Европа
(Видео) Раздвижено во штабот на Макрон, според тековните резултати е во благо водство

Актуелниот француски претседател Емануел Макрон и екстремната десничарка Марин Ле Пен ќе влезат во вториот круг од претседателските избори во Франција, покажуваат првите проценки на изборните резултати.
Околу 48,7 милиони регистрирани гласачи можеа да гласаат од 8 до 19 или 20 часот, кога гласачките места беа затворени во поголемите градови. Поради временската разлика во некои француски прекуморски територии, како што се Карибите, гласањето се одржа уште во саботата.
Макрон се надева на втор мандат, а негов најголем противник на анкетите пред изборите беше Марин Ле Пен. Левичарскиот популист Жан-Лук Меланшон, исто така, се надева дека ќе влезе во вториот круг од изборите на 24. април.
Во првиот круг учествуваа вкупно 12 кандидати.
До 17 часот излезноста беше 65 отсто, што е за 4,4 процентни поени помала од 2017 година.
Првични резултати од излезните анкети објавени во 20 часот:
Емануел Макрон: 28.5%
Only 5 minutes left and Macron’s supporters start to sing « Macron president » and wave their flags. pic.twitter.com/8Kdwcf5sIu
— Elisa Braün (@ElisaBraun) April 10, 2022
Марин Ле Пен: 23.6%
Here’s the reaction from supporters of @MLP_officiel to the vote results : pic.twitter.com/49NiKv0Vdu
— Maïa de La Baume (@maiadelabaume) April 10, 2022
Но, и во штабот на Ле Пен не изостана еуфорична атмосфера, по објавувањето на резултатите, според кои и таа влегува во вториот круг од изборите. Би-би-си пишува дека во седиштето на Ле Пен веруваат дека таа се снашла многу добро бидејќи го постигнала најдобриот резултат на претседателските избори на кои учествувала, а ова и е трето такво учество.
Жан-Лук Меланшон: 20.3%
Ерик Земур: 7%
Валери Пекрес: 4.8%
Јаник Џадот: 4.3%
Џон Ласал: 3.2%
Фабиен Русел: 2.6%
Николас Дупон-Ајњан: 2.2%
Ана Идалго: 2%
Натали Арто: 0.8%
Филип Поуту: 0.7%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Потврден е првиот случај на мајмунски сипаници во Шкотска

Шкотска денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти.
„Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и Обединетото Кралство за да го истражиме изворот на инфекцијата“, рече Ник Фин, шкотски здравствен службеник.
Тој додаде дека болното лице е примено на лекување и дека се трага по луѓето кои биле во контакт со него, наведува британската агенција.
Европа
Песков: Изворот на проблемот што води до глад се оние што ни воведоа санкции

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Западот дека предизвикува глобална прехранбена криза со воведувањето на најстрогите санкции во модерната историја на Русија поради војната во Украина.
„Русија отсекогаш била многу сигурен извозник на жито. Ние не сме изворот на проблемот. Изворот на проблемот што води до глад се оние што ни воведоа санкции, како и санкции против самите себе“, рече Песков, пренесува „Ројтерс“.
Русија и Украина заедно носат речиси една третина од глобалните резерви на жито.
Украина исто така е најголемиот извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка, а Русија и Белорусија сочинуваат над 40 отсто од глобалниот извоз на ѓубрива за култури, познати како поташа.
Според Обединетите нации, 36 земји сметаат на Русија и Украина за повеќе од половина од нивниот увоз на жито, вклучително и некои од најсиромашните во светот, како што се Либан, Сирија, Јемен, Сомалија и Конго.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатата недела изјави дека е во интензивни контакти со Русија, Украина, Турција, Соединетите Американски Држави и со Европската Унија во обид да го обнови извозот на жито од Украина.
Песков повтори дека пумпањето оружје во Украина нема да ја зголеми безбедноста или стабилноста во Европа.
Европа
Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку многу жртви ако минатата есен беа воведени санкции кон Русија, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски обраќајќи се преку видеоврска до лидерите на Светскиот економски форум во Давос.
Да имаше целосно единство кога Русија го истражуваше Крим во 2014 година, немаше да има инвазија во февруари, посочи тој, пренесува „Гардијан“.
Основачот на Светскиот економски форум го претстави Зеленски, кој беше пречекан со аплауз кога се приклучи преку видеоврска велејќи дека сите биле сведоци на неговото храбро лидерство и дека тој, како и сите присутни, сака да чуе како може да ѝ помогнат на Украина.
Зеленски рече дека му претставува голема чест што учествува на годинешниот Форум во Давос, чија тема е „Историјата на пресврт“.
„Оваа година зборот пресврт е повеќе од реторички – ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот“, рече Зеленски.
Како што истакна, доколку тоа се случи, тогаш собири како овој во Давос веќе немаат смисла.
Зеленски повика на максимални санкции против Русија за да може таа и која било друга земја да бидат спречени доколку сакаат да извршат брутална инвазија против своите соседи.
Тој истакнал дека такви санкции во моментот не постојат и побарал Русија да воведе целосно ембарго на нафтата, да им се забрани на сите руски банки да бидат дел од глобалните системи без исклучоци, да се изолира рускиот ИТ-сектор и да се запре секаква трговија со Русија.
Зеленски ги повикал сите лидери присутни во Давос, кои сѐ уште не ја напуштиле Русија, да го сторат тоа.
„Секоја компанија што ќе ја напушти Русија е добредојдена да се пресели на украинскиот пазар, каде што ќе ужива навистина голема поддршка и слобода“, кажал Зеленски.