Свет
(Видео) Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија: „Водиме трка со времето“
Бројот на загинати во силниот земјотрес во Јапонија денеска се искачи на 57, јавува „Кјодо“.
Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море.
Footage from the earthquake in Japan. Eerie pic.twitter.com/X6dGWqFA6X
— Mossad Commentary (@MOSSADil) January 2, 2024
Сепак, спасувачките напори се отежнати поради тешко оштетените и блокирани патишта, а властите велат дека им е тешко да го проценат целосниот обем на штетата.
„Мораме да се тркаме со времето за да ги бараме и спасиме жртвите од катастрофата“, рече премиерот Фумио Кишида.
Во земјотресот беа уништени куќи на полуостровот Ното, а во градот Ваџима избувнаа повеќе од 200 пожари.
Се уште не е познато колкав е размерот на штетата, а урнатините и блокираните патишта ги отежнуваат операциите за помош и спасување.
Предупредувањата за цунами за областите покрај Јапонското Море беа укинати утринава, откако највисокиот бран од најмалку 1,2 метри стигна до пристаништето Ваџима во понеделникот.
Досега се евакуирани повеќе од 57.000 луѓе, пренесува Танјуг.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека владата ја координира испораката на хуманитарна помош со брод.
Според него, околу 1.000 луѓе се ангажирани во спасувачките и хуманитарните операции.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 30 километри од Ваџима на длабочина од 16 километри.
Земјотресот бил со интензитет од 7 степени, што е највисоко ниво на јапонската скала со интензитет.
Официјални лица велат дека бројот на жртви би можел да продолжи да расте, јавува Би-Би-Си.
Илјадници лица од воен персонал, пожарникари и полицајци од целата земја беа испратени во најпогодената област на полуостровот Ното во префектурата Ишикава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија мора да стане светски лидер во опсегот на примена на вештачка интелигенција
Русија треба да стане светски лидер во однос на опсегот на примена на вештачката интелигенција во сите сфери на животот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Русија мора да стане светски лидер не само во создавањето, туку и во однос на опсегот на примена и навлегувањето на вештачката интелигенција во сите сфери на нашиот живот без исклучок“, рече рускиот лидер на пленарната сесија на меѓународната конференција АИ „Патување во светот на вештачката интелигенција“ во седиштето на Сбербанк во Москва.
Како што истакна, ограничувањата наметнати на руската економија ги поттикнуваат домашните компании да најдат нови решенија и „тоа го прават“.
Свет
Украинците го гаѓаа рускиот аеродром со американски ракети, има мртви
Украинските сили го нападнаа воениот аеродром во Таганрог, Ростовска област, со шест балистички ракети ATACMS, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се додава дека сите ракети се соборени.
„Утрото на 11 декември Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, Ростовската област“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека има жртви меѓу персоналот.
Министерството нагласи дека овој непријателски напад нема да остане без одговор и дека ќе бидат преземени неопходните мерки.
Свет
(Видео) Гробницата на таткото на Асад во пламен, бунтовниците го извлекоа ковчегот и го запалија
На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии на кои се гледаат бунтовнички борци како стојат до запалениот гроб на починатиот сириски претседател Хафез ал-Асад.
Бунтовниците го извлекле ковчегот и го запалиле. АФП пренесува дека бунтовниците во униформи, како и локални жители, гледале како ковчегот гори.
Syrian rebels destroyed the crypt and tomb of dictator Hafez al-Assad, Bashar's father. pic.twitter.com/YwgQKezkjl
— NEXTA (@nexta_tv) December 11, 2024
Хафез ал-Асад владееше со Сирија три децении. Тој почина од срцев удар во 2000 година и беше погребан во мавзолеј во неговото родно село Караха.
⚡️BREAKING:
New footage emerged showing the destruction and burning of Hafez Al-Assad’s grave in Syria by Syrian “rebels.” pic.twitter.com/i37gX6dlHV
— Suppressed News. (@SuppressedNws) December 11, 2024
На функцијата претседател го наследи неговиот син Башар, кој беше сменет минатиот викенд.