Контакт

Свет

(Видео) По 80 години, отворена за јавноста најубавата египетска гробница

Објавено пред

Античката гробница се наоѓа на древните гробишта Сакара, во близина на Газа, и првпат е достапна за јавноста.

Фасцинантната гробница, која се смета за најубава во оваа област, беше обновена од египетското Министерство за антиквитети.

Како што пишуваат странските медиуми, на ѕидовите на комората се поставени гробни слики каде што може да се видат разни сцени на сопственикот на гробот – како лов, риболов, берба, но и готвење и танцување. Освен со мурали, гробната комора, предворјето и влезната сала на пирамидата се украсени со пирамидални текстови.

Гробницата била откриена во 1940 година од страна на египтологот Заки Саад и му припаѓа на Египќанецот Меху, везир од времето на античкиот Египет, кој се поврзува со првиот крал на шестата династија.

Властите во Египет се обидуваат да привлечат повеќе туристи со овој потег.

Регион

Фотомонтажата на хрватскиот министер со проститутка не престанува да ја бранува хрватската јавност

Објавено пред

Во Хрватска не престанува бурата што ја предизвика објавената фотомонтажа на хрватскиот министер за земјоделство и потпретседател на Владата, Томислав Толушиќ, со проститутка, подготвени да консумираат дрога.

Политичкиот неделник „Национал” објави фотографии и една статија под наслов „Проститутка  и кокаин во врвна монтажа за компромитација на Томислав Толушиќ”, со цел, како што се наведува, политички да се уништи потпретседателот на Владата и министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, и да се предизвика криза во владата.

Толушиќ веднаш изјави дека се работи за фотомонтажа и рече дека не носи чевли какви што човекот на наводно монтираната фотографија. Во меѓувреме, во одбрана на Толушиќ се јави Владата, како и хрватската претседателка, а во случајот се вклучија и СОА, канцеларијата на УСКОК и Државното правобранителство.

Разузнавачката агенција откри дека тоа е висококвалитетна софистицирана монтажа. Со анализа на фотографијата, агентите открија дека објектот на фотографијата е апартман во Србија.  Фотографиите од апартманот се достапни и на еден сајт за букирање.

Главниот и одговорен уредник на „Национал“, Берислав Јелиниќ, изјави вчера во ХРТ дека ги објавиле овие фотографии бидејќи постоел „голем јавен интерес”.

Прикажи повеќе...

Свет

Мигрант од Ирак е обвинет за убиство и за неколку силувања на деца во Германија

Објавено пред

Мигрантот Али Башар од Ирак е обвинет за силување и убиство на 14-годишно девојче од Германија, како и за неколку силувања на други деца. Тој бил одбиен на барањето за азил во Германија, објави „Дејли мејл“.

Башар побегнал во Ирак, откако во мај минатата година ја претепал, силувал и задавил 14-годишната Сузан Мари Фелдман, во близина на неговото засолниште за бегалци во градот Весбаден.

Дваесет и едногодишниот мигрант се вратил во северен Ирак, но поради непостоењето на формален договор меѓу Ирак и Германија,  префрлен е во Германија, каде против него е поднесена кривична пријава.

Тој се товари и за силување на 11-годишно девојче од април 2018 година, откако ја заклучил во неговата соба, како и за уште едно силување што се случило следниот месец во близина на супермаркет.

Прикажи повеќе...

Европа

Поранешниот претседател на Украина осуден за предавство

Објавено пред

Судот во Киев го прогласи поранешниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, виновен за предавство.

Јанукович ја напушти земјата во 2014 година, за време на големите тензии во Киев поради нередите помеѓу полицијата и демонстрантите кои бараа приближување кон Европската Унија.

Поранешниот лидер, кој се наоѓа во Русија, е осуден за предавство, а ќе му се суди и за соучесништво и војна против Украина и планирање промена на границата на земјата, јави РСЕ.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев...

Македонија43 минути

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија2 часа

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија3 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион3 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија3 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија4 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија5 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет6 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија6 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет6 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет7 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи22 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија23 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие