Контакт

Европа

(Видео) Протести во Каталонија, илјадници Каталонци бараат независност

Објавено пред

Стотици илјади граѓани вчера се собраа на улиците во повеќе градови во Каталонија со барање за независност од Шпанија и ослободување на нивните функционери од затвор.

Официјалниот слоган на протестот гласи „Да направиме Република Каталонија“, а демонстрантите замолкнаа во 17.14 часот во спомен на 1714 година кога Барселона падна под влијание на шпанските сили.

Толпата извикувaше „независност“ и „слобода“, а демонстрантите ја соборија и огромната карта на кралот, кој се толкува како обединување на шпанската монархија.

Полицијата во Барселона по протестот процени дека околу еден милион луѓе излегле на улиците, а организаторите најавија дека речиси 470.000 луѓе се пријавиле преку интернет за учество во протестот.

Протестот беше организиран речиси една година по референдумот за отцепување на Каталонија од Шпанија. Од тогаш каталонските лидери и активисти што го организираа референдумот или чекаат судење во затвор или ја напуштија земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Нападнат лидерот на главната опозициска партија во Турција

Објавено пред

Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција е нападнат додека присуствувал на погребот на војник, кој загинал во борбите против припадниците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

На видеоснимки се гледа како Кемал Киличдароглу е удрен најмалку двапати, а обезбедувањето се обидува да го извлече од насобраниот народ.

Тој успеал да го напушти местото и да влезе во најблиската куќа. Гневните граѓани потоа се собрале пред куќата извикувајќи „Надвор ПКК“.

„Сите се исплашивме поради инцидентот. Кемал Киличдароглу е добро. Однесен е на безбедно“, истакна републиканскиот пратеник Левент Гок за „Хабертурк ТВ“.

Републиканската народна партија победи на изборите во Анкара и Истанбул.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Украина до 15 часот одѕивот поголем отколку во првиот круг

Објавено пред

Одѕивот на избирачите на претседателските избори во Украина до 15 часот изнесува дури 47, 8 проценти, соопшти Централната изборна комисија.

Излезноста е поголема отколку во првиот круг на претседателските избори, кога до 15 часот изнесувала 45,1 отсто, пренесе „ТАСС“.

Избирачките места се отворени од 8, а ќе бидат затворени во 20 часот.

Укаина го избира следниот шеф на државата помеѓу актерот Володимир Зеленски и актуелниот претседател, Петро Порошенко.

Прикажи повеќе...

Европа

Паника во црква во Минхен: Маж влегол помеѓу верниците кои се разбегале мислејќи дека е терорист

Објавено пред

Во католичката црква Свети Павле во Минхен завладеала паника, бидејќи влегол непознат маж и почнал да вика. Како што пренесува „Индекс.хр“, во моментот во црквата имало Хрвати кои успеале да го совладаат.

Според изјави на очевидците, станува збор за Африканец кој влегол помеѓу верниците и почнал да вика „Такбир“ (Алах акбар).

Собраните почнале да бегаат бидејќи помислиле дека станува збор за терористички напад. Веднаш била повикана полицијата која пристигнала во голем број и го привела мажот.

Локалните медиуми пишуваат дека се работи со маж со психичко пореметување.

„Почна да гестикулира и да извикува неразбирливи зборови, тоа ги исплаши посетителите на црквата“, соопшти полицијата.

Мажот бил уапсен, а полицијата истакнала дека не претставувал опасност за луѓето во црквата.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20198 часа

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20199 часа

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20199 часа

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20199 часа

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Избори 20199 часа

Мицкоски: Ја победивме хотел-коалицијата

„Победивме, но целосно не ги поразивме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по првиот круг од претседателските избори....

Избори 201910 часа

Силјановска: Ако на моите се додадат гласовите на Река, приказната е јасна

Не сум човек што потонува во триумфализам, знам дека допрва следува битката, но мислам дека ако ние добивме толкав број...

Избори 201910 часа

Адеми: Максимално сме фокусирани за победа во вториот круг

Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми, не сакаше да го коментира резултатот од изборите во однос на албанското...

Избори 201912 часа

Јанушев: Водиме во голем број места

„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ победува. Гордана ќе биде“, со овие зборови генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев, ја...

Избори 201913 часа

(Видео) Бајрами: До ОЈО и МВР нема пристигнато никаква пријава за случајот во Студеничани

Претседателот на Комисијата за следење изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на РСМ, обвинителот Џелал Бајрами, по затворањето на гласачките места...

Избори 201913 часа

МВР: Гласач под дејство на алкохол оштетил кутија, четворица ги фотографирале ливчињата

Во текот на изборниот ден регистрирани се четири фотографирања на гласачки ливчиња, а сторителите се приведени. Гласач во Новаци, пак, под...

Избори 201913 часа

Претседателските избори со најмал одѕив досега

Според податоците од досегашните изборни процеси, неизбежен е впечатокот дека опаѓа одѕивот на македонските граѓани во првиот круг од претседателските...

Избори 201913 часа

Одѕивот до 18.30 часот 39,71 проценти

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 18.30 часот изнесува 39,71 проценти, односно...

Свет18 часа

(Видео) Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална...

Топ20 часа

Полицаец загина, а четири лица се повредени откако кумановец со ,,мерцедес” направил две сообраќајни несреќи

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма,...

Избори 201920 часа

Едно лице приведено во Аеродром, го фотографирало гласачкото ливче

Едно лице е приведено во Скопје за време на гласањето на претседателските избори, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдуваат од...

Регион23 часа

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија

Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа во Бугарија, кога воздухопловот се урнал во јужниот дел на земјата....

Свет24 часа

(Видео) Експлозии за католички Велигден во Шри Ланка, најмалку 50 мртви

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во Шри Ланка во повеќе експлозии на неколку локации, вклучувајќи...

Избори 20191 ден

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство....

Избори 20191 ден

Граѓаните бираат претседател на државата

На 3.480 избирачки места денеска 1.808.131 граѓани со право на глас по шести пат ќе бираат претседател на државата. Гласачите...

Свет1 ден

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Досие