Свет
(Видео) Пожар во висококатница во Чикаго, едно лице загина, шест се повредени

Едно лице загина, а шест се повредени кога избувна пожар во висока станбена зграда во Чикаго.
Починатото лице е пронајдено во станот, каде што, според претпоставките на пожарникарите, избувнал пожарот, пренесува АП.
4850 lake park 2 11 high rise with injuries pic.twitter.com/jMbDKEtj8h
— Chicago Fire Media (@CFDMedia) January 25, 2023
На снимката што се појави на социјалните мрежи на неколку катови се гледаат светлопортокалови пламени.
Најмалку девет ката се чини дека се оштетени во пожарот.
Пожарот избувнал на 15. кат, а нешто по 10 часот по локално време, се проширил на 24. кат од зградата.
Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 300 пожарникари, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, во емисија на ТВ Прва.
„Мило ми е што луѓето во Србија се задоволни што понекогаш може да се видат резултатите од одговорната политика. Но, не сум оптимист. Пред ова емисија пет советници ми рекоа да не бидам пргав, не биди песимист, но јас ги гледам работите поинаку“, рече Вучиќ.
Конфликтот го почна полицијата на таканареченото Косово, а не НАТО, рече српскиот претседател.
„Сите знаат дека Курти е виновен и тоа не е спорно, нема што да кријам, тој знае дека што и да направи Американците ќе бидат за зачувување на таканаречената независност на Косово. И кога ќе прашате што се случува со Заедницата на српските општини (ЗСО), тие велат дека треба да се направи, нема што да се направи. Тоа е потпишано. Секој ден може да ескалира. Затоа што Курти фантазира за војна и сонува да биде Зеленски. Сакаат НАТО да влезе во конфликт со Србија и не е во наш интерес да војуваме“, рече тој.
Вучиќ кажа дека разговорот со Шолц и Макрон бил многу тежок и дека бил многу остар.
„Не сум оптимист, ни претстојат тешки денови. Подготвени сме да разговараме и да деескалираме“, изјави Вучиќ.
Свет
(Видео) Пожар проголта висококатница во Италија: едно лице загина, има повредени

Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во голем пожар што избувна денеска во повеќекатница во Рим, јавија локалните медиуми. Пожарникарите пронашле мртов маж на скалите од станбена зграда, јави новинскaта агенции АНСА.
Пожарот избувна попладнево во зграда во квартот Коли Агниене на североистокот од главниот град на Италија, соопшти противпожарната служба.
Un altro scoppio dopo l esplosione.. #esplosione #collianiene #esplosionepalazzo pic.twitter.com/4SS95Eh7vG
— Chiara (@chiaraguerraa) June 2, 2023
Според медиумите, неколку лица се повредени и пренесени во болница со изгореници и отежнато дишење.
Пожарот зафатил седум од осум ката на зградата, која беше во фаза на реконструкција.
🔵#Roma Una vittima e almeno 12 feriti, 5 intossicati e 7 ustionati, per un incendio divampato in una palazzina di 7 piani in ristrutturazione nella zona di Colli Aniene, periferia est della Capitale. Una ventina gli sfollati. Le fiamme sarebbero partite da un’auto parcheggiata. pic.twitter.com/cVd4i909C3
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) June 2, 2023
Пожарот наводно избувнал на скелето пред зградата. Фотографиите и видеата од пожарникарите покажуваат густ црн чад кој се издигнува на небото.
Регион
Жена падна во провалија длабока 20 метри во Црна Гора и преживеа само со гребаници, лекарите зачудени

Руска државјанка, чиј идентитет не се соопштува, се здобила со лесни повреди кога паднала во провалија длабока дваесет метри.
Според информациите на црногорските медиуми, Русинката со својата пријателка се возела со такси од правец на Будва и во градот Обзовица го замолила возачот да застане покрај патот. Не долго потоа, таа паднала во бездната.
Припадниците на цетинската спасувачка служба веднаш излегле на местото на настанот. Ја извадиле повредената и ја предале на итната помош која ја однела во болницата во Цетиње.
Началникот на Центарот за заштита и спасување, Милош Ќечановиќ изјави за Радио Цетиње дека повредената се жалела на болки во главата и вратот и дека имала неколку гребаници.
Лекарите биле зачудени, пишува „Блиц“.