Свет
(Видео) Откриен голем синџир на педофилија во Америка, злоупотребени 90.000 деца

Речиси 90.000 жртви на сексуална злоупотреба во американска извидничка организација (Boy scouts of America) поднеле барање за отштета.
Адвокатот на жртвите, Мајкл Фау, рече дека пристигнале 88.000 барања, а бидејќи можноста за поднесување е сè уште отворена, тој ги очекува сите 100.000, објави АФП.
„Зачудени сме од тоа колку луѓе биле злоупотребени во извидувачите, но и од храброста на оние кои се подготвени да излезат и да разговараат за тоа. Нашите срца се скршени затоа што не можеме да ја вратиме нивната болка”, соопшти американската организација на извидници, пренесува „Спутник“.
Тие додадоа дека намерно овозможиле процесот на поднесување на отштета да биде лесно достапен, за да им помогнат на жртвите да добијат надомест.
„Одговорот на жртвите што следуваше беше многу вознемирувачки. Ние длабоко се извинуваме”, се вели во соопштението на организацијата.
Организацијата „Boy scouts of America“ постои 110 години и во моментов има 2,2 милиони членови на возраст од 5 до 21 година.
Организацијата, по бројните обвинувања за сексуална злоупотреба, поднесе барање за банкрот со цел да избегне директно наплата на штета и истовремено да овозможи нејзина исплата од фондот за компензација.
Вредноста на оваа организација во моментов се проценува на една милијарда долари, но не е познато колку се подготвени да одвојат во фондот за компензација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес го погоди Чиле

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле.
Епицентарот бил во близина на местото Тома, на длабочина од 15 километри.
Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.
Свет
Путин потпиша указ за регрутација на 147.000 Руси од 1 април

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ за пролетен воен рок, според кој 147.000 лица ќе бидат повикани да и’ се приклучат на руската војска од 1 април до 15 јули.
„Од 1 април до 15 јули 2023 година ќе се врши регрутирање на руски државјани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резервен состав и се предмет на воена служба. Тоа се однесува на 147.000 луѓе“, се наведува во указот на рускиот претседател.
Владата, регионалните власти и договорните комисии добија инструкции да обезбедат спроведување на активностите за регрутирање.
Европа
(Видео) Пратеници во Австрија ја напуштија седницата додека се обраќаше Зеленски

Австриските екстремно десничарски пратеници ја напуштија седницата на Долниот дом на парламентот за време на виртуелното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тоа е кршење на статусот на неутралност на Австрија.
Членовите на Партијата на слободата на Австрија (FPO) ги напуштија своите места кога Зеленски го започна своето видео обраќање, оставајќи мали картички на нивните работни маси со логото на партијата и порака „простор за мир“.
Austrian politicians walk out of Zelensky speech pic.twitter.com/EEdclVrg8M
— Clown World ™ 🤡 (@ClownWorld_) March 30, 2023
Партијата предупреди неколку дена претходно дека ќе организира некаква форма на протест против виртуелното обраќање на украинскиот претседател во австрискиот парламент.
„Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата вечна неутралност, а со тоа се залага за мир“, изјави лидерот на ФПО, Херберт Кикл.
Во своето обраќање, Зеленски се заблагодари на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е чистењето мини, додавајќи дека „важно е да не се биде морално неутрален кон злото“.
Австрија не е дел од НАТО и не испорачува оружје на Украина. Сепак, на Украина и’ обезбеди хуманитарна помош и шлемови и заштитни елеци за цивилна употреба.
Австрискиот канцелар Карл Немер минатата недела на „Твитер“ го нагласи статусот на неутралност на неговата земја, велејќи дека иако неговата земја е воено неутрална, „разбираaт дека мора да помогнат таму каде што се случуваат неправди и воени злосторства“.
ФПО одржуваше блиски врски со Русија во минатото, а во 2016 година партијата потпиша договор за соработка со Единствена Русија, конзервативната партија која има мнозинство во рускиот парламент.
Во 2018 година, рускиот претседател Владимир Путин беше забележан во Австрија како гостин на свадбата на Карин Кнајсл, членка на ФПО и тогашна австриска министерка за надворешни работи, јавува Си-Ен-Ен.