Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби
Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да се самоубие, изјави гувернерот Хасан Шилдак за новинарите во понеделник, објавија новинските агенции.
Поранешниот ученик, на возраст од 19 години, отворил оган со пушка кон учениците и наставниците во средното училиште. Повредените биле итно префрлени во болница во округот Сиверек, рече Шилдак. Дванаесет од повредените се уште се во болница.
#SONDAKİKA | Şanlıurfa’da bir liseye silahlı saldırı düzenlendiği bildirildi.
⚫ Olay sırasında bazı öğrencilerin panik halinde kaçmak için camdan atladığı belirtilirken, yaralanma olduğu da aktarıldı. pic.twitter.com/hBbwrM3C6O
— Afroasya Today (@afroasyatoday) April 14, 2026
Мотивот за пукањето сè уште не е јасен.
Тој пукал неселективно
Младиот човек влегол во училиштето во округот Сиверек во покраината Шанлиурфи рано утрово и отворил оган неселективно, објави новинската агенција Демирорен.
Şanlıurfa'da saldırı düzenlenen okul tahliye edildi.
Saldırganın etkisiz hale getirilmesi için çalışmalar sürüyor. pic.twitter.com/NCmpRGvN5x
— 23 DERECE (@yirmiucderece) April 14, 2026
Осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, се вели во извештајот, пред да се самоубие, додаде Шилдак.
Свет
Претставник на Иран во ОН: Земјите што им помогнаа на САД и Израел во војната да платат отштета
Претставникот на Иран во Обединетите нации (ОН) побара обештетување од земјите за кои тврди дека учествувале во нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз таа земја.
Претставникот Амир-Саид Иравани тврди дека Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Јордан го прекршиле меѓународното право, објавува Гардијан.
Тој рече дека земјите мора „да ја компензираат целосната штета предизвикана на Исламската Република Иран, вклучително и исплатата на обештетување за целата материјална и морална штета предизвикана од нивните меѓународни прекршувања“.
Иравани вчера ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД како „тешко кршење“ на неговиот суверенитет.
Свет
Ракети погодија брод во Оманскиот Залив
Товарен брод е погоден од две неидентификувани ракети во Оманскиот Залив, соопшти агенцијата UKMTO.
На бродот избувнал пожар, а пакистански воен брод пружил помош, објави UKMTO.
Нападот се случил околу 112 наутички милји југоисточно од Рас Ал Хад во Оман, се додава во објавата на платформата Икс.
„Не е познато кој стои зад нападот. Ќе ве известиме штом ќе имаме повеќе информации“, додаваат од UKMTO.
