да нема нуклеарно оружје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Демонстранти се обидуваат да влезат во парламентот на Грузија

Илјадници демонстранти се собраа пред парламентот во Тбилиси со намера да влезат во зградата на Законодавниот дом, за време на...

Македонија9 часа

„Ле Монд“: Франција, Холандија и Германија со црвено светло за Скопје и Тирана

Францускиот весник „Ле Монд“ пишува дека Франција, Германија и Холандија се трите земји што го блокирале почетокот на преговорите за...

Свет10 часа

Сајбер-напад врз Путин

Забележан е сајбер-напад на кол-центарот „Директна линија“ со Путин. Нападот беше одбиен. Затоа имаше проблеми со повиците. Ова го соопшти...

Македонија11 час

Кривичниот суд: Сеад Кочан од 17 јули во затвор

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да постапува по предметот на СЈО – „Труст“, изготвил...

Македонија13 часа

(Видео) Камчев да биде донесен со полиција да сведочи, бара СЈО

Поради повреда на коленото на обвинетиот Метуш Шабани, која се случила на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното...

Македонија13 часа

Канада го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада е најновата во низата земји што го ратификуваа протоколот за членство на земјава во НАТО. „Денес, Канада со задоволство...

Македонија14 часа

Осумката од ВМРО-ДПМНЕ бара место во работните групи за Изборниот законик

Осумката од независната група од ВМРО ДПМНЕ бара место во работните групи за измени на Изборниот законик со цел демократизација...

Македонија14 часа

Културните работници со апел до Заев: Метлата нека го одмине МКЦ

Поголема група работници во културата испратија отворено писмо до премерот Зоран Заев во кое се противат на најавените промени во...

Регион15 часа

„Вечерњи лист“: И Мирослав Шкоро во трката за претседател на Хрватска

Хрватскиот „Вечерњи лист“ објави дека пејачот Мирослав Шкоро неделава официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска. Шкоро...

Македонија1 ден

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ1 ден

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ1 ден

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет1 ден

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет1 ден

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија1 ден

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија1 ден

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ1 ден

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет1 ден

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет2 дена

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет2 дена

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Досие