Контакт

Регион

(Видео) Пернар исфрлен од хрватското собрание додека извикувал „сведоци умираат, а ХДЗ краде“

Објавено пред

Хрватскиот опозициски пратеник Иван Пернар повторно на раце беше изнесен од Собранието, откако почна да извикува „Сведоци умираат, а ХДЗ краде“. Пернар, за кого се знае дека почесто е во рацете на собраниското обезбедување отколку во парламентарните клупи, праша зошто судењата во Хрватска траат толку долго, што и сведоците умираат.

„Жал ми е што го користите истиот модел на самопромоција, испраќате многу грда порака“, му одговори Милијан Бркиќ (ХДЗ), кој претседаваше со седницата  и ги замоли членовите на собраниското обезбедување да му ја покажат „излезната врата од салата“.

„ХДЗ украде 24 милиони куни преку Фими Медија, со смртта на Невенка Јурак, умре главниот сведок во тој судски процес. Многу е веројатно дека ХДЗ никогаш нема да биде осуден за ова. Ќе ги задржат парите што ги украле “, викаше Пернар додека го изнесуваа од салата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Претседателството на Србија: Здравствената состојба на Вучиќ е стабилна

Објавено пред

Претседателството на Србија за Н1 потврди дека здравствената состојба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е стабилна.

Засега не е познато кога тој ќе биде пуштен на домашно лекување, што ќе зависи од проценката на лекарите, велат од Претседателството.

Вучиќ вчера бил примен во ВМА поради кардиоваскуларни проблеми.

Прикажи повеќе...

Регион

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Објавено пред

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун кај Алексинац, објави новинската агенција Бета.

Шлеперот го возел 38-годишен возач, македонски државјанин. Според полицијата, возачот со Брза помош бил префрлен и Клиничкиот центар во Ниш, но нема информации за тежината на неговите повреди. Сообраќајот на таа делница од автопатот кон Белград е запрен, откако кабината и приколката од камионот целосно го препречиле патот. Кабината, според тамошните медиуми, делумно ја пробила и заштитната ограда.

Причините се превртување на камионот не се познати.Сообраќајот ќе биде во прекин се додека камионот не биде тргнат од коловозот.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Објавено пред

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден е црвен аларм за екстремно опасно време на Јадранот, што се случува само неколку пати годишно. Невремето почна вчера, а метеоролозите најавуваат дека ќе продолжи и во наредните денови.

Opatija upravo, more divlja i dalje. Video: Ana-Marija Burlovich

Posted by IstraMet on Петок, 15 ноември 2019

Според прогнозите, овој дел на Европа ќе биде под влијание на силен циклон, и во наредните два дена. Првото невреме било забележано вчера во попладневните часови, а во 19 часот биле најсилните налети на ветрот во Сплит. Силен налет на ветер од 105 километри на час бил измерен во станицата во Сплит.

Во прекин се бројни траектни, бродски и катамарански линии од северен Јадран до Дубровник. Поради силниот ветер на некои патишта сообраќајот е ограничен само на патнички, додека на камионите и автобусите им е забрането движење.

Поради невремето кошто што трае со денови, тони отпад се депонирани во околината на Дубровник, но и на бреговите на далматинските острови како Корчула, Мљет, Ластово на Јадранот. Станува збор претежно за отпад од Албанија, кој што најпрво се фрла во реките, по што завршува и во морето, пренесува „Далмација денес“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ3 часа

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ4 часа

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ6 часа

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт6 часа

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија7 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион7 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион7 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион8 часа

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија8 часа

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија8 часа

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет9 часа

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија21 час

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија22 часа

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата23 часа

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија23 часа

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ1 ден

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ1 ден

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија1 ден

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија1 ден

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Досие