Свет
(Видео) Петмина загинаа кога хеликоптер падна во река во Њујорк

Петмина патници загинаа кога во Ист Ривер во Њујорк се урнал хеликоптер во кој патувале шест лица, пренесоа официјални лица. Единствениот што успеал да преживее бил пилотот на хеликоптерот, кој бил спасен од луѓе што минувале со чамец.
Портпаролот на градоначалникот Бил де Бласио, Ерик Филипс, синоќа на „Твитер“ објави дека има барем еден преживеан и најмалку две жртви. Нуркачите сè уште се во вода“. Сепак, според најновите информации што ги потврдил и портпаролот на полицијата, загинале пет лица. Од нив, двајца биле прогласени за мртви на самото место, а три лица биле однесени во болница во критична состојба.
Федералната администрација за воздухопловство соопшти дека околу 19 часот во водата во близина на северниот дел на островот Рузвелт се урнал „еврокоптер АС 350“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Масовни апсења по насилните демонстрации во Атина

Серија вандалски напади насочени кон продавници, филијали на банки и згради на државни служби се случија синоќа низ Атина.Од полицијата соопштија дека утрово се пријавени штети во 13 продавници и на пет банкомати, како и на влезови во три згради од кои во една е општинската даночна канцеларија и една служба за урбанизам, како и во канцелариите на Водовод, објави весникот „Катимерини“.
Полицијата, исто така, соопшти дека за време на вчерашните демонстрации на 11-годишнината од смртта на едно момче за време на полициски напад, немало неочекувани проблеми, бидејќи полицијата била подготвена и веднаш се спротивставила на групите кои се обиделе да извршат незаконски дејствија, гаѓајки ги полицајците со „молотови коктели“ и други предмети.
Во Атина се уапсени 50 лица, а еден полицаец е повреден.Во пристанишниот и универзитетскиот град Патра, на Пелопонез, се уапсени 19 лица, а двајца полицајци се повредени.
Осум лица се уапсени во Солун.
Свет
Белата куќа: Подготовката на обвинение против Трамп е лакрдија

Белата куќа потврди дека нема да учествува во работата на Претставничкиот дом во постапката за подготовка на формално обвинение против американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја „лакрдија“.
„Како што знаете, вашата истрага за подготовка на обвинение е целосно правно неиздржлива“, напиша адвокатот на Белата куќа, Пет Чиполоне во писмо до демократскиот пратеник Џери Надлер, претседател на Одборот за правда во Претставничкиот дом.
Белата куќа, до синоќа требаше да донесе одлука дали ќе учествува преку адвокат во подготовката на обвинението од страна на Одборот за правда. Демократите во четвртокот објавија дека Претставничкиот дом, во кој тие имаат мнозинство, ќе почнат со подготовка на обвинение против американскиот претседател. Меѓу точките во обвинението би можело да биде и опструирање на Конгресот. Потоа, ќе се одржи импичмент, прво во Одборот за правда, а потоа и на пленарна седница.
Свет
Лавров идната недела на средба со Помпео

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров идната недела ќе го посети Вашингтон за да се сретне со државниот секретар Мајк Помпео, соопштија американски официјални претставници.Помпео ќе биде домаќин на Лавров во вторник.
Како што наведуваат медиумите, Помпео и Лавров ќе разговараат за контролата на оружјето, ситуацијата во Украина и Сирија и други прашања околу тензичните односи меѓу САД и Русија.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци