Свет
(Видео) Родителите на удар на критики затоа што имаат 200 змии во куќата: „Ќерка ми спие со 18 во соба“

Сократис и неговата сопруга Џејн им дозволиле на двете малолетни деца – Аријана и Максимус – да имаат дури 200 змии во својата куќа поради што се на удар на критики.
Родителите открија дека ја пуштиле ќерката да спие во иста просторија со 18 змии и тврдат дека е сосема безбедна. Всушност, Аријана имала само една година кога првпат држела една од домашните змии и вели дека мисли оти рептилите се толку убави и слатки.
Самиот Сократис од мал имал контакт со змии, а првата жива змија ја фатил кога имал шест години. Сепак, неговите родители го предупредиле дека змиите се опасни, а тој се плашел од нив.
Меѓутоа, подоцна во зрелоста развил љубов кон змиите откога еден негов пријател ги чувал како домашни миленици.
„Она што почна како мој страв, всушност, стана страст“, рече Сократис.
Тој исто така објасни дека тој и неговата сопруга ги воспитуваат децата на неконвенционален начин.
„Јас, всушност, им давам на децата опции и избори наместо да им кажувам што да прават“, рече тој.
За разлика од многу сопственици на рептили, Сократис и неговото семејство не ги чуваат своите змии во кутии, туку ги оставаат да шетаат низ куќата и да се лизгаат по телата на децата.
Џејн рекла дека кога гостите ќе им дојдат дома, веднаш се вџашуваат, но полесно им е кога ќе сфатат дека се безопасни.
„Луѓето мислат дека змиите се злобни и лигави, но не се“, вели малата Аријана, која чува 18 змии како домашни миленици.
Дури и спијат со неа во креветот.
Сепак, нејзиниот помлад брат Максимус сè уште се навикнува на змиите. На почетокот воопшто не ги сакал.
„Никогаш не го принудивме на ништо“, рече Сократис.
Џејн вели дека смета оти дружењето со змии е сосема безбедно за нејзините деца.
Меѓутоа, Сократ објаснува:
„Не гарантирам дека е безбедно бидејќи тие се диви животни и може да каснат. Но, немам змија што може да ми ги изеде децата.
Сократис додал дека сака отровни змии, но дека никогаш не би ги пуштил да се шетаат низ куќата заради безбедноста на неговите деца, пишува „24 сата.хр“.
„Имам змија отровна, но имам и брава на вратата“, рече тој.
Аријана неколкупати ја каснале змии, но изјавила дека никогаш не плачела за време на инцидентот.
Овој татко потрошил повеќе од 288.725 евра на змии, а многу корисници на социјалните мрежи порачале дека таткото треба да биде ставен во затвор бидејќи чува змии во семејниот дом.
Исто така, го обвинија дека не е добар татко и дека не се грижи за децата.
„Безбедноста на моите деца е мојот прв приоритет, никогаш не би ги ставил во опасност“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Газа загина бугарски државјанин, вработен во Обединетите Нации

Бугарски државјанин, вработен во Обединетите нации, е убиен денеска во Појасот Газа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на првични информации.
Министерството извести дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе добијат известување за исходот од истрагата за околностите на инцидентот спроведена од надлежните органи.
Шефот на бугарската дипломатија телефонски разговарал со својот израелски колега Гидеон Сар, кој им изразил сочувство на роднините на загинатиот Бугарин, објаснувајќи дека според досегашните податоци на израелските одбранбени сили, трагичниот инцидент во Газа не е поврзан со нивните акции на копно, воздух или вода.
Обединетите нации повикаа на истрага за нападот на две локации на ОН во Газа, за кој ОН соопштија дека уби еден од персоналот, а рани пет други.
„Генералниот секретар најостро ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага. Тој нагласува дека сите конфликти мора да се водат на начин кој гарантира почитување и заштита на цивилите“, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар Фархан Хак на прес-конференција.
Свет
Трамп му предложи на Зеленски САД да ја преземат контролата над електраните

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му предложи на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, САД да ја преземат контролата врз украинските електрани за да се осигура нивната безбедност, пренесува „АП“.
Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.
Трамп додал и дека „американската сопственост на овие електрани може да биде најдобра заштита за таа инфраструктура“.
Свет
Трамп и Зеленски разговараа: Ние сме на вистинскиот пат

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски околу еден час.
„Само што имав многу добар телефонски повик со украинскиот претседател Зеленски. Траеше околу еден час“, напиша Трамп на својата платформа „Трут Соушал“.
Тој истакна дека голем дел од дискусијата се базирала на вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин „за да можат и Русија и Украина да се усогласат со нивните барања и потреби“.
„Ние сме на вистинскиот пат и ќе побарам од државниот секретар Марко Рубио и од советникот за национална безбедност Мајкл Валц да дадат точен опис на точките за кои се разговараше“, рече американскиот лидер, додавајќи дека наскоро ќе биде објавено официјално соопштение.
Трамп и Путин во вторникот, за време на телефонскиот разговор, се согласија Русија привремено ќе ги запре нападите врз украинските енергетски капацитети. Путин рече дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да бидат прекинати во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.
Зеленски претходно денеска најави дека ќе разговара со Трамп и рече дека очекува да слушне повеќе за плановите на американскиот претседател за спроведување на прекинот на огнот.