Свет
(Видео) Пристигна вистинската зима, во Шведска е забележана рекордно ниска температура од -43,6 степени
Вчера, Шведска ја забележа најстудената јануарска ноќ во последните 25 години, со отчитување од -43,6 Целзиусови степени на северот на земјата.
Шведска е покриена со снег, а слична е ситуацијата и во соседна Финска.
VIDEO: Snow in Stockholm as country sees record cold temperatures.
Sweden is swathed in snow as the country recorded its coldest January night in 25 years, with a reading of minus 43.6 degrees Celsius in the far north. The cold snap has also hit neighbouring Finland pic.twitter.com/FOHevS813J
— AFP News Agency (@AFP) January 4, 2024
Екстремно ниските температури, снегот и силните ветрови го попречија транспортот во нордискиот регион, со затворени неколку мостови, а прекинати се некои железнички и фериботски услуги. Неколку училишта во Скандинавија беа затворени.
Полицијата во поголемиот дел од Данска ги повика возачите да избегнуваат непотребни патувања бидејќи ветерот и снегот ги погодуваат северните и западните делови на земјата.
Бран студен воздух од Сибир и арктичкиот регион ја зафати и западна Русија, а температурите во Москва и другите области паднаа на -30 Целзиусови степени, што е значително под просечната температура за почетокот на јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина патник на лет од Париз
Патник почина на летот на „Ер Франс“ од Париз за Бостон и покрај обидот на лекарот да го спаси.
Патникот доживеал итна медицинска ситиуација за време на повратниот лет за Бостон, според извештаите, пишува „Дејли мејл“.
Полицијата ја опиша смртта како „неочекувана“, но не соопшти повеќе детали.
Идентитетот на лицето нема да биде објавен додека најблиските не бидат известени.
Свет
Ердоган ги повикува сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, бидејќи Турција ќе ги уништи терористите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, бидејќи Турција има капацитет и способност да ги уништи сите терористички организации во земјата, вклучително и курдската милитантна група и Исламската држава.
За време на говорот во парламентот, Ердоган рече дека курдската милитантна група ЈПГ е најголемиот проблем во Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека групата „ќе го исполни својот крај“ доколку не го положи оружјето.
Тој исто така рече дека доколку забранетата Курдска работничка партија го игнорира повикот на нејзиниот лидер Абдула Оџалан да го остави оружјето, Турција ќе ја постигне својата цел за елиминација „на друг начин“.
Свет
(Видео) Рама на колена ja изненади италијанската премиерка Мелони со шaл и роденденска песна
Албанскиот премиер Еди Рама денеска и подари шал на својата италијанска колешка Џорџа Мелони и и пееше роденденска песна за да го прослави нејзиниот 48-ми роденден.
Edi Rama – Giorgia Meloni – Abu Dhabi – Birthday gift pic.twitter.com/GvGktJu1c9
— News video (@Newsvideo13) January 15, 2025
Рама, кој е многу повисок од Мелони, клекна на колена за да и даде подарок и да и отпее „танти аугури“ (среќен роденден) додека двајцата лидери присуствуваат на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби.
Шалот е дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија, и објасни Рама на Мелони.
Двајцата лидери имаат добри работни односи и покрај нивните спротивни политички убедувања, пишуваат медиумите во регионот.