Свет
(Видео) Под џамија во Газа пронајден објект за производство на ракети на Хамас, соопшти израелската војска

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека пронашла објект под џамија во населбата Зејтун во градот Газа, што палестинската милитантна група Хамас наводно ја користи за производство на ракети.
„Џамијата во областа Зејтун се користеше како лабораторија за правење оружје“, изјави портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, на прес-конференција, пишува „Тајмс оф Израел“.
Destruction de munitions cachées dans une mosquée, un tunnel autour d’une école et un site militaire d’entrepôts sous-terrains remplis de munitions dans la zone urbaine de Beit Hanoun et Zeitoun. La division 36 de l’armée israélienne au cœur des combats. @i24NEWS_FR pic.twitter.com/oUjNY0Moqu
— Matthias Inbar (@MatthiasInbar) November 20, 2023
Тој додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки.
Но, според неговите зборови, кога влегле во зградата, нашле тунелско окно и скалила.
„Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам“, рече Хагари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прекинати преговорите меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците

Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците држени во Газа прекинаа денеска откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на група жени, а Хамас одби, изјави за „Си-Ен-Ен“ извор запознаен со преговорите.
Додека преговорите за жените беа во ќорсокак, Хамас се залагаше за отворање на разговорите за ослободување на мажите, според изворот, веројатно под различни услови. Израел ја отфрли идејата, инсистирајќи на тоа дека е императив прво да се ослободат сите жени.
Израелските и американските власти веруваат дека Хамас сè уште држи во заложништво голем број жени на возраст меѓу 20 и 30 години – многу од нив киднапирани од музичкиот фестивал. Хамас тврди дека некои од преостанатите жени ги смета за заложници како дел од израелските одбранбени сили, што Израел го негира.
Претходно во саботата, израелската влада објави дека го повлекла својот тим преговарачи од Катар откако разговорите дојдоа во ќорсокак.
„Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој вклучуваше враќање на сите жени и деца држени како заложници, во согласност со списокот испратен до Хамас и одобрен од нив“, се вели во соопштението.
Свет
(Видео) Опасноста од цунами на Филипините е надмината, објави Геолошкиот институт на САД

Врз основа на сите достапни податоци, заканата од цунами од земјотресот на Филипините сега помина, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Сепак, локалните власти се уште не го повлекле своето предупредување.
Опасноста од цунами во Јапонија и на Филипините беше издадена по разорниот земјотрес од 7,6 степени.
Significant #earthquake damage in Butuan, #Caraga, #Philippines. These images were from a hospital, a mall, & a warehouse.
📷: Michael Trillo (Facebook)#EarthquakePH pic.twitter.com/M8PAL9Zser
— Seismix (@SeismixGeo) December 2, 2023
„Силно и долготрајно”, „Тресењето ме разбуди од сонот и тресењето продолжи како да нема крај. Ги видов таванот и ѕидовите како се тресат во темнината. Најдолгото и најсилното тресење што сум го почувствувал“, „Чувствував вртоглавица додека стоев таму“, „На некои места снема струја“, сведочат луѓето на Филлипините.
🚨ALERT – A Massive 7.6 Magnitude Earthquake Just Hit Off The Coast of Philippines Not Far From Japan ⚠️
❗️WE COULD BE ABOUT TO SEE A MAJOR TSUNAMI❗️ pic.twitter.com/F0L7M8yVlI
— Matt Wallace (@MattWallace888) December 2, 2023
По првиот земјотрес се случија серија последователни потреси, а голем број лица итно се евакуираа.
Засега е познато дека штетите се огромни, а се уште нема информации за загинати лица.
Регион
Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција

Среќно заврши потрагата по 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Катерини во Калитеа, Грција, кои беа исчезнати од четвртокот на 30 ноември, јавуваат грчките медиуми.
Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба. Воедно, како што нагласуваат од организацијата, ќе им биде дадена психолошка поддршка и се’ друго што е потребно во такви ситуации.
Девојчињата биле затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос, но засега грчките медиуми не објавија како и зошто исчезнале. Според претходно објавените информации, двете тинејџерки влегле во такси по што им се изгубила секаква трага.