Контакт

Свет

(Видео) Ова е напаѓачот што уби 18 деца – објавена е снимка пред да го почне масакрот

Објавено пред

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП и „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот на суров и луд начин уби 18 ученици и наставници“, изјави Грег Абот.

Осомничениот, 18-годишниот Салвадор Рамос, исто така беше убиен од полицијата во трагедијата во основното училиште „Роб“, 130 километри од градот Сан Антонио.

„Тој излегол од возилото. Имал пиштол и, најверојатно, пушка. Живеел во Увалде, Тексас. Го убиле полицајците што дошле на местото на настанот“, рекол гувернерот. Пред нападот на училиштето ја убил и својата баба.

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа моментот кога напаѓачот влегол во основното училиште пред да почне да убива невини жртви.

Пукањата на јавни места се речиси секојдневно во Соединетите Американски Држави, а вооруженото насилство е во пораст во големите градови како Њујорк, Чикаго, Мајами и Сан Франциско, особено по пандемијата во 2020 година.

Во средината на мај Америка беше потресена од расистички вооружен напад, во кој загинаа 10 црнци во продавница во Бафало, Њујорк, пренесе „Индекс.хр“.

Свет

(Видео) Масовно пукање на парада во САД, има мртви, напаѓачот и натаму е во бегство

Објавено пред

Празничната парада во САД на 4 јули се претвори во хаос, врескање и паника кога имаше пукање за време на настанот во Хајленд Парк во Илиноис.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели проследени со паника.

Најмалку 9 лица загинале, а десетици се ранети, информираа од полицијата.

Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земјата.

Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-ен-ен дека слушнал 20-25 истрели.

Напаѓачот пукал од врвот на една од околните згради и сѐ уште не е уапсен.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека неговата земја организира свадба веќе три години и дека чека невестата да пристигне од Брисел, но ја нема.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека преговорите требаше да се отворат пред многу години, можеби ќе биде в година, но нема да се откажеме од сонот. Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Ја чекавме невестата да дојде од Брисел, но таа не дојде“, изјави Рама.

Тој истакна дека ЕУ треба да го смени својот став и да не им остава на политичарите да се занимаваат со историјата, како што е случајот со Бугарија.

„Ние сме Балканот што доаѓа со некои проблеми, сакаме да бидеме дел од ЕУ, а потоа ако земјите како Бугарија во овој случај го користат ветото за да разговараат за историјата на политичко ниво, тоа е уште покомплицирано. Генерално, јас мислам дека секогаш кога политичарите се занимаваат со историјата за да ја решат, најверојатниот резултат е историјата да се направи уште покомплицирана. Сето ова е срам, но срам поврзан со духот на експанзијата. Бугарија е најистакнат пример за овој изопачен дух. ЕУ мора да се промени, не смее повеќе да функционира вака, една држава да зема друга земја како заложник“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници

Објавено пред

Во неделата борбени авиони „ФА-18“ на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион „изиџет“, кој летал кон шпанскиот град Махон.

dobivaj vesti na viber

Патничкиот авион полетал од Англија.

На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „ербас“.

Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач.

Авионот, како што се наведува, по слетувањето, веднаш бил отстранет од главниот терминал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија12 часа

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија13 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија14 часа

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет17 часа

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија17 часа

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија18 часа

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија20 часа

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...

Македонија20 часа

Демократскиот сојуз за францускиот предлог: Да се промени преговарачката рамка

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледал модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со...

Свет21 час

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град...

Свет21 час

(Видео) Очевидци за крвавиот настан во Копенхаген: Ги мамеше луѓето да му се приближат

Напаѓачаот од Копенхаген се обидел да ги намами жртвите велејќи им дека неговото оружје е лажно, за да ги натера...

Свет22 часа

(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската...

Свет23 часа

Украина објави список со барања за продолжување на преговорите со Русија

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со...

Свет1 ден

Зеленски: Украинските војници се повлекоа од Лисичанск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас. Тој вети дека ќе...

Македонија1 ден

Дејвид Гир: Чисто е, одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања

Дејвид Гир – амбасадорот на Европската Унија во земјава со поддршка за Северна Македонија за побрзо отпочнување на пристапните преговори....

Македонија1 ден

(Видео) Протестот против францускиот предлог и денеска пред Владата

Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање...

Македонија2 дена

Димитров: Со францускиот предлог Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ и еден од потписниците на Преспанскиот договор – Никола Димитров на Фејсбук детално...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски: Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го отфрли предлогот, а јас да се повлечам од барање предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот...