Контакт

Вести

(Видео) Првпат во САД е извршена смртна казна со фентанил

Објавено пред

смртна казна, егзекуција. Небраска

Во американската сојузна држава Небраска синоќа беше извршена смртна казна по повеќе од две децении, со досега неиспробана комбинација на лекови и силниот опијат фентанил во смртоносна инјекција. Смртната казна е извршена над Кери Дин Мур (60), осуден за убиство на двајца таксисти во Омаха во 1979 година.

Тој е првиот осуденик што е погубен со смртоносна инјекција во Небраска, каде што претходната смртна казна беше извршена во 1997 година на електричен стол.

Пред три децении Небраска ја укина смртната казна за повторно да ја врати една година подоцна по граѓанската иницијатива што ја финансирал републиканскиот гувернер Пит Рикетс.

За погубувањето на Мур првпат е искористена мешавина од четири хемикалии. Германскиот производител на лекови „Фрезенијус Каби“ минатата недела се обиде да го спречи погубувањето на Мур поднесувајќи тужба во која било наведено дека Небраска нелегално набавила најмалку еден лек од компанијата и дека дозволата за егзекуција би им нанела штета на нејзината репутација и на деловните конекции. Федералниот судија одлучил дека јавниот интерес за погубување е поважен од загриженоста на компанијата.

Вести

Папата за изградбата на ѕидот меѓу САД и Мексико: Стравот нè прави луди

Објавено пред

Папата Франциск оценува дека стравот од миграцијата нè прави луди.

Папата на почетокот на својата турнеја низ Централна Америка  беше прашан од  новинарите што мисли за предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за изградбата на ѕидот на границата со Мексико, објави АП.

Папата Францис, целиот свој мандат е посветен на грижата за ситуацијата со мигрантите и бегалците.

Прикажи повеќе...

Вести

„Еуростат“: Една четвртина од големите европски компании користат роботи

Објавено пред

Последниот извештајот на „Еуростат“ покажува дека една четвртина од големите компании во Европа, кои вработуваат 250 или повеќе лица, користат роботи во нивниот бизнис.

Ист беше случајот и со средните претпријатија кои вработуваат помеѓу 50 и 249 лица, односно нивниот процент изнесуваше 12 отсто. Додека, само пет отсто од малите бизниси, кои вработуваат од десет до 49 лица, користат роботика во својот бизнис.

Роботи најмногу се користат во компании во Шпанија или 11 проценти, потоа следуваат Данска и Финска, со учество од 10 отсто, и Италија – 9 отсто. Најмалиот процент од еден отсто е регистриран во Кипар.

Прикажи повеќе...

Вести

Салвини ги повика Французите да не гласаат за Макрон на следните избори

Објавено пред

Се надевам дека францускиот народ нема да ја избере партијата на претседателот Емануел Макрон на европските парламентарни избори во мај оваа година, изјави италијанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, предизвикувајќи уште поголеми тензии на релација Рим – Париз.

Односите меѓу Италија и Франција, кои генерално се блиски соработници, се влошија откако во Италија минатата година беше формирана коалициска влада од крајно десничарската партија Лига и движењето „Пет ѕвезди“, пренесува „Ројтерс“.

„Макрон можеби повеќе нема да биде наш соговорник”, изјави Салвини во интервјуто на РАИ.

„Неговата поддршка е помала од 20 отсто. Се надевам дека францускиот народ наскоро ќе направи поинаков избор”, рече тој, мислејќи на изборите во мај.

Франција во понеделникот го повика на разговор италијанскиот амбасадор, откако заменик-премиерот Луиџи ди Мајо го обвини Париз за создавање сиромаштија во Африка и масовна миграција во Европа.

Салвини вчера изјави дека Франција не е заинтересирана за стабилизирање на ситуацијата во Либија, бидејќи таму француските енергетски интереси се во конфликт со интересите на Италија.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов-Ќосето обвинет за случувањата од „крвавиот четврток“ преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев, велејќи дека...

Македонија14 минути

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија1 час

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија2 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион3 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија3 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија3 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија5 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет5 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија5 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет6 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет7 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи22 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија22 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие