Свет
(Видео) Пожар проголта музеј во Бразил стар 200 години, уништени 20 милиони експонати
Голем пожар го зафати Националниот музеј во Рио де Женеиро, еден од најстарите музеи во Бразил кој постои 200 години, при што се уништени огромен број артефакти – од археолошки пронајдоци до историски документи.
,,Уништената зграда и колекцијата е непроценлива загуба за Бразил”, соопшти претседателот Мишел Темер. Тој додаде дека денеска е трагичен ден за Бразил бидејќи 200-годишната работа, истражувања и знаење се изгубени.
Засега нема податоци што сè изгорело во пожарот, а нема информации ниту за жртви и повредени во огнената стихија.
Телевизиските снимки за пожарот, кој избувнал синоќа откако музејот бил затворен за посетители, покажуваат дека тој зел замав во текот на ноќта. Огнот почнал околу 19:30 часот и сè уште не се познати причините за тоа.
Музејот е формиран во 1818 година и во него се наоѓаат неколку клучни колекции, вклучувајќи ја египетската колекција, грчко-римските артефакти, палеонтолошката колекција во која се наоѓа и костур на диносаурус пронајден во регионот на Минас Гераис, како и најстариот човечки фосил пронајден во Бразил.
Музејот вкупно поседува повеќе од 20 милиони вредни предмети.
Потпретседателот на институцијата, Луиз Дуарте изјави дека музејот со години бил запоставуван.
,,Никогаш не сме добиле ништо од владата. Неодамна го завршивме договорот со државната банка за развој за голема инвестиција, со цел конечно да ја обновиме палатата и, што е иронично, планиравме да инвестираме во систем за заштита од пожари”, изјави тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага
Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист.
Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.
Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра.
Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.
Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.
Свет
(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП.
„Драги сограѓани, денес е јасно дека на вчерашните избори повеќе од 2,25 милиони гласачи дадоа поддршка за листата и кандидатите на Фидес-КДНП. Националната опција, нашата политичка заедница, денес е со оваа големина во Унгарија“, порача Орбан во видео објавено на Фејсбук.
Тој им се заблагодари на поддржувачите, истакнувајќи дека со ист број гласови во 2014 година оствариле голема победа, додека сега тоа било доволно само за „чесен пораз“.
„Големо благодарам на сите наши поддржувачи. Вчера тоа беше доволно само за чесен пораз, но гласачите на националната опција секогаш можат да сметаат на нас“, изјави Орбан.
Според него, Фидес останува најповрзаната политичка заедница во земјата и ќе продолжи да му служи на унгарскиот народ.
Тој најави дека во наредните недели ќе следи реорганизација на партијата, обиколка на изборните единици и состанок на националниот одбор на 28 април. „Работата започна. Напред, Унгарија! Напред, Унгарци!“, порача Орбан.
На парламентарните избори одржани на 12 април 2026 година, партијата Тиса, предводена од Петер Маѓар, оствари двотретинска победа.
Орбан уште во неделата ја призна загубата, оценувајќи го резултатот како „болен и јасен“, и им честиташе на победниците.
Излезноста беше речиси 80 проценти, највисока досега, а по изборите унгарската валута форинта зајакна и достигна најсилно ниво во последните години.
Маѓар најави дека новата влада ќе предложи измени на Уставот, со кои мандатот на премиерот би се ограничил на два мандати, што би значело дека Орбан повеќе не би можел да се кандидира за функцијата.
Фото: Depositphotos
Регион
Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа.
„Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс.
Congratulations to Peter Magyar on his electoral victory. I am confident that the strong cooperation between Hungary and Serbia will continue to grow. I am also grateful to Viktor Orbán for helping make such relations possible.
— Александар Вучић (@predsednikrs) April 13, 2026
Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.
