Контакт

Свет

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Објавено пред

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки животи, а пожарникарите се немоќни.

Локалните власти соопштија дека очекуваат бројот на жртви и натаму да расте.

Официјалните лица во моментот не го знаат точниот број исчезнати лица, но на терен, како што соопштија, ќе бидат испратени два спасувачки тима.

Поради силниот ветер, пожарот во северниот дел, кој избувна во четвртокот, стана најразорниот пожар во историјата на Калифорнија со повеќе од 6.700 уништени куќи, вклучително и една болница во градот Парадајс, град во кој живеат околу 27.000 жители.

Без куќи останаа и голем број познати холивудски актери и пејачи.

Официјалните лица во моментот ја одредуваат причината за пожарот што ја погоди Калифорнија.

Свет

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула

Објавено пред

Ајфеловата кула во Париз е затворена и сите посетители се евакуирани откако неидентификуван маж бил забележан како се искачува на кулата, од нејзината надвореша страна.

Полициски извор за „Франс прес“ рекол дека тоа е вообичаена процедура кога ќе се забележи дека некој се искачува на кулата.

На местото се пристигнати полициски и противпожарни екипи. Во овој момент, двајца спасувачи му се приближуваат на мажот.

Ова не е првпат некој да се обиде да се искачи на овој култен париски споменик. Британецот Џејмс Кингстом во 2015 година се искачи на кулата без јаже и без дозвола, успевајќи да ги избегне безбедносните камери.

Прикажи повеќе...

Регион

Од почетокот на годината 75 случаи на глувчева треска во Словенија

Објавено пред

Оваа година во Словенија се забележани повеќе од 70 случаи на глувчева треска, акутна инфективна болест пренесена од хантавирусите кои се јавуваат во човечкото тело преку контакт со секрет на заразена глодачи, предупреди словенечкиот Национален институт за јавно здравје.

До 16 мај потврдени се 75 случаи на оваа болест против која нема вакцина, а во некои случаи може да биде смртоносна.

Повеќето случаи се регистрирани во југоисточниот дел на земјата, особено во покраините Доленска и Прекумурје, според Хина.

Болеста се јавува во неколку фази, а се карактеризира со висока температура, тешка главоболка и болка во бубрежниот предел на стомакот.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинеските возови во метрото во Њујорк опасни по националната безбедност на САД

Објавено пред

Набавката на нови кинески возови за подземната железница во Њујорк би можела да претставува закана за националната безбедност на САД, смета сенаторот од редовите на демократите, Чарлс Шумер.

Шумер изјави дека ќе побара истрага за планот за купување на новите вагони што ги произведува кинеската државна компанија CRRS.

Шумер прашањето го постави и до американското Министерство за трговија и побара од нив да извршат целосна истрагаво  по победата на кинеската компанија CRRC на јавниот тендер за дизајн на новите вагони во Њујорк.

Американските медиуми пишуваат дека компанијата не добила договор во Њујорк иако победила на тендерите за набавка на новите вагони во Лос Анџелес, Чикаго, Бостон и Филаделфија.

Експертите за безбедност на возовите предупредуваат на претходните сајбер-закани и хакерски напади од Кина. Компанијата CRRC соопшти дека поддржува секаква истрага.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија2 часа

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија3 часа

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија3 часа

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ3 часа

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија6 часа

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија7 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија8 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа9 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион9 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech9 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет10 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа1 ден

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија1 ден

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија1 ден

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Досие