Контакт

Европа

(Видео) Продолжува хаосот со мигрантите – голем број ја пробија оградата и влегоа во Полска

Објавено пред

Две поголеми групи мигранти наводно успеале да ја пробијат оградата на границата меѓу Белорусија и Полска. Неколку десетици луѓе успеале да урнат ограда кај селата Кринки и Бјаловија и да ја преминат границата, јави полската агенција ПАП. Како што се наведува, и во двата случаја блокадите биле насилно пробиени.

Портпаролот на локалните граничари изјави дека и во двата случаја мигрантите во напад ги уништиле оградите и бариерите на границата, пренесува ТАСС.

Некои мигранти се заробени и вратени на територијата на Белорусија, а други останале во бегство.

Тензиите се зголемуваат во последните неколку дена на границата меѓу Белорусија и Полска, каде што мигрантите се обидуваат да стигнат до Европската Унија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера ја опиша бегалската криза на границата со Белорусија како нов тип на војна и дел од координиран напад обвинувајќи ја белоруската страна за намерно ослободување на мигрантите.

Од друга страна, официјален Минск смета дека неосновани се обвинувањата на Варшава дека белоруски војници ја минуваат границата со Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Европа

Бајден по разговорот со Путин се консултира со европските сојузници

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон, соопшти Белата куќа.

Лидерите на Велика Британија, Италија, САД, Франција и Германија изразија загриженост на состанокот во понеделникот поради наводната поостра руска реторика кон Украина и ја повикаа Русија да ги деескалира тензиите и се согласија дека дипломатијата, особено во рамките на „Нормандискиот формат“ (Германија, Русија, Украина и Франција), е единствен начин за решавање на конфликтот во Донбас со спроведување на договорот од Минск.

„На вчерашната средба лидерите се согласија да останат во близок контакт во однос на координиран и сеопфатен пристап како одговор на зајакнувањето на руските трупи на границите на Украина“ се наведува во соопштението, кое го пренесе агенцијата „Тасс“.

Американскиот и рускиот претседател Џозеф Бајден и Владимир Путин денеска одржаа видеоконференција која траеше нешто повеќе од два часа, а на која разговараа за Украина и за други спорови во американско-руските односи.

Прикажи повеќе...

Европа

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Објавено пред

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата на Советот на министри.

Според декретот на белоруската Влада објавен денеска, забраната за увоз се однесува на одредени стоки од ЕУ, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Исланд, Велика Британија, Црна Гора, Северна Македонија и Швајцарија, пренесе агенцијата ТАСС.

„Имајќи ги предвид континуираните обиди на колективниот Запад за незаконски санкционен притисок врз нашата земја, Белорусија презеде соодветни мерки. Според одлуката донесена од Владата, ембаргото за храна ќе биде воведено од 1 јануари 2022 година во однос на широка листа на стоки произведени во земји кои спроведуваат дискриминаторска политика и вршат непријателски дејствија против нашата земја“, се наведува во соопштението.

Белорусија од овие земји увезла храна во износ од над 530 милиони долари во рок од десет месеци годинава, соопшти белорускиот Совет на министри.

Листата вклучува прехрамбени производи особено свинско месо, говедско месо, сушено или чадено месо, колбаси, зеленчук, овошје, јаткасти плодови, кондиторски производи, сол итн.

Прикажи повеќе...

Европа

Речиси 70 медицински работници во Шпанија се заразиле со Ковид-19 на заедничка прослава

Објавено пред

Речиси 70 медицински работници кои присуствувале на голема божикна прослава во јужна Шпанија се заразиле со коронавирус, соопштија денеска тамошните власти.

Според Би-би-си, повеќето од 68-те заразени се лекари и медицински сестри кои работат на одделот за интензивна нега во регионалната болница во Малага.

Здравствените власти соопштија дека сите биле на забава минатата среда на која присуствувале околу 170 луѓе.

Во соопштението се додава дека заразените медицински лица се целосно вакцинирани и дека немаат никакви симптоми на вирусот.

Во локалните извештаи се наведува дека лекари и медицински сестри од други одделенија на регионалната болница во Малага се прераспределени за да ги заменат своите колеги.

Епидемијата ја зголеми загриженоста за ризикот од ширење на Ковид-19 на групните настани за време на Божик, а здравствените власти во Андалузија го советуваа медицинскиот персонал да не присуствува на божикните забави, јавува Би-би-си.

Како и многу европски земји, Шпанија бележи зголемување на инфекциите со коронавирус во последните недели, што предизвика страв од четврти бран како што се приближуваат постудените зимски месеци.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа13 часа

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија14 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа15 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија17 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија19 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија19 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија20 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа20 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија20 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет21 час

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет22 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет23 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет23 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ1 ден

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион1 ден

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет2 дена

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион2 дена

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија2 дена

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет2 дена

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Досие