Свет
(Видео) Пет светски настани што ја одбележаа 2020, а не се за коронавирусот

Кога ќе се спомене 2020 година, сите веднаш помислуваат на Kовид-19 и тоа е во ред. Но, оваа година имаше и други светски настани што ќе влијаат на случувањата во годините што претстојат.
Макар и без пандемијата на коронавирусот, идните историчари 2020 година ќе ја сметаат за година полна со настани што го сменија светот.
Од претседателските избори во Америка до повеќемесечните протести против „последниот европски диктатор“, ова се пет настани што ќе го обликуваат светот во следните години.
Бајден го победи Трамп на изборите во САД
Очите на целиот свет во ноември беа свртени кон САД – и сите едвај чекаа да дознаат дали најголемата економска и воена сила на светот ќе ја води Доналд Трамп уште четири години или ќе му биде препуштена на демократскиот кандидат Бајден.
Иако изборите беа одржани на 3 ноември, борбата беше тесна и неизвесна во некои клучни земји, па дури по неколку дена, Џо Бајден беше проектиран како победник додека броењето на гласовите продолжи.
Сепак, Трамп не го прифати поразот велејќи дека изборите се лажни и дека станува збор за изборна измама од страна на демократите, без да наведе докази.
Бајден победи со рекордни 81.283.385 гласа наспроти 74.2223.744 на Трамп, а Изборниот колеџ ја потврди победата на Бајден – 306 изборни гласа, а Трамп освои 232.
Велика Британија излезе од Европската Унија
Велика Британија официјално ја напушти Европската Унија на 31 јануари оваа година – но, со преоден рок како дел од договорот за повлекување.
Ова е првпат некоја држава да го напушти блокот, а долгорочните последици допрва треба да се видат.
Напуштањето се случи четири години по референдумот, а земјата за тоа време смени дури тројца премиери. Сагата траеше до крајот на 2020 година, а Велика Британија и ЕУ се бореа за трговскиот договор и другите аранжмани.
Европската Унија и Велика Британија постигнаа трговски договор по неколкумесечни несогласувања во врска со правата за риболов и идните бизнис-правила.
Договорот е постигнат една недела пред истекот на транзицискиот период на брегзитот.
Револуција во Белорусија
Александар Лукашенко, кого некои го нарекуваат последен диктатор на Европа, победи на претседателските избори во август, тврди неговиот режим.
Сепак, западните влади, ЕУ и голем дел од белоруското население не се согласуваат тврдејќи дека изборите биле наместени во корист на Лукашенко, кој е претседател 26 години – и е единствениот претседател што некогаш го имала земјата.
Предводена од коалиција на жени лидери, опозицијата забележа огромна поддршка во јавноста во изборниот круг, а по објавувањето на резултатите, се одржаа невидени протести во целата земја.
И покрај репресијата од страна на државните безбедносни сили, која опфаќаше илјадници апсења, обвинувања за тортура и смрт на голем број активисти, протестите продолжуваат да се одржуваат на улиците на Минск и другите градови.
Лидерот на опозицијата, Светлана Тихановскаја, беше противкандидат на изборите по апсењето на нејзиниот сопруг. Оттогаш се наоѓа во егзил, а другите опозициски лидери се принудени да ја напуштат земјата или се во затвор.
Оставка на владата во Бејрут по катастрофалната експлозија во пристаништето
Речиси 200 лица загинаа, а илјадници беа повредени во катастрофалната експлозија во пристаништето Бејрут на почетокот на август.
Но, последиците од таа експлозија ги надмина штетите, смртта и уништувањето што го предизвика, што на крајот доведе до оставка на владата по негодувањето во јавноста и меѓународниот свет.
Попладнето на 4 август, огромна експлозија, толку моќна што се почувствува и на стотици километри оддалеченост, во Израел и на Кипар, го потресе Бејрут.
Официјални лица изјавија дека тоа е предизвикано од согорување речиси 2.750 тони амониумнитрат, индустриско ѓубриво што стоело со години на пристаништето, неправилно складирано.
Потврдено е дека повеќе од 200 лица загинаа од експлозијата, илјадници беа хоспитализирани, а околу 300.000 луѓе останаа без покрив над главата поради широкораспространетата штета нанесена во поголемиот дел од градот.
Кога беше откриена причината за експлозијата, со потенцијално опасна супстанција што се чувала погрешно, се зголеми гневот во земјата.
Неколку дена по експлозијата – владата поднесе оставка
Премиерот на Либан, Хасан Дијаб, е само еден од официјалните лица што се соочуваат со обвиненија за експлозијата. Судијата што ја поднесе тужбата рече дека министрите добиле неколку предупредувања за амониумнитрат и дека не презеле никакви мерки за да го спречат тоа што се случило.
Движењето Black Lives Matter се прошири на глобално ниво
Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд (46), кој почина кога полицаец го стисна за вратот и клечеше врз него повеќе од осум минути за време на апсењето, доведе до големи протести не само во САД, каде што се случи инцидентот, туку и во целиот свет.
Флојд беше уапсен на 25 мај кога наводно се обидел да плати продукти со фалсификувани пари. Дерек Шовин, белец, полицаец од Минеаполис, клечеше врз неговиот врат, додека другите полицајци му помагаа да го задржи Флојд на земјата или ги спречуваа минувачите да помогнат.
Кога снимките од неговата смрт многу бргу се проширија и се споделуваа, имаше големи протести против полициската бруталност и расна неправда, првично локално, пред тие да се прошират во САД, а потоа и во целиот свет.
Имаше демонстрации во европските градови, каде што се појавија прашања за тековната расна нееднаквост, полициската бруталност и за историски прашања, како што е колонијализмот.
Движењето Black Lives Matter, основано во 2013 година по убиството на тинејџерот Трејвон Мартин, доби меѓународно внимание по смртта на Флојд, а организации беа основани во многу земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција доби брзи тестови кои се изведуваат преку примерок од плунка

Грција веќе нуди нова можност за дијагностицирање на Ковид-19 преку брз тест со примерок од плунка.
Покрај тоа што се брзи, овие тестови се поевтини и полесни за изведување, јавуваат медиумите во Грција.
Овие тестови даваат непосредни резултати и може да бидат решение за намалување на ширењето на Ковид-19, преку можноста за рано дијагностицирање.
Тестот за брзо откривање со плунка дава резултати во рок од 15 минути и е погоден за деца.
Свет
Две судијки убиени во Авганистан

Неидентификуван напаѓач уби две судијки во авганистанскиот главен град Кабул.
Судиите работеле во Врховниот суд, изјави портпаролот на судот, Ахмад Фахим Кавем за ДПА.
Во меѓувреме, авганистанското Министерство за внатрешни работи потврди дека две жени биле убиени и уште една ранета, но жртвите не се именувани.
Судијките биле на пат кон своите канцеларии кога биле нападнати во полицискиот кварт на градот.
Ниту една група сè уште не презеде одговорност за нападот.
Безбедносната состојба останува еден од главните предизвици во правосудството, за да се обезбеди целосна имплементација на законот во земјата.
Во 2019 година, во извештајот на Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан беше наведено дека биле убиени 13 судии и 19 обвинители.
Свет
Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во заминување веднаш штом ќе ја преземе функцијата по инаугурацијата в среда.
Бајден исто така планира да се посвети на борбата против пандемијата на коронавирус, изјави денеска неговиот шеф на кабинетот.
Ова ќе биде само почеток на десетдневната серија претседателски декрети насочени кон промена на курсот на САД по заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа.
Веднаш по инаугурацијата, Бајден ќе ја укине забраната за влез во САД за државјани на некои земји со мнозинство муслимани. Оваа забрана беше изгласана само неколку дена откако Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.
Понатаму, извесно е дека САД ќе се приклучи кон Парискиот договор за климатски промени и ќе пропише задолжително носење заштитни маски.
Ова се само дел од мерките наведени во писмото на идниот шеф на кабинетот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира