Контакт

Европа

(Видео) Путин и Си правеа палачинки и наздравија со вотка за време на економскиот форум

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, го однесе кинескиот колега Си Џинпинг на палачинки, што, како што пренесуваат руските медиуми, е приказ на добри лични односи меѓу двајцата водачи.

Путин и Си јадеа палачинки со кавијар и наздравија со вотка на маргините на економскиот форум во Владивосток.

Москва и Пекинг развија „стратешко партнерство” кое ги одразува нивните заеднички ставови кон „униполарниот” свет, термин што ја означува глобалната доминација на САД, пишуваат медиумите.

Приближувањето е олеснето од добрите лични односи на Путин и Си, кој се смета за најмоќен кинески лидер по времето на Мао Цетунг.

Двајцата лидери досега се состанаа речиси 30 пати, а Путин пред извесно време изјави  дека кинескиот претседател е единствениот светски лидер што некогаш го повикал на негов роденден.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Британски медиуми: Тереза ​​Меј има план Б, а тој изгледа како план А

Објавено пред

Британската премиерка Тереза ​​Меј го претстави својот план Б за брегзит, а според тамошните медиуми тој е сличен на планот А. Меј со својот план Б во парламентот се обиде да издејствува усвојување на претходно отфрлениот договор кој таа го постигна со Европската унија, додаваат бритнаските медиуми. Но, на Меј пред тоа, потребно и е да обезбеди промена на ставот на Унијата околу границата со Ирска.

Кога станува збор за она што планира да направи откако договорот за напушатње на ЕУ минатата недела беше отфрелн од страна на парламентот, таа вчера изјави дека посоти загриженост поради осигурителната политика чија цел е да се гарантира дека по брегзитот нема да има царински контроли долж границата со Ирска, која е членка на ЕУ, и британската територија на Северна Ирска, пишува АП.

Тереза Меј, во Долниот дом пред пратениците истакна дека оваа недела „се уште ќе се разговара со колегите … да се разгледа како би можеле да ги исполни своите обврски кон народот на (британската провинција), Северна Ирска и Република Ирска на начин на кој ќе може да се добие најголема можна поддршка во Долниот дома”.

„Тогаш заклучоците од сите разговори ќе и ги пренесам на Европската унија”, рече Меј.

Европскиот блок, сепак, нагласува дека нема повторно да преговара за договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Европската комисија предупреди на злоупотреби во купувањето државјанства

Објавено пред

Европската комисија ќе испрати официјално предупредување до земјите членки дека програмите во некои држави на ЕУ, кои дозволуваат богати странци да добиваат државјанство, може да го зголемат ризикот од корупција, затајување данок и перење пари.

Предупредувањата се содржани во извештајот што го подготви Комисијата, а ќе биде објавен в среда, пренесе „Ројтерс“, која имала увид во извештајот.

Малта, Кипар и Бугарија се единствените држави од 28-те земји членки на Унијата што имаат програми за доделување државјанства.

Во извештајот се наведува дека сите три држави биле неуспешни во проверката на потеклото на имотот на поединци што по овој основ добиле нивно државјанство и нивна брза идентификација.

Извештајот на ЕК прецизира дека дури во 20 држави на ЕУ може да се купи дозвола за престој.

Прикажи повеќе...

Европа

Меј ги отфрли повиците за одложување на брегзитот

Објавено пред

Британската премиерка, Тереза Меј, ги отфрли повиците да го одложи излезот на Велика Британија од ЕУ и порача дека уште повеќе ќе се залага Парламентот да го одобри договорот за разводот со Унијата.

Европската Унија инсистира да нема нови разговори за брегзитот, потсетува АП.

Британските пратеници минатата недела го одбија договорот што Меј го предложи за брегзитог, а таа се соочи со барање да изнесе план Б.

Дебатата за планот и алтернативите што ги предлагааат пратениците ќе биде одржана на 29 јануари.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести44 минути

Демократите бараат итно да се постигне компромис за историската блокада на владата

Блокадата на Трамп над буџетот, која трае веќе 31 ден, претставува најдолгата блокада на федералната влада во Америка досега, а...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа во пожарот кај Керчскиот теснец

Во пожарот кој зафати два брода кои пловеле под знамето на Танзанија кај Керчскиот теснец, во Црното море, загинаа најмалку...

Македонија2 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија13 часа

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија15 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија17 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија18 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија18 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија18 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија20 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија21 час

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија21 час

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски23 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести23 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија23 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет23 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија1 ден

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион1 ден

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Досие