Свет
(Видео) Пастор уапсен во Велика Британија зашто рекол дека бракот е помеѓу маж и жена

71-годишен христијански пастор, кој беше уапсен по проповедта од Библијата во вторникот, го опиша третманот кон него како срамен бидејќи бил обвинет за хомофобични забелешки бидејќи го дефинирал бракот како врска меѓу маж и жена, пренесува „Дејли мејл“
Пасторот Џон Шервуд бил уапсен пред станицата „Уксбриџ“ во западен Лондон, однесен со лисици и испрашуван во полициска станица, во која бил задржан преку ноќ. Шервид вели дека добил модринки кога полицијата му ги фатила рацете зад грбот и го одвлечкала од мини скалата на која бил качен.
„Јас не ширев хомофобични коментари, туку само го дефинирав бракот како врска помеѓу маж и жена. Го кажував само она што го вели Библијата – не сакав да повредам или навредам“, вели Шервуд, кој е пастор повеќе од 35 години.
„Го правев она што го е наведено во описот на мојата работа, а тоа е да го проповедам евангелието под отворено небо како и во црквата. Кога полицијата ми пријде, објаснив дека ги остварувам мојата верска слобода и совеста. Бев насила повлечен од скалите и добив повреда на зглобот и на лакотот. Ме третираа срамно. Не требаше да се случи тоа“, додава тој.
Шервуд, кој проповеда во независна евангелистичка црква во северен Лондон, бил уапсен за наводно предизвикување тревога или вознемиреност според законот за јавен ред и мир на Велика Британија. Тој бил ослободен без обвинение иако Обвинтелството наводно го разгледува неговиот случај.
Шервд бил уапсен по пријава на случаен минувач, кој алармирал патролни полицајци тврдејќи дека Шервуд шири хомофобични забелешки. Како што може да се види на видеото, додека полицајците му ставаат лисици на Шервуд и го придружуваат до полициско возило, набљудувачите викаат: „Тој е постар човек – пополека со него“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Захарова: Нема легален начин да украдеш нешто од другите и да си го земеш за себе

Русија ќе возврати на обидите на Западот да ги заплени руските средства за да и ги предаде на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Обидите за посегнување на рускиот имот и средства ќе се сметаат за грабеж и нема да останат без одговор – изјави таа за новинарите.
Захарова посочи дека не постои правен начин за експропријација на рускиот имот, пренесе ТАСС.
– Се разбира, разбирам дека во светот што сега го наметнува колективниот Запад се е можно, но ако зборуваме за право и правда кои важат со децении, не постои легален начин да се украде нешто од другите и да го земете за себе – нагласи Захарова.
Свет
ФБИ го претресува домот на Бајден

ФБИ го претресува домот на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат, а пренесе Би-би-си. Адвокатот на Бајден вели дека претседателот не барал налог за претрес.
Да потсетиме, минатата есен во приватната канцеларија на Бајден беа откриени доверливи документи, а јавноста за тоа дозна минатиот месец.
Документите датираат од времето кога Бајден беше потпретседател за време на двата претседателски мандати на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд побара од државниот обвинител во Чикаго да го истражи случајот.
Адвокатите на Бајден тврдат дека ги пронашле доверливите материјали во ноември за време на затворањето на канцеларијата на Бајден во Вашингтон.
Бајден ја искористи канцеларијата како дел од неговата соработка со Универзитетот во Пенсилванија, каде беше почесен професор од 2017 до 2019 година, пишува Си-ен-ен.
Во канцеларијата биле пронајдени помалку од десетина доверливи документи, потврдил извор за Си-Ен-Ен.
Се уште не е јасно на што се однесуваат документите и зошто се однесени во приватната канцеларија на Бајден,пренесе Индекс.хр.
Свет
Американка уапсена во Москва откако прошетала теле низ Црвениот плоштад

Американката Алиша Деј е уапсена денеска и осудена на руски суд откако прошетала теле низ Црвениот плоштад во Москва, објави Ројтерс.
Според руските државни медиуми, Алиша Деј рекла дека го купила телето за да го спаси од колење.
Деј беше казнета со 285 долари за попречување на пешаците за време на нејзиниот незаконски протест и беше осудена на 13 дена затвор поради непочитување на полициската наредба,пренесе Танјуг.