Свет
(Видео) Русите се подготвуваат за парадата во Москва

Руската армија вчера во Москва вежбаше за Парадата на победата закажана за 9 мај, по повод победата во Втората светска војна.
На улиците на Москва беа извадени тенкови, ракетни фрлачи, оклопни возила и друго оружје.
Се собраа и граѓани кои им мавтаа на војниците и се фотографираа.
Одржана е и проба на акробатскиот лет на авиони над Москва.
Русија ги отфрли шпекулациите дека ќе ѝ објави војна на Украина во наредните денови.
Западните власти шпекулираа дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја искористи Парадата на победата на 9 мај за да објави ескалација на воената акција, но портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека гласините воопшто не се точни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најбогатиот човек во Украина и сопственик на Азовстал ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик Азовстал, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, објавија локалните медиуми. Челичарницата на Ахмет е тешко оштетена. На Путин му порача дека е воен злосторник, а акциите на Русија во Украина ги нарече геноцид.
Ахметов, за разлика од другите украински бизнисмени, не ја напушти Украина на 23 февруари. За украинскиот портал mrlp.city вели дека не си заминал бидејќи тоа би било срамно и недозволиво. Тој најави и дека ќе ја тужи Русија.
„ Ќе ја тужиме Русија и ќе бараме компензација за сите загуби и изгубени работни места“, изјави Ахметов. Освен во фабриката за челик Азовстал, штета претрпе и железарницата Иљич, која е дел од неговиот холдинг СЦМ, откри Ахметов.
Индексот на милијардери на „Блумберг“ го проценува богатството на Ринат Ахметов на 6,93 милијарди долари. Поради руската инвазија на Украина, износот на неговото богатство е намален за 40 отсто.
Свет
Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што ги постави претседателот на Украина Володимир Зеленски за примирје не се остварливи.
„ Условите што Зеленски ги поставува за примирјето се категорични до идиотизам и во принцип неостварливи“, истакна во Телеграм заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, пренесе ТАС С.
Тој рече дека претседателот на Украина бара повторно да се украдат Донбас и Крим, како да не е свесен за волјата на нивните жители. Медведев рече и дека сојузот меѓу Германија и Полска, кој ја ескалира ситуацијата околу Украина, ќе има корист доколку таа земја исчезне од картата.
Тој укажа на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Германија нема да го прифати мировниот договор што го наметна Русија, а тоа е истиот став што го има и Украина.
„ Зошто на Шолц му треба Украина? Не мора да одите далеку во барањето одговори. Полско-пруската алијанса, која ја ескалира ситуацијата со сите сили и го турка пореметениот Зеленски на сè покатастрофални изјави и акции, би имал голема корист ако државата Украина исчезне од картата“, вели Медведев.
Европа
Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

Шест војници и еден ветеран во Велика Британија се уапсени под сомнение за дрога, позајмување пари и перење пари.
Министерството соопшти дека шест војници на ирската гарда и еден ветеран биле уапсени од припадници на кралската воена полиција како дел од „планирана операција“, пренесе Би-Би-Си.
Првиот баталјон на ирската гарда треба да учествува на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета на 2 јуни.
Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден војник кој е под истрага нема да може да учествува на церемонијата.
Ирската гарда е основана од кралицата Викторија во 1900 година, а гардата била распоредена во Ирак и Авганистан. Полкот, чиј дел е принцот Вилијам, има задача, меѓу другото, да ги чува кралските палати, каде што може да се забележат нивните војници облечени во препознатлива црвена униформа и капа од кожа од мечка.
„ Во рамките на планираната операција, кралската полиција уапси шест војници од ирската гарда и еден ветеран од Велика Британија под сомнение дека набавувале дрога, позајмувале пари и переле пари. Армијата не толерира никакво незаконско однесување. Сега ова е во рацете на независна истрага. Не е соодветно за Кралската воена полиција дополнително да коментира“, соопшти британското Министерство за одбрана.