Свет
(Видео) Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Во продолжениот ноќен напад со руски беспилотни летала загина жена во регионот на главниот град Киев и беа повредени најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, соопштија украинските власти, додека Москва ги засили нападите по мировните преговори во петокот.
„За жал, како резултат на непријателски напад во округот Обухив, една жена почина од повредите“, објави Микола Калашник, гувернер на регионот Киев, во апликацијата Телеграм.
Киев, регионот околу него и голем дел од источната половина на Украина беа под воздушни напади шест часа преку ноќ. Единиците за воздушна одбрана беа распоредени неколку пати обидувајќи се да ги одбијат нападите, објави војската на Телеграм.
Overall, the Kyiv region has been subjected to a massive russian drone attack for more than eight hours.
One person has been killed and three injured, including a 4-year-old child. Residential buildings were damaged. A fire broke out at a feed factory. pic.twitter.com/fDRCI5QyBy
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) May 18, 2025
Неуспех на преговорите за прекин на огнот
Првите директни разговори меѓу Русија и Украина во петокот за три години не доведоа до прекин на огнот на кој инсистираа Киев и неговите сојузници, во војната што трае повеќе од три години. Разговорите во Истанбул резултираа со договор за размена на 1.000 воени заробеници од секоја страна.
„Беше тешка ноќ. Русите отсекогаш користеле напади за да ги заплашат другите страни во преговорите“, рече Андриј Коваленко, раководител на украинскиот Центар за борба против дезинформации, на Телеграм за нападот во недела.
До 16:00 часот на 17 мај, руските сили лансираа 273 дронови за напад и други видови дронови-мамки од различни локации, вклучувајќи ги Брјанск, Курск, Орел, Милерово и Приморско-Ахтарск.
Украинските одбранбени сили успешно соборија 88 руски дронови, додека 128 непријателски дронови исчезнаа од радарот.
Тензиите се зголемуваат по нападот врз автобусот
Во саботата, руски напад со беспилотно летало уби девет цивили откако удри автобус во Сумскиот регион во североисточна Украина. Претседателот Володимир Зеленски го нарече нападот „намерен“ и побара построги санкции кон Москва, која тврди дека нападнала воен објект.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во понеделник ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски.
Обемот на нападот во неделата сè уште не е јасен. Според неколку канали на Телеграм што ја следат војната, во еден момент имало повеќе од 80 дронови на украинското небо, кои доаѓале од Русија.
„Сите повредени во областа Обухив јужно од Киев се хоспитализирани, вклучувајќи и едно четиригодишно дете“, рече Калашник. Неколку станбени згради беа оштетени во областа.
Сведоците на Ројтерс во и околу Киев слушнале експлозии што звучеле како единици за воздушна одбрана во акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран му одговори на Трамп: Сигурно нема да преговараме со небитен воен хушкач

Мисијата на Иран во Обединетите нации одговори на тврдењето на Доналд Трамп дека Техеран му пристапил на Вашингтон.
„Ниту еден ирански функционер никогаш не побарал да ползи пред вратата на Белата куќа. Единственото нешто поодвратно од неговите лаги е неговата кукавичка закана дека ќе го отстрани врховниот лидер на Иран“, се вели во соопштението.
Како што се додава, Иран не преговара под присила, не прифаќа мир под принуда и сигурно не со ирелевантен воен провокатор кој очајно се обидува да остане релевантен.
Во продолжение се вели и дека Иран на секоја закана ќе одговори со контразакана и секој напад ќе биде возвратен.
Претходно денес Трамп рече дека Иран предложил да дојде во Белата куќа оти е во проблеми и сака да преговара.
Свет
Трамп: Иран има многу проблеми и сака да преговара

Американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше со новинарите на тревникот во Белата куќа. Тој беше прашан дали САД се поблиску до напад на иранските нуклеарни постројки.
„Навистина мислите дека ќе одговорам на тоа прашање? „Дали ќе го нападнете иранскиот нуклеарен објект и точно во колку часот, господине ќе го нападнете?“
Тој додаде: „Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе направам. Можеби нема да направам“. Тој вели дека „никој не знае што ќе направат“, но дека може да го каже ова: „Иран има многу проблеми и сака да преговара“. „И јас им реков: „Зошто не сакавте да преговарате со мене пред сета оваа смрт и уништување? Зошто не дојдовте? Им реков на луѓето: зошто не преговаравте со мене пред две недели?“
Тој рече и дека Иран дури и предложил да дојде во Белата куќа.
„Тие имаа лоши намери. Знаете, 40 години велат: смрт на Америка, смрт на Израел, смрт на кој било друг што не го сакаат, каде било“, додаде.
„Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. Но ќе видиме што ќе се случи“. Тој исто така рече дека „ништо не е готово додека не заврши“ и дека војната е „многу сложена“. „
„Не би рекол дека сме победиле“, рече тој. „Но, би рекол дека сигурно постигнавме огромен напредок. И ќе видиме. Следната недела ќе биде многу важна. Можеби помалку од една недела, можеби порано“.
Свет
(Видео) Нов напад на Израел врз Иран

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели во областа Техеран. Иранската револуционерна гарда објави дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.
Новинската агенција Фарс јавува дека експлозии се слушнале во градот Карај, западно од Техеран. Во извештајот се додава дека противпожарните и спасувачките возила се на терен, во близина на аеродромот Пајам. На социјалните мрежи кружат снимки од нападот.
An Israeli airstrike targeted the Iranian Public Security Police, FARAJA, Headquarters, located on Rashid Yasemi Street in the capital Tehran. pic.twitter.com/5b1ccweOQX
— OSINTWarfare (@OSINTWarfare) June 18, 2025
„Израелските воздухопловни сили го уништија седиштето на иранската внатрешна безбедност“, објави израелскиот министер за одбрана. „Торнадото сè уште го погодува Техеран“, изјави Израел Кац.
„Воените авиони сега го уништија седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главниот репресивен апарат на иранскиот диктатор“.
‼️🚨⚡️An Israeli air strike on Tehran police headquarters on Rashid Yasemi Street. pic.twitter.com/Z6WcLHA26f
— MOSCOW NEWS (@MOSCOW_EN) June 18, 2025
Иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека израелски воздушен напад погодил област во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран.
„Израелски напад беше пријавен во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран“, се вели во соопштението на Прес ТВ на Телеграм.
Непосредно пред објавувањето на веста за нападот, израелската војска објави дека нејзините воздушни сили изведуваат напади врз „воени цели на иранскиот режим во Техеран“.
JUST IN: The Police Command Headquarters in Tehran, Iran, was just hit by an attack.#Israel #Iran pic.twitter.com/LtQvl5cAWe
— X News (@X_News09) June 18, 2025