Контакт

Свет

(Видео) Нереди во Франција по победата на десницата

Објавено пред

Илјадници луѓе се собраа во Париз на протест против десницата по објавувањето на резултатите од првиот круг од парламентарните избори во земјата.

dobivaj vesti na viber

Француските медиуми пренесоа дека демонстрантите демолирале излози, а имало судири со полицијата која , пак, возвратила со солзаевц.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во првите реакции по првиот круг од предвремените избори повика да се формира поширок републикански собир пред вториот круг од изборите. На европскиот самит во Брисел, откако минатата недела предупреди дека Франција ризикува „граѓанска војна“ доколку на власт дојде партијата предводена од Марин Ле Пен или левичарската коалиција „Новиот народен фронт“, Макрон рече дека неограничениот расизам и анти-семитизмот ќе бидат ослободени во земјата“.

Изборите беа ненадејно распишани од Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.

Свет

Зеленски: Потребен ни е уште еден продуктивен мировен самит

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го претстави новоименуваниот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха и изјави дека еден од приоритетите на работата на неговото министерство треба да биде одржувањето на продуктивен втор мировен самит оваа година.

dobivaj vesti na viber

 

„Потребен ни е продуктивен втор мировен самит оваа година. Тоа значи максимално вклучување на светот во имплементацијата на Формулата за мир и максимално зајакнување на нашите позиции за процесот на враќање на мирот да биде навистина фер“, рече Зеленски.

Според него, мирот за Украина и праведен крај на оваа војна не е само историска мисија, туку секојдневна и многу макотрпна работа.

„Убеден сум дека Украина е способна да заврши таква работа – да победи во оваа војна и да обезбеди мир“, рече тој.

Зеленски како еден од неговите приоритети го спомена и зголемениот фокус на соседните земји.

„Разбираме колку е тежок политичкиот процес, на пример, сега во Полска. Згора на тоа, таму наскоро ќе започне нов изборен процес. Ја разбираме ситуацијата во Унгарија, ја разбираме ситуацијата во Словачка, Молдавија, Романија. Сето тоа бара истрајност и заштита на украинските интереси, како и нашите заеднички интереси со нашите соседи“, нагласи украинскиот претседател.

Тој исто така истакна дека Украина треба да биде активна во сите региони во светот.

„За ова веќе е направено многу, но потребно е многу повеќе. Посебно се фокусираме на зајакнување на работата во Латинска Америка, Африка и азиските земји“, рече Зеленски.

Додаде дека итните потреби на фронтот и обезбедувањето одржливост на целата држава се од големо значење.

„Најавените одбранбени пакети мора да бидат доставени што е можно поскоро. Обезбедување на фронтот, заедничко одбранбено производство, … зајакнување на санкциите против Русија и користење на руските средства за доброто на украинската одбрана, поддршка за нашите заедници во странство“, нагласи Зеленски.

Тој подвлече дека стандард за украинските дипломатски работници во странство треба да биде длабокото разбирање на земјата домаќин.

 

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Пукање на границата помеѓу Грција и Турција: маж застрелан во ногата

Објавено пред

На грчко-турската граница дошло до пукање во кое е застрелан еден маж.

dobivaj vesti na viber

Турската полиција застрела грчки државјанин. Според локалните медиуми, Гркот со голема брзина влетал на граничниот премин Ипсала.

На видеото се гледа дека тој најпрво намерно налетал на мотоциклист кој бил паркиран покрај патот со својот автомобил и продолжил без да застане.

Возачот потоа наводно се упатил кон турските полицајци, кои потоа отвориле оган. „Прототема“ наведува дека бил застрелан во ногата и пренесен во болница.

Очигледно се работи за маж кој има проблеми од психолошка природа. За инцидентот бил информиран грчкиот конзул во Адрианопол.

Прикажи повеќе...

Регион

Покренато обвинение за 14-годишно девојче од Црна Гора кое планирало терористички напад во Австрија, во домот најдено оружје и материјали на ИСИС

Објавено пред

Во Грац е покренато обвинение против 14-годишно девојче кое беше уапсено во мај за планирање терористички напад со нож.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за дете по потекло од Црна Гора. Во Германија е уапсено уште едно лице кое го планирало овој терористички напад со неа.

Кај 14-годишното девојче е пронајден пропаганден материјал на Исламската држава, нож и секира, а полицијата ја пронашла преку активности и разговори на социјалните мрежи, јавуваат австриските медиуми.Флеш препорачува

Нападот бил планиран во центарот на Грац, а таа имала намера по случаен избор да ги избере жртвите, „неверниците“. Таа испратила слики од нејзините планови за напад преку Телеграм до истомисленици. Откако нападнала што повеќе луѓе, таа планирала самоубиство. Полицијата не знаела кога точно требало да се случи нападот.

„Кронен Цајтунг“ пишува дека станува збор за девојче од Црна Гора кое живее во Грац, но се’ уште нема австриско државјанство, пишува „Јутарњи лист“. Во куќата во која живеела запленети се оружје, облека и компјутер со податоци, а истражителите таму пронашле и пропагандни материјали на ИСИС, со бројни видеа од тепачки и егзекуции.

И покрај бројните докази, девојчето не признало дека го планирало нападот, а се чини дека нејзините родители не знаеле ништо за тоа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Најрано во јануари Јаневска очекува образовни асистенти и во средните училишта, неделава ќе се комплетираат во основните училишта

Проблемот со образовните асистенти за деца со попреченост во основните училишта ќе биде надминат до крајот на неделава откога родителите...

Македонија10 часа

Фирми земале субвенции а не плаќале закупнина и не го обработувале земјоделското земјиште: Трипуновски за скандалите од времето на Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека од денеска започнува со објавување на сите сомнителни случаи и...

Топ10 часа

Невистини се информациите за изградба на верски објект во Гостиварско, нема наредба за приведување лице

Јавното обвинителство реагира по повод најавите на социјалните мрежи дека наводно се апсат луѓе што градат верски објект во Гостиварско....

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Молк од Филипче и по неколку дена од објавувањето на информациите дека криел имот, надлежните веднаш да реагираат

Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се...

Македонија13 часа

СДСМ: Неисправните „ер трактори“ и полициските хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ велат дека навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација...

Македонија13 часа

„Влен“: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри

Од „Влен“ со потсетување дека изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни...

Македонија13 часа

Владата обезбедува по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрацијата

Иако претходната влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда...

Македонија14 часа

Нема активни пожари во државата: дождот помогна во нивното гаснење

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 22 пожари на отворен простор. Дождот помогна сите 22 пожари да бидат изгаснати,...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун: Го зголемуваме нуклеарниот арсенал за да се бориме против САД и нивните сојузници

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја експоненцијално ќе го зголеми својот нуклеарен арсенал за да биде подготвена да...

Македонија1 ден

Македонски туристи блокирани во близина на Химара: ги спасила полицијата

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата, објавија тамошните медиуми. На жената која се...

Македонија1 ден

Активни пет пожари во државата, шест се под контрола

Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни...

Топ1 ден

Ја нападнал со остар предмет и сакал да ја силува: осомничен 28-годишен штипјанец

Вчера во 17.00 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 02 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом...

Топ1 ден

Без дозвола вршеле сеча и дотур на дрва: лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради...

Македонија1 ден

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“ – Мицкоски нема капацитет за лидерство, велат од СДСМ

„Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“. Ова е најсоодветниот коментар на вчерашното излагање на Мицкоски по повод...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Зошто Филипче не ги пријавил петте стана во Скопје, уште кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години...

Топ1 ден

Загина кумановец: со мотоцикл излетал од патот

Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во...

Свет1 ден

(Видео) Се урна мост, возила паднаа во река: се зголемува бројот на жртви поради тајфунот „Јаги“

Обилните дождови продолжија во северниот дел на Виетнам откако тајфунот „Јаги“ ја погоди таа земја, кој предизвика лизгање на земјиштето,...

Свет1 ден

Захарова: „Русија веќе победи“

Одбивањето на повеќето земји да ја поддржат антируската линија и имплементацијата на најсложените механизми за одржување на стабилност претставуваат победа...

Свет2 дена

Трамп: Ќе депортираме мигранти без документи, тоа ќе биде крвава приказна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера ја засили својата антиимиграциска реторика предупредувајќи дека отстранувањето на мигрантите од САД би било...

Свет2 дена

Израелски пратеник: Почетокот на војната со Либан е прашање на денови, предградијата на Бејрут ќе бидат како Газа

Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди дека е „прашање на денови“ кога ќе избие вистинска војна меѓу Израел и...