Свет
(Видео) Путин и Ким се ракуваа: Русија ќе ѝ помогне на Северна Кореја во изградбата на вселенски сателити
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе ѝ помогне на Северна Кореја во изградбата на вселенски сателити.
Путин го пречека севернокорејскиот лидер, кој со воз пристигна на железничката станица на космодромот во рускиот регион Амур, по што следуваше посета на комплексот за лансирање на вселенскиот ракетен систем „Сојуз-2“.
Breaking News: Russian President Vladimir Putin met North Korean leader Kim Jong Un at a cosmodrome in Russia’s Far East.#iPhone15#iPhone15Pro #Putin #KimJongUn # pic.twitter.com/mS2l9ZjQ7J
— Abidullah (@577_abidullah) September 13, 2023
„Затоа дојдовме овде. Лидерот на Демократска Народна Република Кореја покажува голем интерес за ракетната технологија, тие се обидуваат да развијат вселенска програма“, изјави Путин за новинарите истакнувајќи дека на делегацијата на КНДР ќе ѝ бидат прикажани нови капацитети, пренесува „РИА новости“.
Ким е во посета на Русија на покана на Путин со кого имаше билатерална средба.
Путин најави дека на средбата ќе се разговара и за воено-техничката соработка.
„Ќе разговараме без брзање за сите теми. Има време“, им рече Путин на новинарите.
Тој исто така истакна дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, неодамна ја посети Северна Кореја и таму беше добро примен.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Ким и Путин ќе разговараат за билатералната соработка вклучувајќи ги трговските и економските врски и културната размена, како и за ситуацијата во регионот и светот.
Ким Џонг-ун верува дека неговата сегашна посета на Русија, прва во последните четири години, ја покажува важноста на стратешките односи меѓу Русија и Северна Кореја, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

