Европа
(Видео) Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.
Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
"If you see German soldiers, don't panic. They're here to help," says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Скандал ја потресе Бакингемската палата
Бакингемската палата соопшти дека ќе почне истрага за инцидентот во кој персоналот бил вмешан во тепачка во бар, објави „Сан“.
Работниците присуствувале на прием во палатата, а потоа отишле во блискиот бар за да ја продолжат прославата, но набргу потоа избувнала тепачка, јавува „Ројтерс“.
Од палатата потврдија дека официјални лица биле информирани за инцидентот што се случил надвор од работното место.
„Иако се работеше за неформален собир, а не за официјална божиќна забава, сè ќе биде детаљно истражено, а против некои вработени ќе бидат поведени дисциплински постапки“, се наведува во соопштението.
Европа
(Видео) Падна рингишпил во Бирмингем, неколкумина повредени
Две лица се префрлени во болница, а неколкумина се повредени откако се расипа рингишпил на саем во Бирмингем, пишува Скај Њуз.
Противпожарната служба на Вест Мидлендс соопшти дека рингишпилот „паднал на нивото на земјата“ околу 19.30 часот.
The mangled chains of the failed Christmas fairground ride in Centenary Square, Birmingham city centre, that crashed earlier tonight.
West Midlands Fire services said the ride ‘dropped to ground level whilst in operation.’ One person taken to hospital @gmb pic.twitter.com/ynsOXr7Usn
— Nitya Rajan (@NityaGRajan) December 12, 2024
Според службата за брза помош во Вест Мидлендс, болничарите пронашле 13 лица на плоштадот Сентенари на кои им била потребна помош.
Две жени се пренесени во болница, но според првите информации нема сериозни повреди, изјави портпаролката.
Police at Centenary Square, Birmingham following reports of an issue with one of the rides.
A small number of people were being treated at the scene by paramedics, but no serious injuries have been reported, says @WMPolice @ITVCentral pic.twitter.com/NIXq4XelwK
— Ravneet Nandra (@RavNandraITV) December 12, 2024
Уште десетина лица се прегледани и пуштени на домашно лекување.
Европа
Америка најави нов пакет-оружје за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет оружје за Украина, иако количината или содржината на пакетот не се откриени.
Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека САД ќе продолжат да испраќаат дополнителни пакети помош за Украина „до крајот на администрацијата на Бајден“.
Вашингтон пред десет дена соопшти дека ќе испрати проектили, муниција, противпешадиски мини и друго оружје во Украина во вредност од 725 милиони долари, додека администрацијата на Џо Бајден во заминување се обидува да го зајакне Киев во војната со Русија пред да ја напушти функцијата во јануари.
Пакетот, кој се испраќа под претседателското специјално овластување (ПДА) за што поскоро да се донесе оружје од американските залихи до првите линии на фронтот, се очекува да биде во вредност од околу 500 милиони долари и да вклучува муниција за ракетните системи ХИМАРС.
По вчерашното соопштение, околу 5,6 милијарди долари ќе продолжат да му бидат достапни на Бајден според системот ПДА без потреба од одобрување од Конгресот.
Руската војска зазема село по село на истокот на Украина како дел од обидот да го заземе индустрискиот регион Донбас, додека Русите ја гаѓаат енергетската мрежа на Украина со воздушни напади.